Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.699
Поени од реакции
11.952
Уште една вест поврзана со најновите настани околу случајот со 10 годишната Тамара Димовска, овој пат од Телма.

Овие ѓубриња од луѓе наречени политичари изгледа живеат во некој паралелен универзум. Отворено и јавно велат дека нема пречки за лекување на девојчето, а девојчето и понатаму е оставено без потребниот лекарски третман.

А како и зошто родителите на девојчето останале без работа, тоа е веќе посебна тема, но сепак заслужна за внимание.

http://www.telma.com.mk/vesti/tamara-ne-e-na-lekuvanje-fondot-ubeduva-se-brojat-denovite

ТАМАРА НЕ Е ОПЕРИРАНА, ФОНДОТ УБЕДУВА СЕ БРОЈАТ ДЕНОВИТЕ

15.01.2015



Десет годишната Тамара Димовска се уште не заминала на лекување во Турција. Нејзините родители се во неизвесност иако Фондот за здравство одобри операција во странство на државна сметка. Мајката на Тамара добила ветување дека по Нова година ќе се конкретизира терминот, докторот и болницата каде ќе се изврши операција врз Тамара, но за сега одговор нема. Во меѓувреме се влошува здравјето на детето, а родителите речиси секојдневно молат по институциите.

Од Фондот за здравство велат дека се работи за операција, на кој мора да работат повеќе доктори. Хирургот од Турција кој ја прегледал Тамара токму на барање на мајката, за ден или два ќе го каже точниот термин за оперција велат од Фондот.

И Министерот за здравство Никола Тодоров потврди дека административни пречки повеќе нема.

Родителите веќе го губат трпението. За да издејствуваат државата да го плати лекувањето во странство мораа јавно да проговорат иако тоа законски и следуваше. Поради ангажираноста со случајот останаа без работа, па ако за брзо време не добијат одговор размислуваат да побараат азил.

Билјана Николовска
 
B

Bafra

Гостин
Во врска со нашето фантастично здравство :
http://vest.mk/default.asp?ItemID=558BB4F7CFD6B4419891447EC4B1C95D

Кога слушнав колку пари се дале да се покрие машкоста на Прометеј, а тие мака мачеа да најдат чаре за спас на нивното дете, добив идеја да направам разгледница за подигнување на јавната свест.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.699
Поени од реакции
11.952
:(
http://www.telegraf.mk/aktuelno/241604-ne-doceka-operacija-pocina-malata-tamara-od-veles
Цела фамилија да им испоцрка и на одговорните и на министерот шо мачкаше очи.
Бог да го прости девојчето, завршија нејзините маки.

Лесна и земја
нека почива во мир.

Сега на родителите останува да си го истераат своето со другата ќерка која исто така е болна, да си ги соберат парталите и да бараат азил, како што спомнаа претходно, бидејќи во спротивно, ќе ја имаат таа несреќа да си го надживеат и второто дете, не дај Боже !!!

А на сите тие таканаречени лекари, советници, здравствени работници, министри, заменици министри и останати лицемери кои глумеа лудило и си играа топло-ладно со животот на ова невино девојче, останува да им посакаме да ги почувствуваат нејзините маки и болки и на своја кожа, но не додека не ги надживеат и сопствените деца, па на крајот да им завршат маките и болките на истиот начин на кој завршија маките и болките на ова невино девојче.

Нека ми прости Господ, знам дека е грев посакување несреќа и зло на други, но тешко е да се игнорира ваква несреќа која можеше и требаше да се избегне, и само да се излезе со коментар од типот "се надевам дека научија лекција од овој случај", бидејќи од една страна тоа не е доволно, а од друга страна, истите овие ѓубриња од лекари, политичари и бирократи, не спаѓаат во онаа група на луѓе кои учат од сопствените и од туѓите грешки, туку секогаш сакаат да си тераат по свое, дури и кога се свесни дека постапуваат неправилно и погрешно и пред се - неправедно.
 
Последно уредено:
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Ми се стресе душата од веста, не знам ни која најлоша клетва да ја изустам, немам зборови.
Како спијат животните што го дозволија ова?! Сочувство до родителите...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Сигурно е на некое подобро место сега, зошто поголема казна да се родиш во ваква проклета држава нема. Кај ќе им одат душите и како успеваат мирно да заспијат ноќе.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Нека и е лесна земјата :(
Каде ни отиде општеството.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Жално, жално, жално......Срам да им е !!!
Почивај во мир Тамарче.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Каратистов планира да поднесе оставка? Ја незнам како ли тој човек спие мирно...
Само последниов месец починаа 3 деца кои не дочекаа ни основно да завршат!!!
Жално :confused:
 
Член од
22 април 2011
Мислења
323
Поени од реакции
105
Нелуѓе, нечовечни, нехумани не знам ни како да ги наречам поинаку овие без мозочни имбецили кои си перат пари од се, а не сакаа да помогнат на една мала душа на која и престоеше цел живот но некои и го скратија тоа... Почивај во мир Тамара...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
Како спијат животните што го дозволија ова?!...
Се возат во речни галии и уживаат во благодетите на стиропорниот барок.
... додека контата во Белизе, Кипар и Панама се дебелеат.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Се возат во речни галии и уживаат во благодетите на стиропорниот барок.
... додека контата во Белизе, Кипар и Панама се дебелеат.
Ќе ги покрие и нив 2 кубика земја, ништо не е вечно...
 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Сега ќе излезе Патката и ќе каче дека се работеле било напорно ги фатило и поплавата итн итн која мајка ги родила овие што дозволија ова да се случи да им се плукнам у крвта.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.193
Поени од реакции
85.802
30.000 евра.... капка во морето за нашиот фонд, ама што да им правиш кога тие милиони од буџетот мора да се потрошат на златни гаќи и патни трошкови. Знаете што е најтажно, што пред неколку недели рекоа дека ќе им излезат во пресрет на семејството.... и што се деси на крајот? Немам зборови, незнам како се чуствувало девојчето во последниве денови, несакам ни да замислам, језиво е навистина. 10 годишно девојче, целиот живот пред нејзе, скратен од некои си говеда кои се дават во пари. И потоа како да не бегаш од државава? Стоки, не отруја деновиве со Пучеви, Зајци и Странски Служби, а прашање е дали нешто ќе објават за детево... мислам и јас будала, тие цело време лажат за тоа како не биле сериозни поплавите во Македонија, па за еден "безначаен живот" би си го трошеле времето.

Разочаран, гневен, вчудоневиден.... толку од мене, нека почива во мир девојчето, сочуство до фамилијата, нека соберат сила да ги преживеат овие тешки мигови во нивните животи, и дајБоже во иднина од арно да не куртулат.... а што се оденсува до "господата" што седат на фотељите, ќе дојдат и нивните 5 минути, се ќе наплатат со се камата, племето нивно арамиско
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom