KS на дизел помогнати со турбина.
Ај на бензинец со иста кубикажа и коњажа со турбина да видиме кој кого во заден лонец ќе гледа
Неможе да бидат иста кубикажа затоа што турбо бензинците од многу помала кубикажа вадат моќност иста како онаа на дизелот.
Ако се со исто коњи, а турбо бензинот има помалку кубици, бензинот ќе биде полесен затоа што има полесен мотор и полесен пренос. Тоа значи дека побрзо ќе ја постигнува таргетиранта брзина. Покрај тоа поради помалиот вртежен момент кај бензинецот, преносот ќе има помалку инерцијални загуби што дополнително ќе му овозможи подобра акселерација.
На крај, битен е и самиот пренос, т.е. како се поставени степените на редукторот, па со несоодветен пренос се губи дополнително на акселерација.
Инаку технички, турбо бензинецот е супериорен во секоја смисла во однос на турбо дизелот, само не во економичност. Денес сериски се произведуваат турбо бензинци од 2 литри мотор со максимална моќност од 360КС. Најмоќниот турбо дизел од 2 литри има максимална моќност од 240КС. Тоа се 50% повеќе коњи по кубикажа во полза на бензинецот. Така да, нема што тука да споредуваме иста кубикажа.
И чисто за споредба, возам лимузина со 2 литри турбо дизел и 170КС. Иста таква лимузина, на мој другар, со 1.4TSI 160KS ме прави пепел на старт до 80-90, т.е. додека да ставам во трета. До 180-190 му дишам во ауспух. Од 180-190 до лимит(и на двете има граничник на 225km/h) не секогаш успевам да го стигнам(значи не да го поминам). Лонецот не мoжам да му го видам, подзаксриенм му е од задниот браник.