Знам.. скоро сите сме поминале низ ова. Јас се трудам веќе месец дена , бидејќи он бара помош од мене за да го решиме проблемот , а е преееееемногу збунет и незнае што да прави , нормално дека сакам да ја спасам врската , кој не би сакал .... Јас мислам да и дадам уште малку шанса на нашата врска, а доколку не иде значи време е за сериозен разговор...[DOUBLEPOST=1424538444][/DOUBLEPOST]
знаеш дури сега сваќам дека само за него зборам и за неговите чувства а не за моите, што тој сака ,што тој мисли , а јас се тргам на страна. Прашањата ќе ги одговорам и се следниве одговори-
на прашање број 1 - Во моменталнава ситуација после 5 години неможам да се видам со него бидејќи , постои пречка меѓу нас , да ме прашаше ова пред 1 месец ке ти кажев да тој ми е се во животот, мојата иднина мојата љубов , се што сум замислила за убав живот , но сега не.
Прашање 2- Мислам дека за ова би ми требало малку повеќе време дур се навикнам на новите нешта и новиот начин на живот , но во иднина мнооогу би внимавала и би била по предпазлива за што ќе внесам во мојот живот и кого би пуштила повторно. Прашање 3- Он ми беше мојата конфор зона и со него започнав заедно да ја градам, и ја изградивме за многу брзо време во период од 3 месеци максимум.
Тој сака крај но те залажува со предлогот за пауза се со цел што помалку да те боли, затоа што реално се грижи за тебе и те сака но не на начин на кој ти би сакала.
Те сака како другарка, како сестра, и се плаши да не ти ги повреди чувствата.
Јас бев во таква ситуација исто во врска од 3 ипол години. Година дена барав начин да му соопштам дека не сум повеќе среќна со него. На почетокот додека се запознаете е убаво. но, немањето динамика во врската, си го прави своето.
Ние се гледавме секој ден, се знаеше за мене и јас за него, од домашни проблеми, до буквално се. И беше до мене во најтешките моменти во мојот живот.
Никогаш ништо серионо се немавме скарано, и во еден период почнав да се чувствувам како до себе секогаш да си го имам своето најдобро другарче.
Сексот стана досаден, толку многу што не го ни посакував, затоа што страста исчезнала и јас сериозно почнав да се запрашувам каде сме јас и тој во таа врска.
Почнав да гледам на долгорочен план, ако јас после 3 ипол години не чуствувам потреба да спијам со него, како ли ќе се будам покрај него секое утро во мојот живот, ако оваа врска продолжи.
И тогаш доаѓа најтешкиот дел во проблемот, како тоа да се соопшти... Го сакаш, се грижиш за него, но какко да ти е брат, а не љубовник, како да му кажеш дека повеќе не се чувствуваш среќен во таа врска, а да не го повредиш и да не го боли.
Не постои таков начин. Мора да го боли. И ќе боли, ќе вреска и плаче од болка и ќе го проколнува животот во кој што повеќе те нема. И ќе се чувствуваш кко ѓубре затоа што некому си му ги скршил сништата. Некој што го сакаш како брат.
Мој совет, е остави го човекот, немој повеќе да му отежнуваш и да му набиваш грижа на совест, што ако те остави, како ќе продолжиш ти, и дали ќе си го одемеш животот. Затоа што, колку и да те сака, себеси се сака повеќе, и никој на овој свет не заслужил да биде несреќен, за некој друг да биде среќен, во случајов ти.
Никој не заслужува секое утро да се буди покрај очи што не ги сака.
Ниту ти не заслужуваш да бидеш со некој што спрема тебе чувствува грижа на совест и сожалување.
Не заслужуваш да бидеш со некој во кој не будиш страст, и покрај некој што не чувствува потреба со тебе да води љубов страствено.
Само верувај дека и него му е тешко, сигурно.
На крајот, кога време ќе помине, секој ќе си ја најде својата среќна ѕвезда. Колку и да болело некогаш, сега и двајцата сме среќни, јас со човекот кој во мене буди страст љубов и се најубаво што може да се почувствува, со човекот покрај кого среќна се будам секое утро.
Сум слушнала, дека и жртвата во мојата приказна добро се снашла и е среќна. и јас сум среќна поради тоа, затоа што ако јас неможев да го усреќам, го пуштив. Пуштив да го боли некое време, за подоцна да ми биде благодарен што сум го пуштила.
Јас го пуштив да си ја најде среќата, затоа што јас го правев несреќен, иако несакаше да си го признае тоа. Неможеш да бидеш среќен со личност која со тебе несака да води љубов. Тоа е клучно, во секоја врска. Ако тоа го нема, слободно пиши пропало.