- Член од
- 22 февруари 2015
- Мислења
- 7
- Поени од реакции
- 6
Се извинувам ако ви се чини малце чудна темава, дека е за видео игри, но ми треба мислење од правни лица, оти барав на неколку македонски портали, но сето тоа беше безуспешно. Би се консултирал лично со правно лице во Македонија, но моментално сум вон државата.
Ме интересира колку е законски дозволиво да се изработи одреден македонски град како мапа за видео игра (за профит)?
Која ми е целта? Целта ми е да создадам копија од одреден македонски град, може да е само одредена општина, или неколку комшилука, не е важно, и со тоа независно да издадам игра за профитни цели. Сличноста нема да биде хируршки-прецизна, но сепак би сакал да задржам одредена автентичност со изработката, познатите улици, куќи и згради, комшилуци и културни објекти. Имиња на клубови, дуќани, фирми и претпријатија, сите тие нема да бидат внесени, и ќе бидат заменети со нешто фиктивно. Претежно сите можни внесови ќе бидат видливи само однадвор и нема да има пристап до интериерот, освен за одредени внесови.
Листав по разни теми и се распрашував од разни луѓе, од Македонија и пошироко, и сите до еден ми дадоа сосема различни мислења, и уште толку ме збунија.
Од една страна добив:
- Google може да слика и снима се живо, и истото е достапно за секој да набљудува. Зборуваме за Google Street View.
- Во Google Earth веќе се внесуваат модели од станбени објекти, без никакви барања и без никаква дозвола, од секој крај на светот, па дури и од локации каде тоа би било забрането.
- Се додека не се дизајнира интериер, кој би можел да се експлоатира, никој не ми бранел да пра’ам што сакам.
- Досега имало мали-милион инстанци кај ш’о некое дете (или возрасен човек) издал виртуелна реплика на својот комшилук за сите да ја превземат и уживаат мапата, па никој ниш’о не им рекол...
Епа баш на таква работа налетав, и еве ш’о се случило, а еве и уште една работа!
- Ако отстранам сé што спаѓа под регистриран заштитен знак, брендови, имиња на дуќани, фирми и слично, тогаш имам слобода да работам што сакам.
Од друга страна добив ретки коментари кои ми рекоа дека одредени популарни згради се заштитени со авторски права и за нив треба посебна дозвола. Ако тоа е вистина, кај да барам подетални информации за такво неш’о?
Исто така се и регулациите кои велат дека е забрането фотографирање на приватен имот, без разлика дали е куќа и двор, но тоа денеска со телефони секој го прави, свесно или несвесно, и Google Earth има профитабилна верзија во која наши сограѓани внесуваат точни реплики од згради без никаква дозвола.
Се извинувам на должината и би ги ценел вашите мислења. Благодарам

Последно уредено: