Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Кои барања? Тие барања премиерот ги знаеше уште пред три месеци. На тие барања се смееше, студентите кои ги пренесоа беа нарекувани со погрдни имиња. Чуму враќање чекор наназад. Не чекор, два. Тоа го прашувам од прееска.

Му требаше сламка спас, ја доби во нас.
Aма човек што доби премиерот од студентите?
Дали некој му кажа некој океј супер што го одложи законот на една година ќе си одиме сеа сите по дома?
Беа двајца да слушнат што има да каже, и да пренесат.

Дали студентите ќе го прифатат тоа или ќе кажат не, тоа не се нашите барања ние продолжуваме со окупацијата зависи од мене од тебе од Трајко од Петко на пленумите!

Плус, еве и официјално од СП дека ќе се одлучува на пленуми
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Нема да облечат дрес. Одбивањето е сосема легитимно и не те обојува. Пак ќе речам, ќе упростам.

Станува премиерот сабајле и му текнува дека треба да дискутира ВОНДРЕДНО со Пленумот околу законот за високо образование.
( Пленумот милион пати претходно повикуваше на конструктивна дискусија, дискусија со сите субјекти и засегнати страни. Пленумот беше одбиен по ова прашање).

Премиерот не е државата. Не е извршна, законодавна и судска власт. Е, но тоа благодарение на вакви чекори се потврдува.

Ти велиш облекување дрес, јас велам кршење на Устав. Уште еднаш.
Тоа е веќе ствар на толкување и најверојатно нема да се согласиме. Битно, бар за мене, е дека на студентите им се понуди избор да не мораат да бидат дел од една многу прљава борба. Што ќе изберат веќе е нивна одлука, ама битно е дека не се вовлечени во таа битка.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.409
Одложување не е никаква добра вест.
Ништо он не попуштил. Демек тие од 2018 нека го кркаат, битно денешните се спасија од држвана контрола. Ова "попуштање" му е во контекст на подобрување на имиџот поради постојаното губење симпатии - процес што ќе ескалира, следната недела.

Типично македонски - ако нас лично не нѐ засега неправдата, тогаш не е наша работа.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.330
Поени од реакции
18.406
Одлуката се појде во кабинетот на премиерот не беше донесена на ниво на Пленум. Тие приказни на друг.
сва среќа не мора секоја одлука да биде донесена на пленум.Мора да има луѓе што ќе се истакнат и преземат одговорност.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
сва среќа не можа секоја одлука да биде донесена на пленум.Мора да има луѓе што ќе се истакнат и преземат одговорност.

Така е. Но, веќе сме во зрела фаза. Сега не смее да се носат одлуки на своја рака. Ова повеќе не е само игра.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.330
Поени од реакции
18.406
Така е. Но, веќе сме во зрела фаза. Сега не смее да се носат одлуки на своја рака. Ова повеќе не е само игра.
Баш дека е во зрела фаза не мора веќе глупирање од типот собири гласања и тн.Некој да застане како претставник на движењето.
Замисли груевски бара состанок,па се организира пленум дали да се отиде,па пленум што да се побара и на крај пленум дали да се прифати.Нема смисла.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Aма човек што доби премиерот од студентите?
Дали некој му кажа некој океј супер што го одложи законот на една година ќе си одиме сеа сите по дома?
Беа двајца да слушнат што има да каже, и да пренесат.

Дали студентите ќе го прифатат тоа или ќе кажат не, тоа не се нашите барања ние продолжуваме со окупацијата зависи од мене од тебе од Трајко од Петко на пленумите!

Плус, еве и официјално од СП дека ќе се одлучува на пленуми

Ништо. Затоа сега на нивните медиуми оди вест ,,студентите и премиерот се договорија'' , ,,студентите попуштија'' итн.
Помалку неинформираните ќе наседнат на сето ова, ќе се чувствуваат изневерено и разочарано. И ќе почне да отапува острицата.

Ова е само една консеквенца од денешната средба. А ги има повеќе.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Одлуката се појде во кабинетот на премиерот не беше донесена на ниво на Пленум. Тие приказни на друг.
Пленумот мора да има водачи, не може секоја одлука да се носи на ниво на 300 души. Хоризонтална организација не може да постои. Мора да има неколку што ќе се пресечат. Биле контактирани најактивните ваљда и отишле.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.330
Поени од реакции
18.406
Пленумот мора да има водачи, не може секоја одлука да се носи на ниво на 300 души. Хоризонтална организација не може да постои. Мора да има неколку што ќе се пресечат. Биле контактирани најактивните ваљда и отишле.
и добро што отидоа,после брукањето со ванковоска искочи ко пленумиве да не знаат за што протестираат :)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пленумот мора да има водачи, не може секоја одлука да се носи на ниво на 300 души. Хоризонтална организација не може да постои. Мора да има неколку што ќе се пресечат. Биле контактирани најактивните ваљда и отишле.

Мора. Хоризонтална хиерархија, само на хартија. Не е тоа поентата. Тие неколкумина што ја презеле палката, морале да размислуваат рационално и разумно и во името на 10 000 останати колеги позади нив.

Извини, одлуката да се појде во кабинетот на премиерот, воопшто не ми изгледа разумна и одговорна.

Ова е мислење на еден од главните протагонисти на приказнава.

Јас, XX, како член на Студентски Пленум, одговорно тврдам дека немам ништо со денешната средба со Груевски, лично сметам дека со Груевски нема можност за дискусија, со што се оградувам од сите можни квалитативни и квантитативни импликации од таа средба.
Исто така се оградувам од процесот на селекција на „преговарачи“ којшто ја прекршува основната цел на постоењето на Пленумот, односно, делегирање на членовите на Студентскиот Пленум од страна на ректорот Велимир Стојковски, којшто добил дојава, односно команда од Владата да контактира двајца Пленумци и да ги договори на итен состанок во Владата. Според тоа студентите не решија меѓу себе дали имаат волја да преговараат во вакви услови со премиерот, а беа повикани од страна на Ректорот на којшто му беше наредено од Премиерот, во исто време и дали сакаат „селектираните“ студенти да ги претставуваат во „преговорите“. Според тоа, Студентите (и јас лично како студент) испаднаа изиграни против нивна волја. Без целосно укинување на законот за високо образование НЕМА(!) преговори!
Лично сметам дека веќе сме презаситени од вакви игри на владата, со што не веруваме и не сметаме на ниту една нивна добра намера.
Јас, како студент, а верувам и останатите студенти ќе продолжат да ги бијат битките коишто им ги наметнува оваа влада, а битките се многу по број, со што јавно искажувам дека мене (лично) Груевски ми е непријател по сите основи, исто како што и министерот Адеми, исто како што и владиниот интелектуален полтрон и апологет Каракамишева.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мора. Хоризонтална хиерархија, само на хартија. Не е тоа поентата. Тие неколкумина што ја презеле палката, морале да размислуваат рационално и разумно и во името на 10 000 останати колеги позади нив.

Извини, одлуката да се појде во кабинетот на премиерот, воопшто не ми изгледа разумна и одговорна.
Зошто?
Види вака, Пленумот оди од подредена позиција. Премиерот е тој што има моќ.
Они можеа да не се појават. И?
Ќе си пишуваше по медиуми како студентите намерно саботираат и не сакаат да дебатираат, ќе паднеше дамка врз пленумот, а планот секако ќе си продолжеше со спроведување.
Тие имаат моќ да донесуваат одлуки, тие ти нудат состанок и ти одиш, бидејќи тебе ти е во интерес да соработуваш и да се вклучиш.
Зошто Премиерот треба да ги брка, кога секако си е во победничка позиција? Пленумот е тој кому е во интерес овој закон и испитот и нормално е да се појави кога ќе биде повикан.

Размислувај малку порационално и како е реалноста, а не како треба да биде.
 
Ееееееееееееееееј!

Последно. Ама навистина.

Пленумци милион пати повикуваа на конструктивни дискусиии. Беа одбиени. Премиерот беше тој кој што се изнасмеа на нашите барања, не потцени, не навреди. Додека бевме на улица и додека се спремавме за сесии, тој и неговите луѓенца го изгласаа законот. Без никакви дискусии.

До пред еден месец, законот беше добар и беше средство за подобрување на високото образование. Сега ценетиот премиер станал на десна нога и му текнало нему дека треба да се дискутира отпосле за законото и реформите.
Па ги ПОВИКАЛ во СВОЈОТ кабинет, небаре како татко му да му го оставил, се однесува како ДРЖАВА и ги спојува во едни ТРИТЕ ВЛАСТИ.
Тој не е НАДЛЕЖЕН да го прави тоа. Постои соодветно МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ.

Не СМЕЕЕМЕ и не МОЖЕМЕ да го прифатиме ова. Бидејќи е кршење на Уставот.

Е сега, бидејќи премиерот е притиснат од повеќе страни и така му налага политичката ситуација во моментов, бара средба со студентите. И тоа со студенти избрани од ректорот Стојковски.
ЗОШТО да се преговара со некој кој претходно те плукал и омаловажувал? НАША КОРИСТ НЕ Е ПРОЛОНГИРАЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ИСПИТ или модификација на истиот. НАША ЦЕЛ Е НЕГОВО ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ.
Оваа средба не донесе ништо ново, освен ставање на проблемот под тепих. КАКО Е ОВА ВО ПОЛЗА НА НАШИОТ ИНТЕРЕС?

Очекував барем ти да сфатиш и да не го релативизираш денешниот неуспех.

Толку од мене на оваа тема за денес.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Пленумците ова со одложувањето го прикажуваат како успех... :facepalm:

Пази еден детаљ, викаа не идеме на дебати за да не им дадеме легитимитет на промениве и на државниот испит, а прифатиле истиот тој државен испит да се одложи само за 1 година ?!
Смешно ми е, стварно смешно...

Така е кога они уште си мислат дека Груевски е идиот кој паднал од небо, кој си нема појма шо праи...
Затоа денес со средбава ги фатија на спиење и вака некоординирано настапуваат. Ама ако, пак нели безусловно ќе ги браниме и поддржуваме зошто нема никој друг што се бунтува, нели ?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Некоордираноста им е најголема грешка. Ги победија на кондиција и искуство.

Стојам на тоа дека е ок што отидоа на состанокот, но не и тоа да го прикажуваат одложувањето како успех од историски пропорции. :)
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Нели сегашните студенти не биле засегнати со овие измени зошто сега ги повикува на средба не ми е јасно?
1:00 Типот со што е задоволен од средбава дане пиел добро сокче?
Јасно е дека владата има притисоци од секаде и наоѓа начин да се справи со тие а да не им бидат товар студентите и професорите во овој за нив кризен период.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom