Рики, мислиш ли дека сам си одлучил да се препуштиш на туѓи раце и друг да управува и да донесува одлуки наместо тебе, или несвесно ти наметнале потреба за авторитет? Ако станува збор за првото, не можам и не сакам да те убедувам, затоа што веќе си донел одлука за себе.
Малатеста еднаш рекол: Ние анархистите не сакаме да ги еманципираме луѓето, сакаме луѓето сами да се еманципираат.
Луѓето не се способни себе да се еманципираат. Барем не засега. The way I see it, има два начини на размислување. Анархизам сега и анархизам во иднина. Не ми се допаѓаат двата.
Првото се однесува на воведување анархизам при моменталниот ментален склоп на човекот, што би било катастрофално. Како вид на општество, никој не е спремен да го прифати ова бидејќи секој ќе посегне кон нешто повеќе и ќе се наруши балансот кој се пробува да се воведе, понатака нема потреба ни да се дискутира, би требало тоа да му е јасно на секој.
Римјаните еднаш рекле: „Државата е премногу сериозна работа за да му се препушти на народот“.
Вториот начин е анархизмот во иднината, што е многу покомплексен и не толку катастрофален, но мене субјективно не ми се допаѓа, иако немам ништо против тоа на некој друг да му се допаѓа. Тоа според мене повеќе е како вкусови за музика, за филм, работи кои не може да се кажат дека едното е подобро од другото бидејќи зависи од сопственото мислење. Како и да е, анархизмот во иднина се смета дека ќе се случи кога луѓето нели, ќе се еманципираат, ќе бидат свесни за својата еднаквост, ќе го достигнат тоа интелекутално ниво кое ќе им го овозможи мислењето дека најубаво е секој да придонесува кон општеството, да не биде себичен, да не посегнува кон туѓото и слични размислувања, да не наведувам понатака, you get the picture. Мојот проблем со таквата ситуација е тоа што доколку се случат тие работи, ќе се убие, ќе се елиминира не само лошата разлика меѓу луѓето, туку и добрата. Зборам за тоа дека преку ваквите настани ќе се елиминира се што е убаво, културните разлики, различните јазици, различните луѓе низ нашава планета (како кога си фасциниран од животот на монасите во Тибет на пример, амазонски народи и сл.) односно сакам да кажам дека се ќе се фузира во едно и би живееле во еден склоп на се што постои. Не би имал желба да идеш во било кое место за да пробаш некое национално јадење пошто истото ќе ти биде пружено во продавничката на 20 метра од тебе, што според мене ја убива желбата, копнежнот по нешто ново, ретко и недоволно достапно, а тоа повлекува и други работи за кои на пример патуваме низ други земји. Се губи искуството кое го стекнуваш, она што го викаш „леле бев на Хаваи, колку е убаво таму, луѓето какви се, јадењето, воздухот и тн“. Дури и самите луѓе ќе стануваат се послични и ќе се изгубат квалитетите на индивидуите, личните карактеристики, евентуално секој трет ќе ти одговара да ти биде најбољи пријател, па секој втор, и на крај ќе сфатиш дека сите сте исти, ама буквално исти. А тоа не ми се допаѓа. Не сакам сите да сме исти, бидејќи со тоа стануваме клонови со исти размислувања. Мислам, нема да имаш ни потреба од форум за да го дискутираме ова, ни потреба од запознавање нови луѓе. Замисли го тоа бе, нема да имаш ни потреба да го/ја најдеш „the one“, бидејќи исто ќе ти биде дали е некоја што живее во Перу, или Станка, комшиката од први кат, па ќе имаш обичен settling без никакво чувство, животот ќе ти поминува како да си машина која само чека да и пројде рокот, без да се издвоиш на никаков начин.
Не може да се знае дали ќе биде вака или не, меѓутоа мое верување е дека доколку се цели кон анархично општество, ова ќе бидат последиците, последици кои јас не сакам ни да ги замислам, камоли да живеам во нив.
Што се работи до првиот "low blow" што ми го даде за тоа како некој управува со мене, не. Мислам, двете работи што ги кажа се исти. Ако мене некој несвесно ми наметнал потреба за авторитет, значи дека и сум се препуштил нели? Бидејќи тогаш не сум се замислил дали некој ми наметнува нешто. Но јас не ја гледам „власта“ (во било која држава) како нешто недостижно, виша сила која ме контролира мене како немоќен индивидуалец, бидејќи во денешното општество (кое не го „прифаќам“ како совршено бидејќи не е) секој може да се направи корисен и да придонесува на најразлични начини, а притоа да му помогне на некој друг во животот. Не кај нас, но во здрава демократија каде луѓето се свесни дека само со меѓусебно помагање можеш да си помогнеш на себе, и те како може. Јас не сум ориентиран кон ниедно државно уредување, но сметам дека чекориме кон наоѓање на солиден систем, блиску до демократијата (пак ќе речам блиску до вистинска демократија, не феудализмот во Македонија). Сепак не се согласувам со демократијата. Мала историска лекција која дури можеш да ја искористиш и за проанархистички ставови ако ја извртиш како што треба: Атињатите ја створиле демократијата како привиден начин на еднаквост, кога всушност од 120.000 луѓе колку што отприлика броела Атина, кога ќе ги одземеш робовите, жените кои немале граѓанско право, селаните кои живеат далеку и не можат да си дозволат да одат до Атина за да дискутираат политики колку и да сакаат, па ќе ги одземеш и сите сиромашки кои живеат во самата Атина, од 120.000 души ти остануваат 3000, што значи дека пак власта е во рацете на најмоќните, исто срање друго паковање. Така и денес, со еден плус што денес имаме и поусовршен (но не совршен) систем на гласање, али сепак има некој што ти кажува „ти можеш да се кандидираш за претседател бе, имаш право на тоа“. Епа „можеш“ и „имаш право“ не е иста работа, само ретко кој го гледа тоа. Од овие причини сметам дека демократијата не е совршена. Ова го кажав пошто веројатно мислиш дека ако сум против анархизмот дека сметам дека све е супер сега. Не.
Ај да не должам да заклучам. Моето мислење за авторитетот е дека има потреба од него, мора да има, секогаш ќе има. Секогаш ќе мора да се има контрола врз тоа кој што прави, бидејќи некогаш дури и да имаш најдобри, најчесни намери и да си најправедниот човек, едноставно преовладуваат чувствата врз разумот и фали еден мал момент за да бидеш одговорен за нанесување штета врз друг човек, а тоа би те вовлекло во обид да се извадиш некако, при што пак ќе нанесеш малце поголема штета и така во never-ending loop, како што денес често има такви случаи. Она што „треба“ да се прави е да се чекори кон општество кое ќе го задржи авторитетот и хиерархијата (наместо да се уништи како што е целта на анархизмот нели), но ќе го подобри, ќе го направи квалитетен, да не може да биде злоупотребен, да се постигне вистинска еднаквост кон можноста секој се да може да постигне доколку сака, чесно да се избори за позиција и да ја користи позицијата за да помага кон општеството, а не да биде роден во општество кое му нуди таква привилегија (буквално муабет: Битен е патот, не е битна целта). А возможно е, се наоѓаат примери. Сигурно имаш слушнато за Уругвајскиот претседател на пример. И не зборам само за политичари, зборам за пружање можност за издвојување на баш секое поле, ценење на трудот кој го вршиш преку чесна и вредна работа, а не стекнување најразлични позиции со врски, местенки, мито и корупции.
Sorry for the long post, се надевам ќе го прочиташ и ќе дадеш мислење пошто сакам да дебатирам за вакви ствари
Незнам дали некогаш во историјата на цело човештво постоела анархија.
Анархија често се случува во еден краток, пост-воен период. Пример знам за случка во војната во Југославија, кај некои од војниците се појавила жена на еден од соработниците на Тито, носела некои скапи чизми, а војнициве гладни и изнемоштени. Ја виделе и преовладувало тоа мислење: „како може ние тука едвај да преживуваме, а оваа со такви чизми се шета, стрелај ја!“. И ја стрелале. Тоа е „моќта“ на денешниот анархизам според мене.