Фан клуб - РК Вардар

Dobro be ne mozat onie na biletarana malce pobrzo da rabotat.... Pola saat cekav, u 15ta minuta vlegov...

Utakmicata dosta izramneto u prvo poluvreme, vtoro malce stegnavme, Sterbik fati nekoja topka i se odlepivme malce.
Iako mozese i mnogu polesno da bide, dosta ziceri promasivme. Solidna posetenost, okolu 2500-3000 lugje, Komiti solidna brojka, prvo poluvreme odlicno navivanje, vtoro malce poslabo.
 
Луѓе влегуваа до крај на прво полувреме, колкава гужва имаше на билетара уште 20 минути пред утакмица :D
Солидна посетеност, само секогаш е вака на првите мечеви, после пак ќе падне посетата.

Слаб натпревар изигравме денес, а и противникот играше доста слабо.
Кондициски се паднати и двете екипи, сепак СП си го зема данокот, пошто мислам дека и двата тима даваат доволен број на репрезентативци.
Шишкарев ја продолжува добрата форма после светското, ми се допадна како изигра.
И Прибак имаше некои добри влезови, дај боже да задржи посолидна форма, пошто на почеток на сезонава играше просечно...
Дибиров стандардно добар, со тоа што утна и неколку зицер, ама го подобри процентот од пенал, само еден промашен од 4-5 пенали :P
Штербик не можеше топка да фати, ама беше одличен кога највеќе требаше. Фати неколку топки и победивме.
Бековската линија одвај се движеше. Освен Прибак, другите доста тромаво играа. Чат-пат Лазаров ќе шутнеше од далеку, неколку пати солидно ја продолжи топката до крило, Горбок имаше еден влез по кој реализираше, Душебаев извади пенал и даде некој гол (можеби и само еден), Терзиќ исто некогаш се креваше на шут и имаше една контра во прв дел, ама сепак останува заклучокот дека се доста физички паднати. Да се молиме дека Карачиќ ќе се одмори добро по светсково, денес беше доста тивок во однос на завршницата на првата полусезона. Ама и не се форсираше многу...
Тоскиќ солиден на пикер, Столе не можам да сфатам зошто не може да ја повтори играта од репрезентација :D
Ќе фати топка, ќе се сврти и ќе утне :place:

Ова ни беше доста важна победа во битката за фајнл форот, досега ги тепавме сите ривали на домашен терен, а уште со Веспрем немаме играно дома.
 
За утакмицава нема што многу да се зборува.Одиграно ради-реда беше ова денес,но најважно од се е тоа што Вардар и во вакви утакмици победува.Со втора постава на бекови го почнавме натпреварот и уште тука беше јасно дека ќе се штедат силите и дека Вардар нема по секоја цена да тргне со сите сили и да го прегази Мешков.Во второто полувреме шанса добија и Карачиќ,Горбок и Душебаев и тука во оние 5 минути кога Вардар играше сериозно се виде разликата во класи и лесно отидовме на +2 или 3 голови кои што ги зачувавме до самиот крај без опасност од противникот да се доближи и да изедначи.Лагано со втора брзина добивме меч со еден од тимовите кои што се посериозни во Сеха лигата и се надевам дека формата ќе биде добро темпирана за клучните мечево од ЛШ оваа сезона.

Посетеноста за меч од Сеха лига би рекол дека беше одлична.Околу 2.500 луѓе во сала на ваков меч е посетеност за почит и се надевам дека и во иднина ќе биде вака.Навивањето во прво полувреме супер,но затоа во второ чиста нула.Се додека некои работи не се искоренат во групата и однесувањето на поединци групата ќе тапка во место и бројка како денешната ќе биде вистинска премија.Не знам точно зошто настана таа тепачка,но доколку е она што претпоставувам тогаш реални ако бидеме ќе мора да признаеме дека Комити нема веќе никогаш да станат сериозна група како што беа пред 5-10 и повеќе години.

Она што мене денес најмногу ме изнервира е Дибиров и неговата приватна забава на терен.Знаеме дека може да даде гол од мртов агол,знаеме дека може да сврти топка од крило како што ретко кој може,знаеме дека е брз и се тоа ама кога ќе почне вака да претерува ептен ми иде на живци.Денес 4-5 топки + еден пенал ги заеба како што не смее ни на тренинг да ги заебе,а не па на утакмица против еден доста солиден противник.Само тоа негово циркузантско однесување да не не кошта елиминација во ЛШ на некој клучен натпревар,а ако вака продолжи не би ме чудело и такво нешто да се случи.

Шишкарев и Терзиќ заедно со Арпад најдобри денес.Првиов со исклучок на ситуацијата кога сакаше да го глуми Дибиров и проба без врска да го лобува голманот на Брест и погоди пречка наместо да даде лесен гол изигра за чиста 10ка.Терзиќ во прво ја продолжи низата на добри натпревари во Сеха лигата,а Арпад и со нула одбрана пред него фати неколку тешки топки.
 
Фичо денес фаќање инает ко брат му, два пати по ред шутна, првиот му го изблокираат на вториот брцна гол кроз ноги :icon_lol:

Срамота е тепањето меѓу себе ради изигравање Забрањени на водечката подгрупа. Туѓ срам ме изеде. Нека не се чудат кога ќе им одат по 50 души после на утакмица.
 


Друже, едно е што вика срцето, друго е што вика разумот. Сите го сакаме и цениме Прибак и неговиот придонес, но од друга страна сакаме и FINAL 4. Едноставно некои играчи не се за шампионски тим. Разликата од просечен до солиден и до одличен играч е во константноста. Прибак веќе некое време не е у форма. Манасков исто така ќе може од Дибиров да ги собере финтиве, и за 1-2 години да биде одлично крило. За Марсениќ, по тоа што видов од него во Металург, има предиспозиции за да биде во топ 5 пикери во свет.
 
Штета за Прибак,икона на Вардар,спортист за пример и људина човек,но посакувавме силен Вардар кој ќе игра Ф4 а старите велат,внимавај што ќе посакаш,може да ти се оствари..Да направиме нешто со што биго задржале реално неможеме,можеме само да го испратиме ко што заслижува!!!
 
Ајде што Прибак најверојатно ке си оди ке мора некако да го преболиме. Но се отвора едно друго прашање тука. Кој ке е новиот среден бек за идната сезона? Сега ке почнат шпекулации за еден куп играчи. Баш ме интересира кого ке го договори или веќе е договорен од газда Сергеј.
 
Кур да пушат. Кога можат смрдлине да ги плаќаат за да ги товари некој, да плаќаат другари нивни, момчиња, можат да ги плаќаат и да ги задржаат тие што се најзаслужни за овој Вардар. Гниди покварени, дај Боже никад да не се пласираме на фајнл фор
 
Баш кул ако успеале да го соберат Марсениќ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom