head
ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Конечно , после сите нервози со исклучувањето на ТВ канали , денес прочитав добра вест .
Еве мал дел од новините кои се вклучени во новодонесениот правилник со обврски за операторите :
"Во моментот кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да си ја сработи домашната работа во однос на обезбедувањето на авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине, што не беше случај досега. Телевизиските оператори досега беа во состојба да ја менуваат содржината, но сега веќе не можат да го прават тоа, рече денеска на пресконференција директорот на АЕК Роберт Ордановски.
Според него, ако биде исклучен некој од каналите за чие емитување се обврзал операторот во договорот, корисникот има право веднаш да го раскине, без никакви пенали."
Браво за АЕК , да ги видиме сега операторите дали така лесно ќе менуваат/исклучуваат канали , а без притоа да ги заболи уво за корисниците .