Менаџирање Facebook fan страници (и се околу нив)

Член од
15 јуни 2014
Мислења
307
Поени од реакции
294
Добро стварно не ми е јасно што сте запнале со тоа колку пари па колку пари???
Зависи од reach, од лајкови на страната, од лајкови и коментари на постови, од шерс, од каде се фановите, дали има анлајкови, дали има нови лајкови на страната, зависи од име на страната...

И ме прашувате колку пари?

Ако имате страна и сакате да ја продадете контактирајте ме преку порака. Во спротивно стварно не ми е јасно зошто пишувате во темава. Ова е еден обичен оглас а не дискусија за фејсбук страни. Исто како некој на реклама5 да објавил купувам БМВ 5, а вие да го прашате колку пари плаќаш (а воопшто немате БМВ)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Рековте страна со 150.000 лажни лајкови. Зар од Фејсбук не ги бришат страните/профилите/сликите со лажни лајкови?
:)
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Па зашто правиш муабет за бизнис!
Ја немам страна ама можеби знам некој што има, па ако би можел јас да профитирам би правел дил со тебе.
Затоа ми е потребно да знам колку пари ?!
Направи убав список што - како.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Вака можи чини денар можда 1000 денари. Треба да се стави некоја сума од до
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Прва грешка е што немаш наведено до колку максимум бараш. Второ, повеќето ќе ти удрат сеир и нема никој да ти понуди. Еве рецимо јас имам страна што ги задоволува твоите критериуми со над 3 милиони лајкови. И зошто јас би ти нудел и би пишувал кога за истата може би барал 10.000 евра + кој ти ги немаш ?
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
307
Поени од реакции
294
Дечки (дами) премногу комплицирате реално. Или, можеби, ама, но...
Едноставно е - имаш страна со над 150к лајкови испрати ми ПП.

Или ај да ви појаснам да не хејтате уште... Имам огромен буџет на располагање.
Ајде сега очекувам прашања колку е тоа според мене огромен буџет...
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Kazi ti kolku davas za 1000 likes od strana. Taka ne samo od 150 000 i od pomalce ke zemes :)
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
307
Поени од реакции
294
Не бива од тебе Бизнисмен сине.
Знам, за тоа говори мојата финансиска состојба. Сам си пресудив, јебига. Требаше малку повеќе да ги слушам овие паметниве македонци од кајгана (т.е. сите македонци сме паметни) кога ме учеа како се купуваат (продаваат) Фејсбук страни.

Како и да е, темата може да се затвори, 7 страни се купени, уште 4 разгледувам во моментов. Штета што само 1 македонец се офајди од овој оглас.

Поздрав
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Знам, за тоа говори мојата финансиска состојба. Сам си пресудив, јебига. Требаше малку повеќе да ги слушам овие паметниве македонци од кајгана (т.е. сите македонци сме паметни) кога ме учеа како се купуваат (продаваат) Фејсбук страни.

Како и да е, темата може да се затвори, 7 страни се купени, уште 4 разгледувам во моментов. Штета што само 1 македонец се офајди од овој оглас.

Поздрав
Би ми било мило доколку е обратно тоа што го зборам, искрено.

Поздрав!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ова е еден обичен оглас а не дискусија за фејсбук страни.
Тука си ги помешал малку работите. Ова е форум, а не огласник. И тука се дискутира за интернет трговија, а не се поставуваат огласи без право на коментар. Затоа што очигледно не си ја сфатил поентата на форумот, темава иде под клуч. Како и да е, те поканувам на oglasi.kajgana.com, каде можеш да го објавиш твојот оглас.

Ги плаќаш според тоа колкав reach имале страниците? Ти ме јебеш, или толку ги познаваш работите?
Сите фан страници имаат генерички reach од 2-6%. Ова е диктирано од алгоритмот на Facebook. Reach-от се зголемува со платени објави.

Од лајкови и коментари на постови? Тоа зависи од квалитетот и релевантноста на содржината, но и од reach-от. Ако го бустнеш со промовиран пост, тогаш ќе добиеш и reach и лајкови. Просто како грав. Што би имало ова врска со цената кога можеш одма ти како сопственик да го промениш? :)

Дали има нови лајкови? Мислиш раст на фанови? Исто така нерелевантно...

Според мене, релевантни треба да ти се само бројот на фанови и името на фан страницата. Односно, иако не ти ја знам крајната цел, претпоставувам дека сакаш да ја користиш за суптилно рекламирање на одредени производи - па името колку толку треба да е битно. Исто така, битни треба да ти биде и структурата на фанови: колку се мажи, колку жени, кои од нив остваруваат интеракција со страницата, од каде доаѓаат и тн.

Не знам што толку си се затворил и го криеш „знаењето“. Небаре тераш милионски бизнис, па не сакаш да ни го откриеш „занаетот“. Опрај се со време зошто вакви ликови не се посакувани на интернет - а ти токму тука сакаш да заработуваш.[DOUBLEPOST=1424774754][/DOUBLEPOST]@SantoriniLover[DOUBLEPOST=1424798915][/DOUBLEPOST]@SantoriniLover ме замоли да ја отворам темата, одеднаш доби желба да ми реплицира (иако претходно другите мислења не му беа битни).
Бујрум, темата е отворена.
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Кога веќе замина темата во оваа насока. Како се движат цените за 1000 лајка во моментов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom