Фан Клуб: Валенсија

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Не знам колку сме свесни, но за мене досега оваа сезона ги исполнува очекувањата. Ја почнавме сезоната со турбуленции и „позајмени“ играчи кои чекаа клубот да биде продаден, и со Енцо кој ако се беше во ред ќе дојдеше уште на стартот од сезоната. И покрај тоа по 24 кола успеавме да ги надминеме минатосезонските вкупни бодови, и плус се наоѓаме на еден бод помалку од најдобрата Валенсија (онаа на Бенитез во 2002) кога по 24 кола екипата имала 51 бод!

Минус е што отпаднавме во купот, но мислам дека тоа ќе попречеше во битката за пласман во ЛШ бидејќи гледавме какви беа резултатите кога екипата играше две утакмици во една недела.

p.s. Стигнавме до 100-ката! :aplauz:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
се иде по планот за сега (во лига), додека во куп ја усравме.

некако имам впечаток дека моментално навивачите на Валенсија се поделени на две групи, една група навивачи се заслепени од бодовите што ги имаме и не приметуваат колку тапа играме на одредени утакмици, пристапот на гости и испаѓањето од купот. Додека друга група навивачи се фрустрирани од овие работи што ги набројав и не приметуваат дека собравме 50 бода од 24 утакмици и мислат дека овој тим може и повеќе. :D
Нуно за сега ми е океј и како многуте млади играчи во тимов што секој ден напредуваат така мислам дека и Нуно заедно со нив “расте“ како тренер.

- Валенсија планира да им понуди нови договори на сите играчи што им истекнуваат во 2016 (Парехо, Гаја, Пиати, Фегули, Фуего)

- Парехо ако добие жолт против Сосиедад ќе го пропушти дербито против Атлетико

во недела Мустафи против својот поранешен тренер :)
(на времето кога беа во Евертон)

исто и Каналес се враќа на Местаља, очекувам да биде исвиркан :)
 
Не знам јас во кои навивачи спаѓам, но далеку од тоа дека сум презадоволен од работите кои ги наброја. Баш го гледав Андре Гомеш, беше на емисија кај Хулио Инса и овој го праша зошто екипата не игра исто на домашен и на гостински терен. Овој му одговори дека нивниот пристап е исти, но самите екипи (посебно помалите) кога доаѓаат на Местаља, цел им е нерешено, а победа значи премија. Додека кога тие екипи играат дома, започнуваат со сосема различен пристап, па затоа потешко им е да извадат подобар резултат.

Иако кога ќе размислам, и не сме толку лоши на гости, изедначени сме со Атлетико на третата позиција со 19 бода (тие сепак имаат една утакмица помалку), но сепак. Плус уште не сме гостувале кај Атлетико, Реал и Барса. :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
http://www.telegraph.co.uk/sport/football/teams/tottenham-hotspur/11441284/Tottenhams-Christian-Eriksen-senses-time-is-right-to-spring-Wembley-surprise-against-Chelsea-in-League-Cup.html

Like many of us, Eriksen played computer games obsessively as a kid. On Football Manager, he would take charge of Roma or Valencia, powering through an entire season in a couple of days.

:)

ако е вака тогаш сигурно има желба да игра за Валенсија, ама тешко да падне договор со евреинот...кој сигурно уште ги сонува 30те милиона што ги даде за Солдадо.
 
Дефинитивно Валенсија е една од најбираните екипи на ФМ. Посебно за оние кои сакаат да играат со underdogs, а не со Реал и Барса :D
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Ми го зема постот од уста :)
Малиот Меси :D[DOUBLEPOST=1425248676][/DOUBLEPOST]Уште еден интересен факт поврзан со бодовите :)

Разликата во бодови помеѓу Валенсија и лидерот по 25-то коло последните неколку години:

07/08: -21
08/09: -21
09/10: -15
10/11: -17
11/12: -24
12/13: -27
13/14: -28
14/15: -8
 
Последно уредено:

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

Кими ја објави оваа слика па потоа гледам ја избришала. Пишуваше: Team Valencia!
Ако според неа Хорхе Мендез е во тим Валенсија, ништо чудно да го видиме Фалкао на Местаља летово. :)
 
па во Франција т.е. поточно Л'Екип пред некој ден напишаа дека Манчестер нема да го откупи Фалкао... така да ништо чудно да сме главни кандидати иако би имале проблеми со салари капот со неговото доаѓање.
ја искрено не сакам да дојде Фалкао :( не овој Фалкао после повредата... моj желби се Дибала, Игуаин или Лаказет.. иако постојат минимални шанси
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
па во Франција т.е. поточно Л'Екип пред некој ден напишаа дека Манчестер нема да го откупи Фалкао... така да ништо чудно да сме главни кандидати иако би имале проблеми со салари капот со неговото доаѓање.
ја искрено не сакам да дојде Фалкао :( не овој Фалкао после повредата... моj желби се Дибала, Игуаин или Лаказет.. иако постојат минимални шанси
Интересно ми е како до пред една година Фалкао беше научна фантастика за Валенсија, а сега кога има реални шанси да дојде многу фанови се скептици и преферираат други играчи (вклучително и ти :P). На оваа нова Валенсија на Питер Лим, дефинитивно и недостасува таков играч кој ќе го сврти светското внимание кон Местаља. Мислам дека и тоа е планот, иако од клубот нормално сега негираат секаква поврзаност со Ел Тигре. :)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Интересно ми е како до пред една година Фалкао беше научна фантастика за Валенсија, а сега кога има реални шанси да дојде многу фанови се скептици и преферираат други играчи (вклучително и ти :P). На оваа нова Валенсија на Питер Лим, дефинитивно и недостасува таков играч кој ќе го сврти светското внимание кон Местаља. Мислам дека и тоа е планот, иако од клубот нормално сега негираат секаква поврзаност со Ел Тигре. :)
па добро е да дојде голем играч како него, име, маркетинг итн. иако Фалкао нема играно ЛШ 5 години, сеа демек услов му било тоа :D:D а и Негредо ако се откупи ќе биде премногу, двајца играчи што малку трчаат. Ја сум повеќе за брз шпиц што знае со топка - Вието или Дибала. Ја сепак се надевам дека го договорале Вилиам Карваљо :)

за другово не се секирај светското внимание ќе се сврти кон Местаља, само пополека... ете лани се сврте кон Атлетико, тимот што играше без ѕвезди, без индивидуалци, тим каде што сите гинеа еден за друг.

пред точно 8 години:

се сеќавам ко вчера да беше, не го гледав резултатот чекав 23:00 за да ја гледам “како во живо“ т.е. репризата на МТВ. :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Peter Draper, who helped develop and expand the Manchester United brand, has been tasked with the same role at Valencia CF.

Салво меѓу клубскиве претседатели е исто што и Меси меѓу фудалерите :D

"Real Madrid lost.
11 years ago in the same time of the league, Valencia was 8 points far from the top. ended up winning la Liga.
Tomorrow, a win means Valencia becomes 6 points away from top *if BCN wins*. It gets closer and closer.
11 years ago, when real Madrid lost in the same time, we played Atletico and we won. and we won the league. Does this mean if we win tomorrow, we're done?
AMUNT!" :ROFLMAO:

Адуриз си ја заврши неговата работа сега е ред на нас :)

очекувам да влеземе по мотивирани од Атлетико, без Гризман ќе имаат проблем во транзиција зошто последниве месеци се преку него идат. Сакам да играме по нивен рецепт, многу ситни фаули и сецкање на игра и секако гол од прекин :rolleyes:
најголем проблем е што Симеоне е "доктор" за вакви утакмици на домашен терен... победа у куќата на Симеоне би бил поголем успех од прекинувањето на серијата на Реал.
АМУНТ!
 
Сè повеќе и повеќе ми се допаѓа работата на клубот на маркетиншки план. Заликуваме на светски клуб, а овие потези и тоа како носат резултати. Ова посебно се однесува за скептиците во Шпанија кои мислеа дека Валенсија со Питер Лим ќе пројде како Малага и Расинг Сантандер со нивните „милијардери.“ Се гледа дека човекот го сака фудбалот и сака својот клуб да го направи што е можно подобар.

А во врска со 2004 и титулата, ми се свиѓа приказната и стварно наликува но не сакам ништо да зборам пред вечерашниот натпревар. Ме фаќа нервоза.:D Pero yo creo! :cool:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
долго се чекаше на оваа прослава :)

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
долго се чекаше на оваа прослава :)

Иако Пако воопшто не чекаше. :D Баш искоментирав вчера дека ми е мило за Пако, но во исто време и криво за Негредо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom