ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАЛЕЦОТ ПАДНА НА УСТАВЕН

Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Прашањето е зошто воопшто беше дозволена измена со која се воведе видливото жигосување на тие што гласале.
Затоа што тоа беше услов од некои, за да учествуваат на избори. :confused:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Имаше корист од обележувањето на ноктот. Така знаев колку време треба за да ми порасни нов, отприлика 5 месеци.

Темава е политика, така да треба да оди во канта.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Каков закон и да донесат, некои партиски војници пак ќе гласаат и до 5 пати.
Него овие од пустец колку дена ќе седат во Скопје на наредни избори да не знае некој?
мислам дека владее тотално непознавање на изборната пракса...ако државата дозволува да гласаат и државјани со престој во странство или и со двојно државјанство и престој во странство, тогаш обично на сите тие во документите им се впишува фиктивно место на пребивање во државата, па сите наши со блгарски пасоши извадија и лични карти со адреса во Блгарија и можат даму да гласаат , дури некаде читав дека сите биле на фиктивни адреси во една улица... овие со двојно албанско државјанство гласале сите во Тирана ... е сега кај нас узбуна крена Жерновски кој мисли дека општина центар се црвено јајце, епицентар на светот :D па по паркинзите пред зградите во Капиштец не само што не може да паркира некој друг, туку мислам барале 6 месеци да е по лична карта на таа адреса... јас пуштив предлог на нашиот сељоначалник да им удриме реципроцитет кога доваѓаат кај нас у наша општина... а фактички огромен број млади уплатија станови и живеат во наша општина а уште се водат кај родителите во други општини и таму гласаат бидејќи доста ст.згради немаат уште имотни листови..
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Мој предлог е за локални избори да бидат исклучени од гласање а за парламентарни да може да гласаат. Сепак локалните избори имаат друго значење.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Мој предлог е за локални избори да бидат исклучени од гласање а за парламентарни да може да гласаат. Сепак локалните избори имаат друго значење.
Да, ама како со примерот горе што го дадов, луѓе се преселиле во нова зграда во друга општина ( или од внатрешноста во Скопје ) ама се уште се водат на стара адреса од разлози што новото пребивалиште нема имотни листови...
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
@Brutus Не сум сигурен дали е одамна или не али ајде така мисли си.
Инаку знам лично еден човек, партиски вработен од вмро, кој на прошли избори беше 3 пати да гласа.
А за тие од пустец државјанство и лична карта се издаде по експрес постапка од страна на нашата министерка за внатрешни работи која требаше да спреми 150.000 лични карти за избори.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Факт 1: Во македонија медиумите перат мозоци, доказ се Сител, Канал 5, МТВ, Алфа и скоро сите останати со мали исклучоци.
Факт 2: Партиските војници од вмро можат да гласаат и по повеќе пати(2,3,4,5 итн.)
Факт 3: Запослените во администрација, полиција, војска и сите што примаат плата од држава мора да донесат одреден број на гласови за да ја зачуваат работата.

Демократија.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПАЛЕЦОТ ПАДНА НА УСТАВЕН
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=76083CE62FC1CD4892648FE29AFE99F8

бидејќи темата околу изборни права и закони е затворена за коментари, да ги дополниме тука работите...
Темата за изборни права и закони е отворена. Тогаш беше read-only, за да нема политички прекукнувања, па после заборавив да ја отворам. Нека постои малку темава, па ќе ги спојам. :)

Инаку многу нормално дека ќе падне, ако не паднеше ќе беше срамота.

Член 22 од Уставот вели:

Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.

Покрај другото, во Изборен законик е наведено дека “никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.“

Со обележување со маркер, ти како индивидуа си јавно обележан дека си гласал, што е недозволиво. Твое право е дали ќе кажеш дали си излегол или не, но апсолутно не смее да бидеш обележан со маркер и другите да знаат по автоматизам кој гласал или не.

Сега може да навлагаме во тоа дали се бришело или не, јас ќе кажам дека за првиот круг претседателски кога ме шкртнаа, проклетиот маркер 2 недели не се бришеше. Пробав со се можно.

Невидливиот спреј си беше одлична варијанта и немаше потреба да се менува. Толку од мене.

И знаете дека дневнополитичките препукувања ќе ви бидат избришани.
 
K

Kacar

Гостин
А госпожа Караконџула освен што дала предлог да се укине чкртање при избори, зошто не поднела предлог нејзин, замисла како да биде остварено тоа а да нема чкртање ? И штом поднела предлог и е усвоен, дали можеби Караконџула насетува избори?!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Факт 1: Во македонија медиумите перат мозоци, доказ се Сител, Канал 5, МТВ, Алфа и скоро сите останати со мали исклучоци.
Факт 2: Партиските војници од вмро можат да гласаат и по повеќе пати(2,3,4,5 итн.)
Факт 3: Запослените во администрација, полиција, војска и сите што примаат плата од држава мора да донесат одреден број на гласови за да ја зачуваат работата.

Демократија.
замисли и пратениците морале да гласаат за својата партија :D ... а не сум знаел дека пустец има 150000 со право на глас:eek:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А госпожа Караконџула освен што дала предлог да се укине чкртање при избори, зошто не поднела предлог нејзин, замисла како да биде остварено тоа а да нема чкртање ? И штом поднела предлог и е усвоен, дали можеби Караконџула насетува избори?!
Што има да поднесува, штом паѓа таа одредба, значи дека (најверојатно) ќе си остане спрејот ко и порано. Се поништува новото, си останува старото. Не гледам ниту една добра причина зошто би се заменил спрејот. Не е поентата само да биде нов предлог без врска, кога стариот сосема добро си функционираше.
Ти поднесуваш закон или негова одредба пред Уставен, не значи дека при поднесување имаш должност да поднесеш нов предлог. И јас ко граѓанин, и ти, и сите останати имаме право да оспориме закон или член на закон пред Уставен, не значи дека мораме да поднесеме нов предлог. Туку само го оспоруваме постоечкиот. И ако падне, се враќа претходната одредба.
Не знам што туку мешате сега баби и жаби.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Факт 1: Во македонија медиумите перат мозоци, доказ се Сител, Канал 5, МТВ, Алфа и скоро сите останати со мали исклучоци.
Факт 2: Партиските војници од вмро можат да гласаат и по повеќе пати(2,3,4,5 итн.)
Факт 3: Запослените во администрација, полиција, војска и сите што примаат плата од држава мора да донесат одреден број на гласови за да ја зачуваат работата.

Демократија.
Факт 1: Во Македонија медиумите перат мозоци доказ се Сител, Канал 5, МТВ, Алфа, Плусинфо, Фокус, Слободен Печат, Либертас, Курир и тн. со мали исклучоци.
Факт 2: Партиските војници од сдсм и вмро можеА да гласаат и по повеќе пати.
Факт 3: Запослените во администрација по партиска линија мораат да носат списоци кои патем немаат никаква вредност пошто никој не може да ги провери дали некој навистина гласал за некого туку служат само за анимирање на гласачакото тело. Оваа пракса е започната од 1991 година и мора да престане.
Факт 4: Најголемиот дел од администрацијата е вработен во време кога била друга партија (не оваа владеачката) на власт.
 
M

Moon Child

Гостин
Член 22 од Уставот вели:

Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.
Ова е неточно, мислам, законот гласи така и тоа стои, но има отстапки, знам од лично искуство.
Кога беа оние избори за председател кога се кандидираше Фрчко воедно беа и локални истовремено, јас имав наполнето 18 години и тоа уште 4 месеци пред тоа, а во избирачкиот список ме немаше никаде.
Бевме после тоа со татко ми да видиме на друго избирачко место во близина на местото каде што сум родена, ме немаше и таму. Точно се сеќавам дека бев матурантка таа година, утредента во школо зборуваа и други што им се случило така. А луѓе што после мене наполниле 18 ги имало во избирачкиот список, се регуларно.
Ме немаше на избирачкиот список и во вториот круг на изборите.
Зошто е тоа така, незнам. Не дека јас ќе сменев нешто, туку чисто ќеф ми беше дека прв пат ќе гласам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom