промена на лични документи

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi-sk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 ноември 2010
Мислења
34
Поени од реакции
19
Веб-сајт
www.facebook.com
Дали некој знае или има искуство со промена на лични документи (лична карта, возачка, пасош) поради промена на презиме по склучување брак. Прашањто ми е дали има некој законски рок во кој мора да се направи промена на личните документи или може да се користат до истекот на важноста. Особено важно ми е дали може да се користи пасошот - или ќе не апсат на граница :).
Инаку моментално сите документи се со старото презиме.
 
Aко не се лажам, рокот е 30 дена.
Треба да се сменат, во спротивно, можно е да се поведе прекршочна постапка од страна на МВР.
 
„Барањето за замена на личната карта се поднесува најдоцна во рок од
30 дена пред истекот на рокот на важењето на личната карта.

Глоба во износ од 20 до 80 евра во денарска противвредност ќе се
изрече за прекршок на физичко лице, кое:
во законски утврдениот рок не поднесе барање за замена на
личната карта (член 7
став 4 и член 10) “
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/zakon za licna karta neoficijalen precisten tekst 02.01.13.pdf
 
@bobi-sk dali prasa vo policija posto i mene me interesira istoto
 
Дали некој знае или има искуство со промена на лични документи (лична карта, возачка, пасош) поради промена на презиме по склучување брак. Прашањто ми е дали има некој законски рок во кој мора да се направи промена на личните документи или може да се користат до истекот на важноста. Особено важно ми е дали може да се користи пасошот - или ќе не апсат на граница :).
Инаку моментално сите документи се со старото презиме.
Непријавување на промена на лични податоци во патна исправа се казнува со глоба од 500 евра, ако жена ти не си го сменила стариот пасош, во кој и стои моминското презиме во моментот кога ќе ја премине границата ќе и пишат казна од 500 евра, ќе оди во лисиче во полициската и ќе мора да ја плати, ако не ујп влече од сметка.
 
ај пак да потсетам на една друга работа... промена на називи на улици, а уште полошо кај нас најавија промена на броевите, т.е. ја продолжија улицата ама не со додавање на броеви туку со одземање на броеви и давање на други згради. Но ќерката беше да вади лична карта и не и го сменија бројот па мислам дека ова е стопирано, ако има стаено сони лимчиња со броеви по ново. Врв на се ми беше пред 2-3 недели еден застанал со кола на Паркинг и прашуе за некоја фирма, мене потполно непозната, после ми кажува адреса некоја улица прват слушам, па му викам од кај ти тоа... ГПС ме наведе :D ... го пратив у најблиската такси станица но којзнае и они дали му помогнаа :eek:
А ова со земање на куќен број и давање на друга зграда е опасно, може некој поштенски доставувач да ти изгуби важни работи... уште во сфрј ми се има случено, покани за служење јна ги праќал у таа другата зграда што ни го зема нашиот куќен број, не можел да најде па ги фрлал негде врз сандачиња...по месец дена пратиле друг поасален доставувач па ми дојде дома и ми врачи... оваа работа за среќа излезе поарно за мене, пошто доцнев по поканата си сменив род во подобар, ама сега ила лоши работи со извршители...
 
Последно уредено:
Aко не се лажам, рокот е 30 дена.
Треба да се сменат, во спротивно, можно е да се поведе прекршочна постапка од страна на МВР.

@bobi-sk dali prasa vo policija posto i mene me interesira istoto

прашував во мвр, и по телеофон и лично (двајца различни вработени) и трите пати добив три различни информации... :D :D :D :oeoeoe:

на крај остана на дека за лк и возачка немало рок, за пасош било 30 дена и еднаш ми кажаат дека казна ќе имало само ако бил користен пасошот, друг пат дека во секој случај ќе имало казна :)

како и да е сите докумнти на ново, сликање ваму сликање таму и раат да сме си :)

ај пак да потсетам на една друга работа... промена на називи на улици, а уште полошо кај нас најавија промена на броевите

и кај мене има сменето број на зграда, сега ќе сум на различна адреса со жена ми :) вработениот во мвр ми рече да сум закажел и јас за промена на документи или казна...
 
прашував во мвр, и по телеофон и лично (двајца различни вработени) и трите пати добив три различни информации...
и кај мене има сменето број на зграда, сега ќе сум на различн:)а адреса со жена ми вработениот во мвр ми рече да сум закажел и јас за промена на документи или казна...
на времето, ако имаше различни адреси по лична карта а немаат со себе венчаница не ги пуштаа паровите во хотел во иста соба :D
јас најдов кај сандачињата некоја опомена од ОНЕ со новите броеви, добро знаев по име дека е комшика од другиот влез... ме заинтересира и прашав у ОНЕ, вика по лична карта е изготвено... а во тоа време и керќата вадеше лична карта и и остана стариот број... мислам дека кога беа изборите под притисок од опозицијата се забрани понатака промена на броевите па настана сега шаренило.
Но не е така само со улици кој се сменети поради антиквизацијата, има мал милион промени и пред тоа, најнапред улици без име со број ги сменија, па потоа ги сменија ех-ју називите...имавме потреба да поднесеме пријава-рекламација кај пазарен инспектор против една фирма... а на 3 места секаде различни адреси на седиште а фактички не е поместена... јас не знам како идат таму достави за тужби, извршувања и слично ?? А имаше на ТВ уште одамна, во Карпош пред една зграда ги пораѓуваат луѓето која улица и број е, живи циркуси
 
Ме интересира по промена на лична карта (поради менување на живеалиште) дали МОРА да менувам и други документи? Пример пасош, картици во банка, возачка дозвола?
 
Ме интересира по промена на лична карта (поради менување на живеалиште) дали МОРА да менувам и други документи? Пример пасош, картици во банка, возачка дозвола?
Истoвo и јa ќе гo прaшувaв?
Дaли нa грaницa би ми прaеле прoблем aкo сум сo пaсoш нa стaрaтa aдресa?
Или дa чекaм дoдекa не измине рoкoт oд 5 гoдини нa пaсoшoт?
 
дали некој знае за колку дена се закажува вадење на нов пасош

Благодарам
 
дали некој знае за колку дена се закажува вадење на нов пасош

Благодарам
Ако се јавиш периодов, може за ден два да ти закажат пошто нема гужва. Ако чекаш лето... ќе се изначекаш:D
 
дали можам од мобилен да се јавам на телефонот за закажување за пасоши или мора од фиксен
работи од 08:30-16:30, taka
Благодарам
 
дали можам од мобилен да се јавам на телефонот за закажување за пасоши или мора од фиксен
работи од 08:30-16:30, taka
Благодарам

Мора од фиксен, а мислам дека и до подоцна работа до 20.00 ако не се лажам.
 
Ми закажаа за пасош за следната среда, а сега ме интересира дали треба да носам извод од матична книга на родени за малиот или МВР по службена должност си го набавува
Благодарам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom