Ко шо ти рече триптико, то најмногу зависит од роднините ил како да ти речам зависит шо лајна се(извинви на изразов ал кај нас така викет, истото и мене ми се случва, абе ваму кај нас Ротердам немат работа. Еми чим немат таму шон дојте кај нас?)
Туку можат да ти средат за легален престој, едноставна и лесна е процедурата, единствено треба да ти испратат писмо дека ќе си гостин кај нив во одреден период, кога ќе стигниш со пасошот да ти пријават престој на која адреса си. Друго што ти треба е да имаш евра во тебе, во случај ако на влез на словенска граница те гњават(распрашуваат) вработените. Ова значит е ректост, но aко дојт до тоќе им го покажеш писмото, ќе им речиш роднини ми се, одам кај нив на гости, на одмор, да прошетам да видам знаменитости да потрошам пари.
Е сега кој ти се опциите, можиш да работиш на црно, но никој или се ептен ретки тие шо се нафаќет да те земат така, зато шо казните кон работодавците се големи а тебе ако те фатат ќе ми ти забранат влез во ЕУ едно десетина години.
Другата опција ти е ако некој се нафати да ти среди за работна виза. Но то ти е малку веројатно, бидеќи одамна се стегнаја процедурите и веќе во големите фирми се бара квалитетен персонал.
Трета опција ти е факултет, заборај англиски, за таму ти треба да знајш словенски. Без него џабе. Даваат спипендии, плус можиш да работиш како студент, но не очекувај дека како студент ќе земаш некоја си плата голема. Друга работа, ако не ваѓаш просек ко шо ти зацртале во стипендијата тогаш ќе треба да ги враќаш тие пари назад.
Четврта опција ти е со пасош бугарски или тогај си европејец.
Болха ти е нешто ко нашава реклама5 или пазар 3, мојш да најш кај да сејш или пак имат и луѓе кои даваат огласи за работа. Пример Љубљана, гарноњерче близу центар би те коштало 20 европски, 1200 денари од ден то е минимум, но мојш да најш и поефтино зависит од локацијата. Љубљана ко главен град и да речиме метропола ти е поскап него ли другите градови.
Имаш значит повеќе опции, но не очекувај сам дека ќе постигниш кизнајт шо, освен ако не си некој специјалист во некоја работа/струка па да земаш солидна плата. Платите се дефинитивно поголеми од тука, за пример ќе ти кажам дека словенска фирма кај нас, платите кај вработените се од 12-13 илјади денари до кај 17илјади денари, повисоките функции се ретки и веќе фатени а и се малку тие земаат повеќе пари, истата фирма во Словенија на вработените (значит обични работници) ги исплаќа од 800-1000 еврипски па се нагоре, зависит колку и која како смена работиш, празник и така натаму.
Јас ќе ти речам, оди си првин ако те земат роднините на гости, земи си пара со тебе, прошетај си, види какви се настаните, колкаво е движењето на луѓе, шо се случува низ градовите, сообраќај, фирми, трговски или угостителски објекти... па после ќе имаш појасна слика шо те чекат, ако веќе си се одлучил да се враќаш знајш на шо си. Пак ќе речеам, ако те сакет ко за гостин, оди, без разлика на то шо ќе потрошиш пари, ќе имаш плус некоја бенефиција и знаење во животот.
Биди ми позравен.