Штрајк во образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата ostoun
  • Време на започнување Време на започнување
Договориле дека ќе се договорат. Е ова е социјален дијалог. :D
Освен тоа дека нема да има казни, и тоа за градинките, другото е баш како што кажа...ма сумњиви ми се искрено СОНК (зборам за раководството), на страна што волјата и желбата кај најголем дел од наставниците во основно и средно е искрена.
 
Ако е тоа она што го пишува, нставниците у ствари не добија ништо. Ако не добиле ништо, прашање е зашто се прекинува. Стварно е сомнително
 
Последно уредено:
Пак нема ченгелче кај д-то :DDDDDDDDDDDDDDDDDDDD
:oftopik:
Еден (во контекстот) неумесен коментар за неупатените: се пишува неуплашените.

Во врска темата ...

Укинувањето на казните не е мала работа. Не е малку 50-60 евра месечно да ти скинат од даскалската плата. Како рата од кредит, само што од ова немаш ништо - само зијан, срам и огорченост од апсурдната причина поради која си обележан.

Настрана што со две такви казни, наставникот го губи работното место! Зошто?
На основа на 30 прашања со избор а, б, в, г!

40% ученици препишуваат од скрипти, ливчиња и мобилни, 30% претходно ги учат одговорите напамет (не оти ги разбираат и тоа можат да го применат), 20% решаваат на тепка - како да заокружуваат лото ливче, а само 10% навистина регуларно го покажуваат своето знаење.

Нарекувањето на оваа фарса „Оценување на објективноста на наставникот“ е крајно навредливо за здравиот разум и бесрамно иронично.
 
Последно уредено:
Од она што е кажано до сега, казните за наставниците се одложени за следната година, а не се укинати.
 
Вистина е дека, платите на наставниците се зголемени за 4%, односно 500 денари?
 
Којзнае што имало во договорот зад затворени врати... ;) Али ок, како и да е, изгледа МОН реши да затвара некои „фронтови“.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19970

Еве што било договорено.
Изгледа власта попушта
Ветија нов закон за високо образвание, го ослободија Вранишковски сега се договорија и со СОНК
Веројатно се подготвуваат за некоја друга пресметка и не сакаат да се борат на повеќе фронтови
 
Дел од членството, незадоволно од одлуката на СОНК

http://24vesti.mk/shtrajkot-vo-uchilishtata-prekinat-del-od-chlenstvoto-na-sonk-nezadovolno

МЕСО го осуди прекинот на штракјот

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19980
Ако вака продолжат, ќе имаат проблем со членството. Моментално не гледам некое барање трајно да е решено, а луѓето биле под притисок, а и платите се прашање.
А дека казните и "наградите" се одложени за догодина, тоа е само за екстерното. Ако се државни службеници, со новиот закон тие најверојатно ќе подлежат на оценки (односно казни) врз основа на нечии критериуми кој никој жив не знае како се вреднуваат. Па има оценки се залага, не се залага, задоволува... :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Изгледа власта попушта
Ветија нов закон за високо образвание, го ослободија Вранишковски сега се договорија и со СОНК
Веројатно се подготвуваат за некоја друга пресметка и не сакаат да се борат на повеќе фронтови

Се отвори голем политички конфликт со СДСМ, ради тоа Владата попушти..
 
(ФОТО) Како се рушеше штрајкот на СОНК во охридската гимназија
  • Сабота, 07 Февруари 2015 18:46
  • Објавено во Охрид



Откако започна штрајкот во охридската гимназија, одредени структури правеа се само истиот да не биде успешен. Директорот на училиштето најпрво тврдеше дека нема да има штрајк, потоа истакна дека штрајкувале само мал број на професори, за на крај, откако мнозинството професори решија да се приклучат на штрајкот, да каже дека наставата се одвивала онолку колку што било можно во тие услови. Во тие неколку денови, се правеше се, за штрајкот да се прикаже дека не е успешен и по можност да биде срушен.

Она што беше најсомнително е соопштението испратено до медиумите од наводната Унија на средношколци во кое ги повикуваа професорите да се вратат на работа. Истото соопштение експресно го пренесоа сите провладини медиуми, како локални, така и централни. Дури беше и во насловните вести на одредени централни телевизии. Претседателот на охридските гимназијалци демантираше дека испратил било какво соопштение, по што остана дилемата кој го испрати истото.

Она што е интересно и што OhridTimes го забележа и успеа да дојде до одредени информации е авторот на соопштението. Имено, како автор на Word документот се јавува извесно лице Ангела Белевска. Дали заборавила да го избрише името од документот или друго е во прашање, не знаеме.

Srednoshkolci.jpg


Исто така, занимливо е што во минатото, многу соопштенија кои до медиумите пристигнале од официјалниот маил на Одделението за односи со јавност при Општина Охрид се од истиот автор. Така на пример, на 3-ти јули оваа година од електронската пошта на Општина Охрид (odnosisojavnost@ohrid.gov.mk) пристигна соопштение за асфалтираните улици низ Охрид. Автор на Word документот, исто така е извесно лице Ангела Белевска.

Ulici.jpg


На 4-ти јули, од истиот општински маил, исто така до медиумите пристигна соопштение со изјава на градоначалникот Никола Бакрачески за работата на плажите. И на ова соопштение автор е извесно лице Ангела Белевска.

Izjava-Bakraceski.jpg


На 8-ми јули до медиумите пристигна вест за почетокот на пливачката сезона во базенот „Атина Бојаџи“, а на Word документот како автор се јавува повторно лицето Ангела Белевска.

Plivacka-Sezona.jpg


Ова се само дел од соопштенијата испраќани од е – маил адресата на Одделението за односи со јавност. Бидејќи од Општина Охрид не сакаа да одговорат на поставеното прашање, еве јавно ќе прашаме неколку причински – последично поврзани прашања.

Дали во Одделението за односи со јавност во Општина Охрид има вработено лице Ангела Белевска?

Доколку има, дали тоа лице го напишало соопштението на Унијата на средношколци?

Доколку е така, дали вработената добила наредби од повисоките функционери, на пример од шефот за администрацијата Димитар Спасески или пак градоначалникот Никола Бакрачески?

Доколку е така, дали се преземани и други дејствија за да се „загуши“ штрајкот на професорите во едно од најреномираните училишта во земјава, охридската гимназија и што се работи во општинските простории?


Она што е најважно, професорите успеаја да се побунат за своите права и покрај огромните притисоци. Во штрајкот учествуваа и три самохрани мајки, а штрајкот беше успешно организиран.
http://ohridtimes.mk/ohrid/foto-kako-se-rusheshe-shtrajkot-na-sonk-vo-ohridskata-gimnazija
 
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=845960AA601F0B4BB8BF9C5AC122C5CF&arc=1
наводно мала им била платата 38000мкд ?
еве сега и машиновозачите штрајкувале... Едно не ми е јасно, не само кај нас туку генерално, кога се вработуваш некаде потпишуваш Договор каде е прецизирана и платата. По мене може да се штрајкува само ако е прекршен договорот или законот за работни односи ( работно време, право на пауза за топол оброк, заштита на работа, право на боледување, ...). Покачување на плата работникот моше да бара при потпишување на нов договор, па ако работодавачот не му дава може да не потпише нов договор и да напушти.. Дури имаше вработени што имаа договори за работа каде и давање отказ им е условено ( да не смее во конкурентска фирма). Имаше случај во Хрватска пред 4-5 години каде работодавачот го тужеше работникот што даде отказ бидејќи наводно вложил пари во негова обука, но мислам падна на суд бидејќи немало во договорот за работа клаузула за обуката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom