- Член од
- 28 јануари 2015
- Мислења
- 37
- Поени од реакции
- 20
Пошто ја сум ти клацкалица од гурбетчија малку дома малку надвор (во текот на годината мислам) и осеќам некои промени ама не некои драстични, ете да речам можеби заработувам некоја пара повеќе ама таа ипак не е недостижна ни за во МК и можеби се спасив да не ме трујат со политика, но затоа пак некако како да ја губам врската со околината во која што живеам во МК (места, народ, култура..) за што па ми е многу криво. Додека бев во МК цело време пекав за странство (ко и многу други), е сега кога тоа ми стана реалност се прашувам дали ми беше воопшто потребно. Мислам дека има многу вакви како мене па дури и бетер што воопшто не ни знаат за предностите и недостатоците на туѓината. Ова моево е гола вода во споредба со некои други кои ги запознав и лично (добиле милиони а децата незнаат ни м од Македонија ни м од Македонски). Затоа БИ ВЕ ЗАМОЛИЛ сите вас искрени души кои сте надвор, или некогаш сте биле надвор од татковината, да оставите еден мал белег на темава, и да кажете што вие добивте а што изгубивте што сте надвор или пак некогаш сте биле надвор од Македонија.