Не те разбрав убаво, тоа дека задната станува тврда, сакаш да кажеш ако малку ја стиснеш одма блокира тркало ??
Тоа видеото што си го постирал, тоа е кога има воздух во системот. Ако е така ќе ти пропаѓа рачката и ќе биде многу мека кочницата, нема добро да кочи.
Кај тебе, мое мислење, е фабрички дефект/маана кај сите Promax хидро кочници. Знам и други што се жалат на ова, ги сервисирале (се испушта глицерин), но решението било привремено. Пак истото се случува !?!?!.
Ако не сакаш нон-стоп да се зезаш, ако си во можност замени ги со Shimano или Avid и ич да не му се секираш во иднина. Толку од Promax-от.
Тоа што свири задниот диск, може да зависи од повеќе фактори. Или е нечист, или е крив, или се контаминирани плочките (замастени). Пробај со 90% алкохол и чисто крпче да го исчистиш дискот, а ако се замастени плочките, тогаш најдобро да ги смениш за нови.