Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Додека не стават печат не им верувајте, барем јас не и верувам :)
Ќе се примети ако сакаат да не' превеслаат, ќе бидеме спремни. 30-45 дена за костур на законот. Уште во оваа прва фаза ќе се види намерата на Владата и МОН.
 
Мислам дека купуваат време (со оглед на останатите политички случувања во државата кои нема да ги спомнам бидејќи не им е овде местото), одтука ми изгледаат проѕирни.

Поарно да сум грешка.
 
Кој политички автогол ќе е тоа. Настрана сомнежите, јас мислам дека не се аматери сега едно да договараат, па после се да падне во вода. Можеби би имало нешто слично, но различно од надворешна евалуација што е првобитниот проблем. Идејата на реформата беше добра, но начин и предлогот беа лоши. Со конструктивно залагање од сите страни може да се добие нешто добро за во иднина и од мене имаат поздрав и двете страни.

СП има нешто соопштение околу окупацијата? Ќе се почнува со настава од утре или?
 
Ќе има после генерален состанок и официјален став ќе има вечерва ваљда. Предавањата мислам секако ќе продолжат (на алтернативните мислам) затоа што се договорени денови однапред, но формалната настава би требало да продолжи со оглед на овие околности. Засега текстот што погоре го ставив од веб-сајтот.
 
Кој политички автогол ќе е тоа. Настрана сомнежите, јас мислам дека не се аматери сега едно да договараат, па после се да падне во вода. Можеби би имало нешто слично, но различно од надворешна евалуација што е првобитниот проблем. Идејата на реформата беше добра, но начин и предлогот беа лоши. Со конструктивно залагање од сите страни може да се добие нешто добро за во иднина и од мене имаат поздрав и двете страни.

СП има нешто соопштение околу окупацијата? Ќе се почнува со настава од утре или?

Па моментално гледаме политички автоголови од типот на екстерното тестирање; од една страна со тестирањето (наводно) има обид за филтрација а од друга не се укинуваат дисперзираните факултети установи (ниво на пекара и бурекчилница, К - 15 имаа многу добар скеч). Самиот образовен систем создава хиперпродукција на високообразовен кадар кој нема да се намали со екстерното тестирање.

Идејата според мене е катастрофа бидејќи не се почнува од факултетот (високо образование) туку поназад - уште од средното образование, море уште поназад.
 
Последно уредено:
Во 7 саат на Машински факултет ќе се прослави. :)

(воедно ќе се одржи и генерален пленум)
 
Па моментално гледаме политички автоголови од типот на екстерното тестирање; од една страна со тестирањето (наводно) има обид за филтрација а од друга не се укинуваат дисперзираните факултети установи (ниво на пекара и бурекчилница, К - 15 имаа многу добар скеч).

Идејата според мене е катастрофа бидејќи не се почнува од факултетот (високо образование) туку поназад - уште од средното образование, море уште поназад.

Политички автогол од аспект на несериозност говорам. Да се договориш денес едно, а утре да не го спроведиш тоа и јавно да лажиш. А инаку дискутираш со студент од дисперзирани кој не го дели твоето мислење и деградирањето на таквите како мене и редица студенти не е во ред. Веќе отрпнав на таквите коментари, но не е таква генералната слика како што некој ја замислува...

Идејата не мора да се граничи со факултетот, туку и поназад во што се согласувам. Дали враќање на приемни или да се наметне граница на поени под која не би смееле да се запишуваат без разлика на пополнатата квота иако и тоа не е рационално решение во моментов знаејќи дека објективноста на оценувањето на средното образование не е еднаква на секаде.
 
Чекајте малце со констатации дека нема шанси да се оди против ова што денес било договорено, зошто уште нема изјава од некој претставник од Влада.
Нека излезат со официјален став од Влада па после може да збориме дали им е у план само да купуваат време или не. Ако им е у план ова првото нема да кажат ништо конкретно у изјавата, а особено ништо околу тоа дали ќе го има државниот испит и во новиот закон.
 
Мал милион пати се имаат и од тој аспект (на несериозност, манипулативно) докажано.
Според мене дисперзираните студии не се на исто ниво, има рангирање кое слободно може да се провери.

Треба реформи (ко некој вемеровец звучам) уште од предшколсата возраст, ама тоа е друга тема.
 
Чекајте малце со констатации дека нема шанси да се оди против ова што денес било договорено, зошто уште нема изјава од некој претставник од Влада.
Нека излезат со официјален став од Влада па после може да збориме дали им е у план само да купуваат време или не. Ако им е у план ова првото нема да кажат ништо конкретно у изјавата, а особено ништо околу тоа дали ќе го има државниот испит и во новиот закон.
Па нема ни официјален став од пленумот,утре ќе има состанок па ќе се види што како.
 
. Ако им е у план ова првото нема да кажат ништо конкретно у изјавата, а особено ништо околу тоа дали ќе го има државниот испит и во новиот закон.

Еве Адеми не кажал ништо конкретно.
 
А, зошто еве кога се донесе одлука за нов закон, и утре ќе има окупација и автономната зона ќе продолжи?
 
Па треба да се дојадат чипсовите и намазот :anco:
 
А, зошто еве кога се донесе одлука за нов закон, и утре ќе има окупација и автономната зона ќе продолжи?
Каде го прочита тоа баш ме интересира? :) Состанок има вечер, вечер ќе биде донесена одлуката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom