Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
17 август 2011
Мислења
10.330
Поени од реакции
18.407
Да да, како она лажното патриотско движење за "Одбрана на Македонија" колку што е "независно" (се знае кој стои позади нив), толку и Студентскиот Пленум.

Верував дека Студентскиот пленум е независно движење и малце имав надеж и се израдував дека навистина студентите се предводници на едно движење кое ќе стави крај на оние контролирани и организирани протести кои ги прави позицијата или опозицијата за секакви работи кои собираат поени, се до оној момент кога видов луѓе кои беа од опозицијата и заедно со студентите извикуваа политички пароли кои не би требало да се извикуваат. Голем број од опозициските портали искажаа голема поддршка за нив, додека контра им идеа провладините. Во вториот протест кој беше најмасовен имаше и луѓе кои неутрални, слушав луѓе кои кажуваа дека имало и членови на ВМРО и пак излегоа на протест и им се придружија. Кога се виде кој ги предводи од тие 10 000 што беа на претходниот, бројката драстично опадна на неколку стотици. А политичката кореографија врз Владата се засили. Ако биле независни протестите зашто студентите сами не ги истераа тие политичари кои ќе им се дадеше до знаење дека не се пожелни во толпата. Зошто Студентскиот Пленум не испрати протесна нота до опозициските медиуми да не се злоупотребува нивното име за партиски препукувања. Зошто Студентите покрај фејсбук групата која ја имаат не направат и друга фејсбук страна коа ќе шири новости и слично. За печатење на пропаганден материјал е најлесна работа. Со тоа премолчување на Студентскиот пленум како организација која опозициските портали ја искористија за кревање на политички поени, само ја зголемија и збогатија пропагандата која ја ширеа со денови провладините медиуми обвинувајќи го Студентскиот Пленум дека е креиран од СДСМ и финансиран од СОРОС.

Затоа никој не може да ме убеди во спротивното,бидејќи скоро сите протести кои се организираат во Македонија стојат или ВМРО или СДСМ.

А ова со тоа што студентиве ќе спијат во факултетиве, ми наликува на Белград 2000 година, така српските студенти почнаа и тие кои беа организирани од креацијата на ЦИА "ОТПОР" (сега КАНВАС), односно психолошкиот центар за ненасилни методи и обоена револуција истите методи ги вршеа, спиење по факултети, штрајкови со глад, провокации на полицијата која како реакција на полицијата би интервенирала врз студентите кога ги тепаа за да дојдат медиуми кои ќе пренесуваат со цел да се крене омраза и гнев према Владата и да се случи Белград 6 октомври. Веќе видено и успешно сценарио во Србија. Јас како граѓанин на оваа земја не би сакал да се случи тоа бидејќи државата ако се случи некое крвопролевање ќе се уназади со децении и се пак од почеток. Студентите и контрашите односно ВМРО/СДСМ кои не помислуваат да се иселат од државата и ја сакаат како своја, да внимаваат во нивните постапки

И јас сакам факултетите да бидат одвоени од политиката, да не се меша ни ВМРО, ни СДСМ во факултетите бидејќи студентите се иднината на оваа држава и движечка сила. Ова со правење на факултетите автономни зони во кои нема да се меша партија е супер идеја, само да не излезат овие протести автономни зони во служба на СДСМ. Имам сознанија од еден човек кој работи на факултет, а знам дека не е член на партија и ги плука ВМРО/СДСМ, а највеќе овие првиве на власт, ми кажа дека професорите, подржувачи на СДСМ биле многу разиграни и чудни последните денови. Така да уште еднаш ќе им упатам апел на студентите кои ги сметам како поразумни и зрели да внимаваат што прават.
Камо среќа да се сдсм ќе се исценкавте некако ,дечкиве што ги водат протестиве се од оние анархо типови. Системот ме јебе им е начин на живот.Да идеа на масовност ќе опаднеше бројката со тек на време вака и со оваа бројка нема да искочите на крај бидејки уживаат во ова. Gg and hf :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
. Не сакам во партиски глупости да бидам вовлечен по ниту една цена.
.
А сакаш да бидеш прислушкуван? :D

Другар, најјаки сте вие, што не сакате да бидете умешани политички. Мислам у реду е и ја не сакам да бидам од иста страна со некои шо не можам да ги поднесам, али непријателот на мојот непријател е... си знаеш. И тоа ти толку не сакаш да бидеш умешан шо вадиш линк од вечер за профил на некојси за мнозинството непознат дечко.

Небитно, фала што ми кажа дека те бива за „наоѓање“ профили, ако ми треба некој ќе те побарам. :pipi:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.331
Поени од реакции
8.869
Камо среќа да се сдсм ќе се исценкавте некако ,дечкиве што ги водат протестиве се од оние анархо типови. Системот ме јебе им е начин на живот.
Проблемот е што мислат дека Трпкова, Борјан Јовановски и останатите ги поддржуваат во протестите од искреност. А врска нема. Овие наброените се исти гнаси како Латас, Миленко, Јанко и Мирка само од спротивниот табор. Единственото што им е важно е да им дојде партијата на власт, и тука гледаат можност за тоа.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
На една од фотографиите на својот профил има бело околу устата :pos::pos::pos:
Мајке ми, не беше брашно, шеќер у прав беше!!
Доказ дека не се храни здраво !!!! ПРЕДАВНИК !
Морееее има нешто пострашно што не е ни брашно, ни шеќер во прав, а ипак е бело :icon_lol:
Ама на добрата страна, содржи протеини :icon_lol:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.331
Поени од реакции
8.869
Небитно, фала што ми кажа дека те бива за „наоѓање“ профили, ако ми треба некој ќе те побарам. :pipi:
Го познавам лично овој, Дио. Линкот е од вечер пошто прв ми излезе на Гугл. :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Проблемот е што мислат дека Трпкова, Борјан Јовановски и останатите ги поддржуваат во протестите од искреност. А врска нема. Овие наброените се исти гнаси како Латас, Миленко, Јанко и Мирка само од спротивниот табор. Единственото што им е важно е да им дојде партијата на власт, и тука гледаат можност за тоа.
Сфаќаш дека не можеш да им кажеш: „Еј мамлази, немој уште еднаш да сте пишале за нас, немој уште еднаш да сте дошле на протест...“. Сфати, во овој медиумски полумрак што иде накај мрак, битен е секој медиум што ќе пренесе (секако, пожелно е што пообјективно што може).
Не можеш ти на некој човек што е од дпмне/сдсм или некоја трета партија „Еј, ти не може со нас на протест, партиски војник си, бла бла“. Тоа се вика попречување на слобода на движење, меѓудругото, плус зошто така да го етикетирам и дискредитирам кога можда стварно не му се свиѓа тоа против кое се протестира и таму е дојден како граѓанин, а не како човек од партија. Се надевам ме сфаќаш.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Мислите гајле му/ни е на студентите за Борјан и слични и СДСМ и ВМРО? Епа НЕ МУ Е. Се докажа до сега 1000 пати. Се што сакате да знаете за пленумите имаат објавено на ФБ со слики со ПДФ документи кои се барањата и какви се. Сите пленуми се отворени и секој може да види кој присуствува на нив и што се дискутира.

Ако нешто се постигне од ова мислите пленумот ќе му се заблагодари на нова или на моф или на незнам кој таму? Не. Студентите ќе бидат победници. И искрено тука се збора за подобро образование а не за подобра влада. Истото можеше да се случи и сдсм да беа на власт ако се донесеа вакви закони. Мислам аман луѓе еволуирајте со мислењава.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Znaci aman luge evoulirajte nie sme intelektualci lol! :-D

U koj film ste, najrealno?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мене ме воодушеви брзината со која го пронајдоа колегата и го прикажаа во партиско политички контекст, автоматски дефокусираќи се од содржината.

Секоја чест. Дувлото сепак се уште квалитетно работи.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Овај муабет за партиите е вртен милион пати, неможе да биде партиски подржан ако никој не ваѓа знамиња, симболи од било која партија.

А и Заев да им оди во факултетот сега единствен добитник ќе бидат студентите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom