Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
А, не, не. Нема да се заборави. Ова оди на душа од државата. Уште еден млад човечки живот отиде поради негрижа на државата, игнорантност.

Гадови. Ќе ви суди. Од народот, за народот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
им го посакувам најгнасниот рак што може да го фатат, да се борат за воздух и болката која станува поголема од ден на ден да не ги остава ни да заспијат ни под лекови. Барем парите од казниве што ги зголемија, од секаквиот рекет што го вршат нека одат за вакви работи.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Kako mozea be? Za 30.000 evra? Seriozno???????????

O bo bo strasno nesto, majki mislete po 5 pati pred da ragjate deca vo ovaa vukojebina.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
На сите заинтересирани за овој немил настан, им препорачувам да ја разгледаат темава (не е долга - 5 страни, само), ќе добијат подобар увид во развојот на настаните кои кулминираа така како што сите се плашевме.
Едно од прашањата е - како може со толкави казни, давачки, даноци и друг вид на арач, кој прилежно се применува, а кои се флагрантно несразмерни со платите на народот (да потсетиме повеќе од 50% зимаат 200 или помалку евра), е, како може со толкави дажбини, државата да не функционира до ова ниво?
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Нека ми прости Господ, знам дека е грев посакување несреќа и зло на други, но тешко е да се игнорира ваква несреќа која можеше и требаше да се избегне, и само да се излезе со коментар од типот "се надевам дека научија лекција од овој случај", бидејќи од една страна тоа не е доволно, а од друга страна, истите овие ѓубриња од лекари, политичари и бирократи, не спаѓаат во онаа група на луѓе кои учат од сопствените и од туѓите грешки, туку секогаш сакаат да си тераат по свое, дури и кога се свесни дека постапуваат неправилно и погрешно и пред се - неправедно.
Нема што да ти прости никој и не е грев.
Тие извршија убиство (и вршат редовно) со нивните потези а на народот му наметнуваат морален товар во облик на грев - само за да не ни ПОМИСЛИ нешто.

При чиста свест и здрав разум, посакувам тука и сега да прекине животот на било кој што бил макар и малку одговорен за ваков и слични случаи. И не гледам ништо спорно околу тоа.

Нема да ме зачуди и да било испланирано ова. Timing-от на изјавата дека ќе помогнат (како да прават нешто посебно, а само (не) ја вршат својата работа која е платена од народот) во однос на влошување на состојбата до кулминацијата: настапување смрт.

Каква жална вест! Каков ужас!
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Целата одговорност за смртта на ова девојче и на уште илјадници деца и возрасни, треба да ја понесат сите со „овие барем нешто градат“ став.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
Министерство мува не ги лази, без срам и перде, вината сега ја префрлаат на болницата, небаре ние овде од Марс сме паднати и не знаеме што се дешаваше. Доволно е само да ја разгледате темава од почеток.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.735
Поени од реакции
19.912
Neka pochiva vo mir devojchenceto, mnogu tazhno, nas kako ne strefi momentot, nesakam ni da pomislam za roditelite...

Edna kletva da gi fateshe gnasi edni gnasni, toa cela vlada I fond, pa uste kampanji za 3 to dete, tie ovie veke rodenite kurban gi davaat. Najloso da gi najde, na svoja koza da vidat da dade gospod.

Sesuste ne mi se veruva kako mozea da dozvolat, kako...
Pukni si sega Makedonijo, od pusta maka I bolka da si puknesh..
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Министерот Тодоров најдобро знае како е да имаш дете кое треба да е оставено во рацете на докторите. Ама за разлика од другите родители тој поради политички сплет на околности се нашол на позиција за да тоа дете ја добие сета неопходна нега.
Епа министре, онака како што го третираат вашето дете, така и многу други деца чекаат да бидат третирани.
Нека почива во мир девојчето, жално навистина.
Но, чива е кривицата? На министерот само? Епа не е.
Да бидеме реални, министерот не можи да биди задолжен секој индивидуално, си има институции, си има подредени кои се задолжени.
Е, кој све има таму, тоа е друго прашање. И никој не е крив освен самиот народ. Знам дека ќе ја свртам на политика работава,ама така е.
Ние сме криви што ги изгласавме, ние сме криви шо за да спасат еден газ во јавна администрација носат и штуро и сакато, луѓе кои не си ја знаат работата, кои се нашле на тоа работно место само поради нивната политичка определба. Утре да се смени власта и нив ќе ги нема.
Не е ова сега само да бидеш оставен на милост и немилост од институциите, да те шетаат од една врата на друга, а најчестиот одговор што ќе го добиеш да ти биди е "не знам како да ти помогнам"
Јавна тајна е дека и фондот ги злоупотребува парите што се дадени од граѓаните и се наменети за граѓаните. И не само фондот, цела држава така функционира.
Само ќе речам, недај боже да побараш помош од Македонија. Не дај боже да ја молиш државата за леб во Македонија.
Денес професорот Латас нека ги занимава пензионерите со вулгарности кои не му доликуваат ни на најобичен човек кој се обраќа во јавност, а не пак некој партиски новинар и самопрогласен професор. Простотилак на ниво.
Нека се занимаваат и Сител и Канал5 и МТВ со пучот, со тоа дали денес Заев ја фрлил бомбата или не, се сомневам дка ќе има некаков прилог на телевизија за ова.
Ама никој не е крив, народот бира кој да му кради од џебот.
И сите оние кои општествено одговорните позиции ги користат за лично богатење, сите оние кои се богатат на нечија смрт. Зошто некој во меѓувреме успеал да земи многу повеќе отколку што било потребно за лекувањето на ова девојче и на сите други деца.
Министре Тодоров, здравството е благородна работа, не е бизнис.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Гнастите се оградуваат од одговорност.
http://emagazin.mk/vesti/vest/5613

А што ја одбивавте пред да искочи приказната по медиуми и тоа ли не е ваша вина копилиња гнасни, да се испоцркате сите до еден од болештини за кои нема да ви дозволуваат лекување во странство.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
Народе, каква бомба ти е потребна после смртта на Тамара?!
09.02.2015 13:44
Став / Живот
Г.Т.

Утрово брзо се рашири веста за смртта на 9-годишната Тамара Димовска, малото девојче од Велес, кое со месеци чекаше помош од државата, а сепак на крајот не издржа и не ја дочека операцијата. Да се потсетиме, Тамара имаше вродена мана на рбетниот столб, а поради искривувањето ѝ беа притиснати белите дробови и другите внатрешни органи, па операцијата беше итна. Секој ден чекање значеше смртна опасност.

Министерот за здравство - да, оној 24/7 тип што во раните утрински часови шета по болници и се грижи дали некој дежурен лекар задремал и дали се пуши во просториите на болницата - изјави дека Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за нејзината операција. Но, операцијата се одложуваше и одложуваше, сè додека не стана предоцна.

И додека цел народ во Македонија е окупиран со исчекувањето на „бомбата“ што треба да ја открие опозициската СДСМ (божем без тоа не знаеме дека режимот е во криминал и злодела до гуша), се случи овој трагичен настан. Па добро, луѓе, каква уште бомба ви е потребна за да сфатите дека е време овој аздисан, криминален, антихуман режим да си замине?! Кој човек со здрав разум може да прифати дека една од најсиромашните држави во Европа ќе гради панорамско тркало од 18 милиони евра, а нема пари за итни операции од овој вид? Има пари за едукативни кампањи кои нè советуваат како да се грижиме за здравјето, а нема пари за суштинските нешта од кои ни зависи истото?!

Срамната игнорантност на државата во случајот на Тамара е само уште едно потсетување дека власта, иако управува со Македонија, живее на некоја друга планета. Уште колку Тамари треба да се случат за да сфатиме дека си имаме работа со нечовечни, корумпирани манијаци кои треба што побрзо да си заминат?!






Ако имате нерви читајте овде што се дешавало ноќеска.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/241806-majkata-na-tamara-mi-rece-mamo-me-boli-srceto-daj-mi-ja-rakata-da-me-cuvas








Се бара оставка од министерот Тодоров по смртта на деветгодишната Тамара
Мери Јордановска Призма
Речиси три месеци родителите на деветгодишното девојче кое страдаше од тежок деформитет на рбетниот столб чекаа Тамара да замине на итна операција. Министерот Тодоров на 21 ноември 2014 година вети дека сите трошоци за операцијата ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството и од Фондот.

На социјалните мрежи се бара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, откако утринава почина деветгодишната Тамара Димовска, која имаше тежок деформитет на рбетниот столб и чекаше итна операција во странство на државен трошок.



Извадоци од реакциите на социјалните мрежи по смртта на Тамара

На 21 ноември 2014 година министерот Тодоров изјави дека сите трошоци за изведување на седмиот по ред оперативен зафат во странство ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

„Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми поради што тој ќе биде изведен во странство, а сите трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија“, изјави Тодоров пред речиси три месеци.

На 21 ноември минатата година министерот Тодоров најави дека Тамара ќе биде оперирана на сметка на државата

Жаклина Димовска, мајката на Тамара во декември минатата година на својот Фејсбук профил напиша дека освен оваа изјава на министерот Тодоров, немаат никакви дополнителни детали за операцијата на нејзината ќерка која требаше да биде изведена во Турција.

„Нови нервози, непотребни трошоци, а никој не ме прашува од каде сега пари за тоа. Освен изјавата од министерот дека ќе го покријат лекувањето на Тамара, нема ништо ново. Никој не се јавил што понатаму, каде и како да се лекува Тамара. Жалосно е што мораме да правиме невролошки испитувања, состојбата ни се влошува се повеќе“, напиша Димовска.

Помина уште еден месец, а од заминувањето на Тамара на лекување во странство немаше ни трага.

Кон средината на јануари годинава телевизија „Телма“ објави дека мајката на Тамара добила ветување дека по Нова година ќе се конкретизира терминот, докторот и болницата каде ќе се изврши операцијата.

„Во меѓувреме се влошува здравјето на детето, а родителите речиси секојдневно молат по институциите. Од Фондот за здравство велат дека се работи за операција, на кој мора да работат повеќе доктори. Хирургот од Турција кој ја прегледал Тамара токму на барање на мајката, за ден или два ќе го каже точниот термин за оперција велат од Фондот. И министерот за здравство Тодоров потврди дека административни пречки повеќе нема“, објави „Телма“.

Иако административните пречки биле надминати, оттогаш помина речиси еден месец, а Тамара сè уште не беше замината на лекување.

Таа не го дочека тој ден. Утринава околу 6 часот таа била донесена во велешката болница без знаци на живот.


Бранко Аџигогов од Фондот за здравствено осигугурување не даде конкретни одговори на новинарските прашања

Поладнево, по повод немилиот настан, Фондот за здравствено осигурување одржа прес-конференција на која беше соопштено дека веќе била донесена одлука девојчето да се оперира во Турција, во здравствениот центар „Аџибадем“, а за терминот требало да се одлучува по 8 февруари. Сепак, присутните новинари, а со тоа и јавноста, останаа без одговори од какви компликации почина девојчето, каде се лоцира одговорноста и зошто процедурите траеле со месеци. Единствено, беше посочено дека е оставено на родителите дали ќе покренат процедура за евентуална одговорност од институциите.
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Гнастите се оградуваат од одговорност.
http://emagazin.mk/vesti/vest/5613

А што ја одбивавте пред да искочи приказната по медиуми и тоа ли не е ваша вина копилиња гнасни, да се испоцркате сите до еден од болештини за кои нема да ви дозволуваат лекување во странство.
Додека мајка и во очај молеше по телевизии да биде слушната, да и се помогне на Тамара, апелираше дека не смее да се чека, тие си правеа комбинации каде да ја пратат, како можат повеќе пари да исперат на нејзиниот грб.
Ми се превртуваат цревата од дувлово во кое живееме.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
Имаат ли овие деца бе?
Имаат, ама нивните потомци се згрижени до 16то колено.
Изгледа не знаат дека некои работи не се лекуваат со ниту едни пари на светот.
Само се надевам дека они лично некогаш ќе страдаат, ама од нешто што со пари не се лекува - не посакувам (како погоре) ништо лошо на нивните деца - не се тие виновни што бездушници имаат за родители.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom