Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Ja sfakjam deka toa e rabota na zdravstvoto, samo me pogodi ovaa bagatelna suma za lugje cija mesecna plata e 30.000 evra.
Toa e taa humanost sto se vika.
Gi sfakjam i niv deka gi zamaraat lugje koi lazat deka im se potrebni pari za razno razni operacii i cuda.
Ama za vakvo nesto kade i samoto zdravstvo se oglasi, da si slusnal i da si se naprael na toso ne mi izgleda na fer poteg.
Pak ke spomnam, ova e bagatelna suma za milionerite nasi, ako si golem covek ke gi platis tie ebeni 30.000 evra bez da cekas nesposobnoto zdravstvo da ja zavrsi ovaa rabota.
Ej uste ne mi se veruva deka ne se najdoa 30.000 evra za spas na 10 godisno dete.
30.000 evra, 30.000 mili majki da vi naebam na site.
Не е ни до бизнисмените.
Тодоров излезе на прес конференција со соопштение дека фондот ќе издвои пари за девојчето.
И оттогаш почнаа да ја шуткаат ваму-таму.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.451
Поени од реакции
2.001
Кучиња едни расипнички. Бел ден да не видат. Сите пари земени од таму по доктори цел живот да ги трошат. Криминалци со тапија. Како можат да спијат со крв на рацете не ми е јасно.
Срам и арам да им е! :mad:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Како од такт ме вадат вакви ку**пушачки ликови...На сите што застанувате во одбрана на институциите кои се одговорни за животот на Тамара да ве снајде бетер судбина. Да ве гледаме вас под земја. Амин!!!
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
БЕСПЛАТНО добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8) за жал ова е злоупотребено од овие лекариве без пари не ти вршат работа никаде таков свет добивме тоа е...

И малку да се надоврзам со сегашниве работи онака пуштив Сител и гледам хуманитарна акција за поплавените... 30 пати во ден??? Но, несакам да грешам на душа... А каде беа за Тамара?
------------------------------------
Почивај во мир Тамарче...
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.896
Поени од реакции
11.197
Зборењето и млатењето празна слама по тастатури има бајаги мал ефект, најмал. Така да и постов што го пишувам е бадијала освен можеби, по некој истомисленик плус ако се најде.
Ова ќе пројде, нема да се заборави ама ќе биде ставено во фиока заедно со истите слични случаи. Можеби ќе падне некоја оставка, можеби нема, али тоа ќе биде се'.
Тоа што може да се направи е во нас. Работата е што моќта што ја имаме е огромна, само свеста не ни е развиена доволно очекувајќи дека со интелект ќе се смени нешто. За со интелект да смениш нешто треба да си во судар со интелектуални опоненти со грам совест и човечност, а не со овие без 'рбетници што се глуви на секое незадоволство на народот. Моќта е во нас, али не пред компјутери туку на улици. Не со мирно марширање и пароли од типот - Нема правда, нема мир. Зашто како што гледаме правда нема цело време, ама па супер мирни сме си. Не, не се збори за кршење и насилство врз се' што ќе се испречи на пат, туку концентрација на главните институции, идење директно на најновиот гипсен циркус што го редизајнираа и покажување сила и нерамнодушност тука. Добра поука би било за моменталниве и за некои идни во блиска иднина дека на народов може да му пукне филмот и да те уништи ако си заслужил. Зборувам за бајки веројатно, а бајки мразам. Не памтам нешто значително да се сменило со финоча, а финочава ни е средно име на нас... наводно напатените и револтирани граѓани.
Многу горчина и револт како да гледам, нерви искинати и срушена надеж, али на крајот од денот се што напишав погоре ќе биде оценето како радикално и примитивно, а е веројатно неопходно зло, дотаму е дојдена работава со овие крлежи. Но ајде, радикалноста на страна, најмалку што може да се направи е масовна бројка на незадоволна маса по улициве, за жал ни за тоа не сме способни на подолг период. Народов не покажал заби, затоа немаат страв, не ги лази мува, тераат по свое.
Малце широко завлегов али покрај сите гомненици што се случуваат, секојдневниот граѓанин се наоѓа најпогоден од вакви трагедии како со девојчето. Гледам погоре желби со стигнување на иста судбина, болести, карми и слично, а како што пиша еден погоре ние треба да сме кармата, ние треба да сме нивниот деспот, а не обратно.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не е ни до бизнисмените.
Тодоров излезе на прес конференција со соопштение дека фондот ќе издвои пари за девојчето.
И оттогаш почнаа да ја шуткаат ваму-таму.
Во ред, знам.
Пак ќе повторам, можеше да се најде/ат некој/и што ќе ти платеше тие 30.000 евра без девојчево и семејството нејзино да го чекаат неспособното здравство.
30.000 евра не се многу пари за луѓе што заработуваат милиони.
Мене уште не ми е јасно ова и тешко дека ќе ми се разјасни.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Во ред, знам.
Пак ќе повторам, можеше да се најде/ат некој/и што ќе ти платеше тие 30.000 евра без девојчево и семејството нејзино да го чекаат неспособното здравство.
30.000 евра не се многу пари за луѓе што заработуваат милиони.
Мене уште не ми е јасно ова и тешко дека ќе ми се разјасни.
Можеби е тоа така затоа што сите тие очекуваат дека секако ќе се најде некој почовеколико и помалку скржаво суштество од нив, кое прво ќе помогне.

Нема никакво оправдување за ова и за милион вакви работи. Не се сомневам дека многумина од нас непосредно почувствувале каква септичка јама ни е здравството и се што е поврзано со него. Ова не е од вчера. Мислам, и оддалеку се чувствува сета таа смрдеа која ја шири цела една структура, гомнарски џиновски споменик составен од обезличени хипокрити, дегенерици, медицински лица, лекари или нивни господари, сеедно.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Што суштества ќе беа? До толку ли беа бесчувствителни и неќеа да му помогнат на девојчето. За што се се фрлаат пари, а наводно неможеа за ова пари да дадат. Па и донекаде им одговара она..... убијци.

Нека почива во мир Тамара:place:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Нека почива во мир малечката Тамара, сочувство до семејството, за нив се друго сега е излишно, а тие се оние кои се важни...ако кај нас се понесуваше одговорност за секоја пиздарија од овој тип, немаше да бидеме ваква клепотократска творевина каква што сме.
Само кој од кого и со кој кредибилитет да побара да понесе одговорност...
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
757
Една информација. Девојчето имало хроничен бронхит и срцева маана покрај другата дијагноза. Фондот го одобрил случајот и немало проблем со средства. Проблемот бил во ненавремена распределба на случајот кај конкретни лекари хирурзи поради неговата комплексност.

Бог да го прости детенцето и сочувство до фамилијата. Тешки маки се ова.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom