Црна магија

  • Креатор на темата Креатор на темата Даскалос1
  • Време на започнување Време на започнување
Црна магија е многу повеќе од конци, влакна, нокти и слично.
Црна магија е кога ќе ја понижуваш или тепаш жената/децата поради својата неспособност и слабоумност.
Кога го уценуваш работникот да работи за двајца а да зема плата за еден.
Кога ќе го заглавиш жирантот.
Кога пијан го цапаш аутото малку поќе за да воодушевиш пет милиметри пудра.
Има, има примери...
 
Дали знаете некој кој успешно отстранува црна магија во Македонија ама сериозно ?
Сериозно и логички ....успешно отсранува црни магии, истиот тој што ги и прави ....
 
шо ако некој у фамилија ти има напраено магија, тогаш кај да се обраќаш за помош?
 
шо ако некој у фамилија ти има напраено магија, тогаш кај да се обраќаш за помош?
Никаде нема да се обратиш. Освен кај Семоќниот Господ. Ќе ја земеш Библијата и ќе се молиш. Ќе се молиш, но не само со зборови, туку моли се со душа. И се ќе биде во ред, амин!
 
Што ако магијата е напраена и веќе има дејство врз тебе. Зар тоа не те прави жртва? Зар семоќниот Господ не треба да те заштити, пошо ти не си тој кој правиш магии.
Ти си ко колатерална штета.
 
Ее, затоа „ќафири“ (неверници), не дозволувајте да ви отиде работата до таму, за од коа ќе ве фати магијата, да кукате кај Господ. Господ вели, ти чувај се малку, јас ќе те чувам уште повеќе.
 
Црната магија не е онаква, каква што вие ја замислувате .. многу е покомплицирано.. ќе земам коса од некого и одма магии ќе правам. Треба големо верување во тоа што го правите и средтства кои ќе ви помогнат да се оствари магијата
 
Дали е направена магија на пример ако нешто е врзано со црвен конец ... Поточно во јастук нели има сунѓер полнет е со сунѓер и внатре како нешто врзувано со црвен конец
 
Дали е направена магија на пример ако нешто е врзано со црвен конец ... Поточно во јастук нели има сунѓер полнет е со сунѓер и внатре како нешто врзувано со црвен конец
За тој што го врзувал тоа, најверојатно е магија. За тебе не треба да биде магија, туку причина да го откриеш Гандалф-от и да го доведеш во состојба барем шест месеци да моча низ катетар.
 
Дали е направена магија на пример ако нешто е врзано со црвен конец ... Поточно во јастук нели има сунѓер полнет е со сунѓер и внатре како нешто врзувано со црвен конец
Тоа само човек што чисти магии може да ти каже. Јас знам и сум видел дека за магија црвен конец низ леб ставаат. Не го фаќај предметот со рака никако ако се сомневаш дека некој нешто ти прави.
 
Во македонија секој човек го вика различно оваа гадно животинче затоа ќе напишам Scolopendra Cingulata така ќе го најдете.. значи ако го има оваа суштество во куќата тоа може да значи и несреќа дека некој фрлил магија и го оставил тука .. Беше сабота и сите дома чистевме по дома .. секоја соба разместувавме кауч оно овој се значи .. и во недела додека спиеле моите .. тоа лазело над нивните глави случајно мајка ми се разбудила и го приметила .. а пред тоа беше се чистено значи нема шанси да сме промашиле такво нешто да не видиме огромно беше ..
 
Тоа е само обична стоногалка по народски кажано! Не е никаква магија! Го има секаде каде има влага ако чувате по дома саксиско цвеќе може да излезе и од земјата. А не може да биде огромно максимум 5-6 сантима се, огромните ги има само во тропските шуми! Keep Calm and don't worry!
 
Во македонија секој човек го вика различно оваа гадно животинче затоа ќе напишам Scolopendra Cingulata така ќе го најдете.. значи ако го има оваа суштество во куќата тоа може да значи и несреќа дека некој фрлил магија и го оставил тука .. Беше сабота и сите дома чистевме по дома .. секоја соба разместувавме кауч оно овој се значи .. и во недела додека спиеле моите .. тоа лазело над нивните глави случајно мајка ми се разбудила и го приметила .. а пред тоа беше се чистено значи нема шанси да сме промашиле такво нешто да не видиме огромно беше ..
Не шири дезинформации. Scolopendra Cingulata е четириесетногалка. Магија е доколку најдеш стоногалка со 99 нозе.
 
Дали е направена магија на пример ако нешто е врзано со црвен конец ... Поточно во јастук нели има сунѓер полнет е со сунѓер и внатре како нешто врзувано со црвен конец

Црвен конец и лук за заштита се носи колку што знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom