До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
Абе веза немате вие. Вие мислите поповите сакаат џипови да возат, нејќат бе ама мораат. Ај да ве видам вие стајте 250кг поп во тико. Не бивааа
По новите канони поради зголемување на стандардот за попови од 250 на 350 кила секој поп задолжително ќе мора да вози сканија
И кога ќе излезе на телевизија некој од владициве и ќе кажува за Велигденскиот пост,а тој никогаш тоа не го искусил.Бидејќи доколку тие би јаделе нискокалорична посна храна,така како што ги пропишува црквата деновите кога се пости,тешко дека би имал тој поп повеќе од 80 кг.
 
@Dimitar171 ич не ме боли кој колку ќе му даде на поп. Ме нервира дрскоста од нивна страна. Имале ценовник и мора да платиш. Второ, нема случај и нема да има, црква да плати данок. Кога платиле ддв или придонеси, не кажувај глупости. Трето, не постојат безброј цркви, а и тие што ги има не ги изградила црквата. Четврто, според тебе сите што веруваат треба да не се бунат и да не им смета безобразлукот? Супер ти е религијата таква. Последно, еднаш засекогаш научи и ти и сите други. Комунизам НЕМАЛО во Македонија. Не знам јас кој те учел, ама или ти не си сфатил или тој појма нема. Најважно, поповите зголемуваат цени затоа што пораснал стандардот на народот? Во која држава живеат тие? И второ, ако сме земја на милионери, тоа по автоматизам значи дека и цената ќе скокне нагло? Браво и за тебе и за нив.
 
@Daedalus некои со своите "ставови" и да знаеш дека заслужуваат да се наречат глупаци. Нивното се коси со секоја логика и здраворазумно однесување.
 
@Ipsissimus и @GhostLeader олабавете малку, помалку ад хоминеми, повеќе сосредоточете се на темата.
Ако пишете „Ова што го кажуваш е ретардирано и само глуп човек може да верува во вакви ментално хендикепирани работи“, не го избегнувате дискретно правилото за навредување, ако тоа ви била намерата.
За МПЦ и темава најверојатно е навреда, да ја затвориме и неа, што викаш?
 
Некој да не знае оној Вранишковски да не е поефтин?
Да не му се наоѓа ценовник на некој од него нешто?
 
Последно уредено:
De be vie pa se fativte za 3000 ijladariki demek ke osiromashite...! Ljubovta od bog nema cena... ama noviot model na mercedes itekako ima...!Ne se stiskajte...gospo gleda... odvrzuvajte to keseto...i so gopso napred.
PS:Abe @MIKI1 nekoj da ne go videl!
 
f.jpg Еве го,човекот целосно се сменил, тргна да ги руши спомениците во Скопјево.:vozbud:
 
@Dimitar171 ич не ме боли кој колку ќе му даде на поп. Ме нервира дрскоста од нивна страна. Имале ценовник и мора да платиш. Второ, нема случај и нема да има, црква да плати данок. Кога платиле ддв или придонеси, не кажувај глупости. Трето, не постојат безброј цркви, а и тие што ги има не ги изградила црквата. Четврто, според тебе сите што веруваат треба да не се бунат и да не им смета безобразлукот? Супер ти е религијата таква. Последно, еднаш засекогаш научи и ти и сите други. Комунизам НЕМАЛО во Македонија. Не знам јас кој те учел, ама или ти не си сфатил или тој појма нема. Најважно, поповите зголемуваат цени затоа што пораснал стандардот на народот? Во која држава живеат тие? И второ, ако сме земја на милионери, тоа по автоматизам значи дека и цената ќе скокне нагло? Браво и за тебе и за нив.
Кај реков дека платиле данок,реков дека се согласувам дека треба да платат како и сите останати. Не мешај зборови,не мора ни ти ни кој било друг да плати ако не сака.Ама факт е дека ако си верник ќе сакаш некој да работи во црквите,да ги одржува и тоа си кошта.
Каде реков дека сме земја на милионери или дека ги бранам глупите изјави на Мпц?

Не ме учел никој за тоа какво било уредувањето порано,бидејки секој си го тера својот муабет. Али факти си се факти,а тоа се дека имало комунистичка партија чии членови било забрането да се верници(т.е тоа било нивен избор согласно со идеологијата),а и религијата општо не била нешто многу промовирана.Сеа од друга страна,власта ја поврза македонштината со црквата и никнуваат крстови на сите страни па спореди колку од децата се сеа крстени а колку во југославија :)
 
За МПЦ и темава најверојатно е навреда, да ја затвориме и неа, што викаш?
Ова сега што ми го пиша, го осеќам како навреда упатена кон мене.
Треба да ти го избришам мислењето? И темава е навреда за МПЦ според МПЦ, точно!!!
Уствари, што е навреда, како ќе процениш кога одредена форма на говор станува навреда, а кога е остра критика? :)
Како ли ќе ја решиме оваа дилема која првенствено има филозофски корени?
Вака...
Не постои форумско правило кое забранува ваква тема. Постои форумско правило кое забранува таква форма на говор каква што користиш ти кон друг член на форумот.
Форумот е приватен, тоа се правилата, ја сум модератор и гледам да ги спроведам колку што можам повеќе без притоа да бидам пристрастен.
Ти се допаѓало или не, тоа е, шта речи...
 
Ова сега што ми го пиша, го осеќам како навреда упатена кон мене.
Треба да ти го избришам мислењето? И темава е навреда за МПЦ според МПЦ, точно!!!
Уствари, што е навреда, како ќе процениш кога одредена форма на говор станува навреда, а кога е остра критика? :)

Самиот знаеш дека насловот на темата До кога МПЦ планира да го дере народот? е логичка грешка позната како комплексно прашање.

Комплексно прашање е вербалистички псевдоаргумент кој се состои во тоа да се превесла соговорникот така што му се поставува прашање на кое не може да одговори.

Пример 1.:„ Дали престана да ја тепаш својата жена?“

Прашањето бара дефинитивен одговор, иако пред него не е поставено прашањето „Дали си ја тепал својата жена?“, така што било кој одговор прашаниот да даде, оној што прашува ќе има „доказ“ дека прашаниот ја тепал или сè уште ја тепа својата жена.

Пример 2:„Каде си ги сокрил парите што си ги украл“ - го прашува полицаецот или судијата осомничениот.

Грешката се состои во тоа што полицаецот или судијата немаат доказ дека осомничениот ги украл парите, но во своето прашање алудираат дека го сторил тоа.

Така и овде. Грешката во прашањето До кога МПЦ планира да го дере народот? е во тоа што со самото прашање, поставувачот на темата алудира дека МПЦ го дерела народот.

Јасно е дека каков одговор и да напишеш на вакво прашање без претходно да се постави прашањето Дали МПЦ го дерела народот, би значело дека се „согласуваш“ со поставувачот на темава дека МПЦ барем досега го дерела народот.
 
Е значи легенди сте. Имало Комунистичка партија, затоа било комунизам. И сега има Комунистичка партија, ама не е комунизам. Логикава е...
 
Самиот знаеш дека насловот на темата До кога МПЦ планира да го дере народот? е логичка грешка позната како комплексно прашање.

Комплексно прашање е вербалистички псевдоаргумент кој се состои во тоа да се превесла соговорникот така што му се поставува прашање на кое не може да одговори.

Пример 1.:„ Дали престана да ја тепаш својата жена?“

Прашањето бара дефинитивен одговор, иако пред него не е поставено прашањето „Дали си ја тепал својата жена?“, така што било кој одговор прашаниот да даде, оној што прашува ќе има „доказ“ дека прашаниот ја тепал или сè уште ја тепа својата жена.

Пример 2:„Каде си ги сокрил парите што си ги украл“ - го прашува полицаецот или судијата осомничениот.

Грешката се состои во тоа што полицаецот или судијата немаат доказ дека осомничениот ги украл парите, но во своето прашање алудираат дека го сторил тоа.

Така и овде. Грешката во прашањето До кога МПЦ планира да го дере народот? е во тоа што со самото прашање, поставувачот на темата алудира дека МПЦ го дерела народот.

Јасно е дека каков одговор и да напишеш на вакво прашање без претходно да се постави прашањето Дали МПЦ го дерела народот, би значело дека се „согласуваш“ со поставувачот на темава дека МПЦ барем досега го дерела народот.
Ова ме подсети на случката со Шешељ на суд у Хаг:
(одприлика вака беше)
...
Судија: - Престанете веќе и одговарајте на прашањата со да или не!

Шешељ: - Како е можно да се бранам на суд само со да или не?

Судија: - Можете!

Шешељ: - Добро. А може ли јас пред тоа, да ви поставам едно прашање, а вие одговорете со да или не?

Судија: - Може.

Шешељ: - Дали знаат вашите родители дека сте хомосексуалец?
...

Ако сакал поставувачот на темата да биде политчки коректен (и поблиску до вистината), можеби можел да го срочи насловот нешто како: - До кога МПЦ планира да ги дере верниците кои бараат некои услуги од нив?

некои - затоа што не нѐ дере МПЦ за сите услуги, некои се бесплатни
верниците - затоа што не гледам какви верски услуги би барале атеистите, на кои им е надвор од разумот сето тоа
 
@121314 @Beric Dondarrion тоа е комплетно така. Темата го „повлекува прашањето“, дали МПЦ го дере народот и на што се основа таа премиса, дали можеме да ја земеме како точна па да продолжиме да аргументираме околу тоа или прво треба да се запрашаме, дали МПЦ го дере народот?

И тука неминовно доаѓаме до заклучокот дека насловот кој @Beric Dondarrion го предложи, е највалидната алтернатива ако сакаме да бидеме прецизни.
Исто така, врнеше надвор, а можеби ќе врне и во блиска иднина.
Небото честопати е сино, но не секогаш и економската состојба на Македонија (гледано од макро ниво) е катастрофална, секако зависно од личните критериуми за тоа што е катстрофално, а што не иако општиот консензус за ова прашање е дека е катастрофална, со исклучоци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom