Денес во Македонија, земја во која што сиромаштијата, нерваботеноста и необразованоста се на високо ниво. Земја која се соочува со масовни иселувања во странсто, со голема стапка на бела чума со збунет народ кој е претворен во партиски послушник и за некаква си мизерна работа и партиско додворување е спремен да го продате не само својот брат ,туку и своите деца. Денес имаме една доста збунувачка ситуација. Од владејачката партија ДПМНЕ добиваме некакви си патриотски гаранции и ставови во нејзините медиумски слуги од типот: Канал 5 и Сител, го бранat нашиот „вековен идентитет“, јазик, име и вера, дека тоа е се што имаме. И дека некакви си соросоидни и анти-национални предавници и се закануваат на нашата безбедност. Сето тоа ќе беше во ред доколку истите овие медиуми не се преплавени со антимакедонски. исламски серии кои наголемо ја искривуваат историјата и крвавото турско пет вековно ропство го прикажуваат како некое си високонапредно модерно општество во кое секој имал право да живее и бил слободен и безбеден, а борците за слобода - комитските и ајдутските чети ги претставува како разбојцини и обични силувачи и агресори. Ова oсобено се однесува на таканаречаната серија „Збогум Румелија“. Денес директно преку телевизијата во секој дом се пласираат овие јаничарски серии во кои нивните бедни ликови и обичаи треба да претставуваат наши херои и пример за однесување и воспитување нашите деца.
„Збогум Румелија“- дрско искривување на македонската историја
ОБЈАВИЛ
К.С. НА 13/02/2015 ·
АКТУЕЛНО,
МАКЕДОНИЈА,
СТАВОВИ,
ФИЛМ / ТВ,
ШОУБИЗНИС | 1930 ПРЕГЛЕДИ
Деновиве меѓу македонските телевизиски гледачи мошне актуелна е турската серија „Збогум Румелија“, емитувана на телевизискиот канал „Сител“ во вечерните часови. Станува збор за тенденциозен телевизиски проект, со историска пропагандна позадина, којашто го опфаќа периодот пред крајот на Османлиското ропство во Македонија, а кој, во голем дел, е реализиран на територијата на нашата држава, со дозвола и во соработка со наши општествени институции и поединци.
Не би сакале да навлегуваме во уметничката вредност на споменатата „сапуница“, како и во тривијалноста на проблематиката со која се занимава, и да засегаме прашања од типот колку е историски доследна (иако и тука би можело многу да се каже, на пример за несоодветната костимографија која нималку не се совпаѓа со историските факти – во тоа време турските жени не можеле да бидат видени во јавноста без фереџе, сè до неговото укинување од страна на Мустафа Кемал Ататурк во 1925 г., за што сведочи и бројната литерарна, фото и видео документација од тоа време). Дури и не би спореле околу тоа каква перфидна хипокризија се крие зад превезот на прикажаниот, навидум „хармоничен“ соживот.
Но затоа би се осврнале на еден одреден сегмент од тринаесеттата епизода од овој серијал, од 11 февруари, со кој директно се навредува Македонското национално ослободително движење и патриотските чувства на македонскиот народ.
Всушност, гледачите имаа можност да видат една ретка пародија на „Македонската крвава свадба“, во којашто улогите се заменети, па така нашите војводи и комити се претставени како разбојници, силувачи и убијци, кои бесцелно скитаат по планините, небаре глутница волци, напаѓајќи цели села и убивајќи невини луѓе, вклучително и христијани, а во овој конкретен случај се претставени дури и како грабнувачи на млади незабулени турски невести.
Разбирливо е зошто турските режисери, сценаристи и продуценти вака гледаат на нашата историја, но не можеме да разбереме зошто нашата публика лесно го прифаќа тоа. Каде е тука нашата историска свест, критичко размислување и цензура, па дури и нашите национани чувства? Зар пролеаната крв на нашите родољубиви предци, заслужила да биде извалкана на овој начин, а нивното достоинство – обесчестено и најдрско исмејано?
Не би оделе толку далеку, па да ги „нападнеме“ со одредени квалификации оние кои дозволиле ваква серија воопшто да биде снимена на територијата на оваа наша со векови измачена земја, ниту би инсистирале на некакво признавање на историските грешки од страна на поробувачите, иако такво нешто би требало да се очекува од една цивилизирана нација, како што ни е прикажана во серијалот, што, сведоци сме, во блиското минато веќе го направија некои народи, барајќи прошка за неправдата и зулумите што нивните предци ги направиле во минатото.
Дозволете ни да го упатиме нашиот апел до сите национални теливизии да внимаваат при креирањето на својата програмска шема, конкретно во делот со емитувањето на странските програмски содржини. Зашто, некои вредности никогаш не смее и не треба да бидат жртва на трката по гледаност и заработка.
Особено се обраќаме до ТВ „Сител“ со барање веднаш да го прекине емитувањето на конкретнава серија – „Збогум Румелија.“
Истовремено, ги повикуваме сите наши национални институции од областа на културата и просветата, особено историчарите, да пристапат со должната сериозност кон проверка и, доколку е потребно, и санкционирање на сето она што ни се сервира отстрана и поконкретно да ја помогнат домашната продукција и подигањето на нашата национална свест.
И покрај тоа што сме свесни дека ова наше барање може да не наиде на позитивен одзив, сепак, сметавме дека наша должност е да го споделиме ова со македонската јавност и така да ја смириме својата совест пред душите на нашите предци, оградувајќи се од ваквите декадентни пројави во нашето општество.
Реакција на загрижени родољубиви граѓани на Р.М.
http://taratur.com/zbogum-rumelija-drsko-iskrivuvane-na-makedonskata-istorija/