Надворешни односи на Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.296
Со вакви политичари, на кој му се потребни надворешни непријатели. Ова е најдобар пример зошто овде е потребен еден пандан на француската револуција. Цел состав на парламентот (почнувајќи од опозицијата) да „се смени„ и да се одбере сосема нов девствен состав, кој ќе биде сосема свесен дека и нив на ист начин ќе „ги сменат„ ако не работат чесно.

Само ајде сепак најпрвин да почекаме да видиме за што конкретно се работи со „необјавените материјали„. Инаку со ова одолговлекување само посмешни и посмешни излегуваме пред светската јавност.

И сега странски фактор..... А кој странски фактор? Зарем има нешто такво? Кој ќе дојде да ни ги решава проблемите?
Се разбира дека постои странски фактор, и тоа повеќе такви. Во денешниов глобализиран свет ни најмалата држава не е поштедена од мешање, па и манупулирање, и тоа на повеќе нивоа.
Divide et impera, тоа е целта и така функционира правењето раздор низ целиот свет и не само овде во Македонија. Со таа разлика што овде многу потрапаво се изведуваат таквите манипулации. Каква што ни е државата, пософистицирани манипулации не се ни потребни.

Прашуваш кој ќе ни ги реши проблемите?
Никој, се разбира. Тие однадвор што се повикуваат за „решавање на проблемите„, па токму тие и стојат зад проблемите. Ним не им одговара да се решат проблемите, туку да го држат за јајца било кој што е на власт овде во Македонија.
Кога работите ескалираат на овој начин како сега овде, било кој што ќе дојде/остане на власт, само уште повеќе ќе стане заложник на тие што ги влечат конците однадвор. ММЕ работиве идат на полошо и полошо, и не се гледа светло на крајот од тунелот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Мене ме интересира, да имаш шанса да ја кроиш надворешната политика на Македонија, што конкретно би направил? Еве да речеме 4-5 клучни потези, па да анализираме малку. Може?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.296
Мене ме интересира, да имаш шанса да ја кроиш надворешната политика на Македонија, што конкретно би направил? Еве да речеме 4-5 клучни потези, па да анализираме малку. Може?
Јас прво би почнал од внатре, ама за некои аспекти од тоа секако не би пишувал на јавен форум.
Како и да е, мора да се каже дека за било каков надворешен успех потребна ни е внатрешна стабилност и економски просперитет. Под внатрешна стабилност подразбирам најпрвин отклонување на најголемите фактори за нестабилноста. Прва и основна работа, собирање на целото нелегално оружје во државата и отклонување (или за многу намалување) на факторот „албански вооружени немири„ кој по потреба си го нарачуваат и го активираат однадвор. Во ова спаѓа и зајакнување на армијата и полицијата, и многу построга контрола на границите (посебно тие на север и на запад).
Второ, развој и економска стабилност, и правење инфраструктурни услови (законски, и извршни) за главното што следува: Ре-евалуација на приватизацијата и справување со олигархиската криминална структура која е секогаш интегрирана во сите структури кои досега биле и се на власт во модерната македонска држава.

До исполнување на овие внатрешни цели, одолговлекување на сите процеси за интеграција во НАТО или ЕУ. По извршувањето на внатрешните цели, дури тогаш може да зборуваме за некаква реална надворешна политика.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Објективно е така - но во Македонија не постојат, не само политички туку, било какви услови за функционирање на државата.
Криминалот на Топлификација е очигледен, тоа е општо познато. Само јас во темата „ Топлификација и нејзиниот ....“ имам постирано голем број докази за тој апла криминал
Но државата очигледно не е способна да се справи со обичен криминал, а камо ли нешто посериозно да направи
И сега странски фактор..... А кој странски фактор? Зарем има нешто такво? Кој ќе дојде да ни ги решава проблемите?
Сите внатрешни политички фактори се презафатени со кодошење на противникот кај странските “партнери“, што резултира со постојана разединетост по клучните прашања и се разбира подготвени се да ја продадат својата функција во потрага по странска поддршка. И едните и другите ќе направат се' да бидат на власт.
Стварно се обидувам да најдам пример за модерна и суверена држава која постојано бара меѓународно посредништво во своите внатрешни работи.
Како да сме во рангот на афрички протекторати и бивши колонии.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Добро, ај да не се правиме сите на три и пол и да си признаеме дека државата ни ја водат тајни служби.

Директно пуцам; CIA и бивши струкури на УДБА или мешани со сегашното ДБК, нивните даваат технологија и обука за неа а нашите работат на терен и го хранат гнездото.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Каква УДБА, какво ДБК - нема ништо од таа работа
Политичариве меѓусебно се шпиунираат кој повеќе украл и кој направил повеќе зло на граѓаните
Да имаше некоја служба - немаше да бидеме во оваа ситуација
А ЦИА, МИ5,КГБ и слични си постојат и си гледаат и си прават сеир
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Каква УДБА, какво ДБК - нема ништо од таа работа
Политичариве меѓусебно се шпиунираат кој повеќе украл и кој направил повеќе зло на граѓаните
Да имаше некоја служба - немаше да бидеме во оваа ситуација
А ЦИА, МИ5,КГБ и слични си постојат и си гледаат и си прават сеир
Хммм...

Меѓусебно не се шпионираат, можеби се курчат на кој му е поголем.
А затоа дека има служба има, дека ги контролира сите политичари ги контролира а дека таа наша служба на велико соработува со другите кои ги напомена соработува и тоа на велико.

Според мене, некое време после нашето осамостојување тие брача (од изоземска) почнаа да навлегуваат (ако не и порано, да не те чуди зошо поминавме без испукан куршум) и поставија идни темели (као демек за евроатлански интеграции, уствари патот на хероинот, исламистичките воени кампови кои треба да се закана/уцена за цела источна европа т.е. бившиот комунистички блок) и одтука дејствуваа во соседните земји (на пр. Србија, Милошевиќ и ГОТОВО ЈЕ! политичко влијаније врз другите земји кои сега се во ЕУ и НАТО)

Не за џабе пред едно десетина години бевме лидер, сега сме употребен кондом.
Некој ќе рече дека; "е како ние со нив (ЕУ и САД) кога види не не признаваа до 95 или сл. ја подржуваа Грција" (итн. против нашите интереси) но тоа е баш таа политика на рздели па владеј; тие се еден вид на "медијатори" НО, ако мрдне некој кај што не треба - си имаат одговор т.е. Ахилова петта (за нас Албанците, за Грците - Македонците итн). Се е под контрола пријателе.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Хммм...

Меѓусебно не се шпионираат, можеби се курчат на кој му е поголем.
А затоа дека има служба има, дека ги контролира сите политичари ги контролира а дека таа наша служба на велико соработува со другите кои ги напомена соработува и тоа на велико.

Според мене, некое време после нашето осамостојување тие брача (од изоземска) почнаа да навлегуваат (ако не и порано, да не те чуди зошо поминавме без испукан куршум) и поставија идни темели (као демек за евроатлански интеграции, уствари патот на хероинот, исламистичките воени кампови кои треба да се закана/уцена за цела источна европа т.е. бившиот комунистички блок) и одтука дејствуваа во соседните земји (на пр. Србија, Милошевиќ и ГОТОВО ЈЕ! политичко влијаније врз другите земји кои сега се во ЕУ и НАТО)

Не за џабе пред едно десетина години бевме лидер, сега сме употребен кондом.
ЦИА, МИ 5 и слични имаат свои агентури низ цел свет и постојано прибираат информации
На пример за верме на Втората светска војна - Германија ја окупира Југославија но тие служби и понатаму постоеа на територијата на Југославија. И кога се распадна - службите си постојат
Од нив нема спас
Но нашиве само се фалат - бидете сигурни - нема ништо
Топлификација краде на велико и нема никој да ја спречи
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
ЦИА, МИ 5 и слични имаат свои агентури низ цел свет и постојано прибираат информации
На пример за верме на Втората светска војна - Германија ја окупира Југославија но тие служби и понатаму постоеа на територијата на Југославија. И кога се распадна - службите си постојат
Од нив нема спас
Но нашиве само се фалат - бидете сигурни - нема ништо
Топлификација краде на велико и нема никој да ја спречи
Па и Југославија се распадна и УДБА си остана во тие земји и тоа е факт.
Нашите се фалат да, реков погоре се курчат на кој му е поголем - ама тоа политичарите а службта е ќути си дупи си. Нема држава која не ја води или е управувана од таква служба - не за џабе се викаме/сметаме за информатичко општество (да не се буниме со предметот информатика во основното образование).

Топлификација, здравство, полиција, заштита на културно наследство и музеите на РМ се е упм но тоа си е канал и се работи за интереси, кои за жал не се наши туку на тие брачата.

Веќе ако правиме муабет за нашите надворешни односи - најубаво се гледа преку мерките или дејствијата на тие сектори бидејќи сме бајаааги зависни од надвор.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.407
Сите внатрешни политички фактори се презафатени со кодошење на противникот кај странските “партнери“, што резултира со постојана разединетост по клучните прашања и се разбира подготвени се да ја продадат својата функција во потрага по странска поддршка. И едните и другите ќе направат се' да бидат на власт.
Стварно се обидувам да најдам пример за модерна и суверена држава која постојано бара меѓународно посредништво во своите внатрешни работи.
Како да сме во рангот на афрички протекторати и бивши колонии.
Најмачно ми е да навлегувам во политички анализи на Македонија и тоа баш од набројаните причини. Но мислам дека е крајно време да се фокусираме малце повеќе навнатре во државава, ако воопшто не е касно. Уште повеќе што внатрешната политика и те како ни е врзана со моменталните случувања на светската политика со најавата за Турскиот ток. Секое спомнување на Македонија во било каков контекст, многу веројатно би значело дестабилизација на Македонија, а со тоа и на регионот, без разлика од кој правец и кон каде би се одвивало тоа.

Има доста индикации за дестабилизација на регионот, една од нив е егзодусот на Косово, што би можело да значи спремање терен за војна. Не би ја коментирал(премногу е рано да се коментира вон политички контекст) аферата со прислушкувањето од причина да не ја обременам расправата со политички елементи, само би ја споредил ситуација со аферата „Големото Уво“ пред самиот конфликт од 2001 година, што можеби би требало да направи недоверба кон институциите во пресрет на една таква дестабилизација.

Многу тешко ми е да шпекулирам можните за сценарија на нашата држава и дај боже да грешам, но во главата ми се вртат доста црни сценарија, меѓу кои и такви на кои во крајниот исход не постои република Македонија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.407
Не би рекол само на линијата на огнот, туку во самото жариште. Ако претпоставките се дека Турскиот Ток ќе оди преку Грција, Македонија, Србија па се до Унгарија, тогаш тој што би сакал да го оневозможи ова сценарио (САД и запад) логично е дека најлесно би му било да удри на најспабата алка(Македонија).
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.296
Не, не е можно - пак некоја теорија на заговор се шири! Вмешаност на големите сили во дестабилизирање на Македонија заради исполнување на геостратешки интереси, глупости бе - тоа не се случува овде.

;)
[DOUBLEPOST=1424951800][/DOUBLEPOST]Јанкулоска на состанок со Џон Кери
http://media.mk/article/66921/jankuloska-na-sostanok-so-xon-keri

На состанокот, кој го отворил и водел државниот Секретар на САД, Џон Кери, министерката Јанкулоска во нејзиното обраќање истакнала дека за соодветен одговор во борбата против "странските терористички борци", покрај вклучување на сите земји на регионално и меѓународно ниво, потребно е вклучување и на невладиниот сектор, верските и религиозните заедници, како и сите останати организации и агенции кои се засегнати од оваа проблематика.

Да да, потребно ни е уште повеќе мешање од „невладиниот сектор, верските и религиозните заедници„. Дома не се срамат да ги покажат невладините организации кои практично ја контролираат опозицијата, а надвор одма друга приказна и фелацио. :cautious:[DOUBLEPOST=1424959382][/DOUBLEPOST]

Земјите од „Турски тек“ ќе добијат „гасна понуда“ што не се одбива

http://lider.mk/2015/02/24/zemjite-od-turski-tek-ke-dobijat-gasna-ponuda-sto-nese-odbiva/
24.02.2015 | 10:15
Земјите од „Турски тек“ ќе добијат „гасна понуда“ што не се одбива

Поврзани Теми
гас гасовод понуда русија топ турски тек
Рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од идејата за градење на гасоводот „Турски тек“ кој преку Турција треба да ја снабдува Европа со руски гас. Ќе им понуди на Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија руски фирми да го градат гасоводот од границата со Турција, па се до Виена под најповолни услови, објавуваат српските медиуми.

Понудата да учествуваат во градбата на новиот гасовод, која, како што се наведува, не може да се одбие, на земјите низ кои ќе минува, ќе им биде доставена пролетва.

– На земјите на трасата на гасоводот ќе им биде понудено гасоводот да се гради со руска концесија која би била плаќана преку надоместокот за проток на гасот или, пак, да им се даде кредит речиси без камата. Се очекува огромен притисокот од ЕУ и САД проектот да биде одбиен, но и огромен притисок од гласачите до владите од Атина до Будимпешта да објаснат зошто одбиваат толку голема и исплатлива инвестиција, пишува „Информер“.

Се нагласува дека Путин на неодамнешната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта разговарал токму за овој проект, кој наводно е веќе договорен со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Политика“, пак, посочува дека Путин има голем план за Европа што преку гасоводот треба да ги „закачи“ Србија и земјите низ кои е предвидено да поминува новиот гасовод.

– Русија јасно се определи за јакнење на турската позиција како голем енергетски гигант. Се очекува изградба на гигантско складиште на гас во близина на турско-грчката граница од каде и треба да почне изградбата на новиот гасовод до Европа. Посетата на Путин на Будимпешта јасно говори за замислата која ја има, но се очекува голем притисок од Европа кон Грција и кон Турција, пишува „Политика“.

Русија минатата година поради политички притисок од Брисел се откажа од гасоводот „Јужен тек“ кој требаше да поминува под Црното Море па преку Бугарија, Србија и Унгарија да стигне до Австрија. За Македонија беше предвидено да биде пуштен крак од овој гасовод за задоволување на потребите, но не беше прецизирано дали кракот ќе доаѓа од Бугарија или од Србија. Веднаш потоа Русија и Турција се договорија за изградба на нов гасовод до грчката граница, а сега соработка ќе им биде понудена и на Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија. Доколку новиот гасовод биде изграден преку македонската територија земјава ќе може да заработи значителни средства од надоместокот за транспорт на гасот
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom