Mislenja i sugestii za Mazda CX-7

  • Креатор на темата Креатор на темата ross
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2015
Мислења
5
Поени од реакции
1
Возраст
45
Forumci
ke moze li da mi dadete iskustveni mislenja i sugestii za Mazda CX-7. Ja gledam podolgo vreme za kupuvanje nastaro. Dizajnot mi e perfekten, mislam deka i nema SUV koj e priblizno slicen dizajnerski na nea, no ne znam kakov i e kvalitetot, nadeznosta i eksploatacionite trosoci (dizel varijanta)
Blagodaram
 
Внатре е премала во однос на димензиите кои ги има. Одлично е сработена, доверлива е и релативно ефтина за одржување. Она што не ми се допадна кај основните модели е тоа што доаѓаат со ефтин ентериер, т.е. ефтини матерјиали за тапацирање и пластики, рачките за отварање на врата од внатрешноста не се хромирани и друго. Потрошувачката е релативно висока со оглед на тоа што има големи и широки тркала и е релативно тешка. Рачунај во град дека нема да бидеш под 10l/100km дизел, a на отворено нема да си под 7l/100km.
 
Па јас и не си се согласил со членот над мене дека колата внатрешно е премала.
За одржување во однос на други теренци е многу полесна и поефтина. Потрошувачката и е некаде средна, како и за други теренци. Има огромен багаж.

Јас лично кога би бил на твое место и кога би купувал теренец на старо, би се одлучил за друга кола. И ако не е тајна колку пари имаш спремено за купување кола? Би можеле да ти предложиме и нешто друго :)
 
Па не реков дека внатрешноста е премала, туку дека е премала во однос на надворешните димензии на возилото. Инаку да, за SUV, дефинитивно има премала внатрешност(и надворешност), Ala Smart for two. Ова се SUV-ови со голема внатрешност, а CX-7 не е во нивна класа за да се споредува туку CX-9.
 
Ме изненадивте за големината на ентериерот. Инаку потросувацката е кај сите тука некаде ако не и помал. Имам возено фрелендер - 2011 потросувацката комбинирана никогас не била помала од 12л (2000цц)[DOUBLEPOST=1422618346][/DOUBLEPOST]зборувам за избор од 15к-20к
 
А зошто не си земеш БМВ Х5 или Х3 на старо? Или некој Ланд Ровер?:)
 
Убав џип е Mazda CX-7 мене лично многу повеќе ми се допаѓаат и повеќе доверба имам во Nissan X-Trail и Toyota Land Cruiser. Пред некој ден на mobile.bg вртев огласи од големиве џипови и ме фасцинираа цените на Volvo XC90 исто така и на Land Rover - Range Rover околу десетина години стари се надевам со реални километри и одлични цени. Лично јас повеќе би се одлучил за настаро ваков подобар бренд одколку наново понеквалитетен бренд. Можда ке има поскапи делови али наспрема полошиот бренд ке го поправаш поретко а и најбитно ке уживаш многу многу повеке.
 
Му ги предложи најскапите џипови за одржување.
Ако ги купи на старо, а тие бидат добро одржани (што некаде би прочитал... како нови:D), одржувањето е некаде слично како и за кој било друг џип:)
 
Му ги предложи најскапите џипови за одржување.
Ќе се усреќи , плус сите шо ќе ги начека се со реални 100.000km и возени од баба па чувани во гаража покриени со ќебиња...За да биде сигурен дека до крај на живот освен уиље и филтри нема ништо друго да чепне....

Иронија на страна, дефинитивно се најскапи за одржување и нај-експлоатирани. Додека имаат душа ги возат, после ги продаваат. А кај нас доаѓа ѓубрето од Италија кое бугарите не успеале да го продадат кај нив, па лакомите газови овде немаат обзир кога некого ќе закрпат со некоја канта.

Што се однесува до сервис и одржување, конкретно имаме службен Discovery3 3.0TDI од 2009-та или 2010-та, купен нов од Маккар. До сега има изминато 130.000km и не знам колку пари расфрлено за одржување и сервиси. Да биде нај-јако Маккар пропадна пред скоро, па последен пат на редовен сервис го носеа во Косово. Покрај редовниот сервис, сменет беше катализаторот и уште некоја електроника за што се на се плативме околу 5000 евра. Нареднава недела сум на пат, ама кога ќе се вратам ќе ја побарам фактурата, ќе ја сликнам и ќе пратам фото за да не рече некој дека тролам.
 
Му ги предложи најскапите џипови за одржување.
Како па да не
Сите 4 задни штопови од редизајнот на х5 та се 4,5к.
Предните странични жмигавци се 600 ден парче.
Пуммпа за гориво комплет 6к,а само моторчето 2,5к
Воздушен буфер 3к.
И што е тука скапо во однос на другите автомобили
 
Ако ги купи на старо, а тие бидат добро одржани (што некаде би прочитал... како нови:D), одржувањето е некаде слично како и за кој било друг џип:)

ти бобче не знам ни дали знаеш што е тоа одржавање, ти мислиш да не тоа е носење у перална случајно?
 
Убав џип е Mazda CX-7 мене лично многу повеќе ми се допаѓаат и повеќе доверба имам во Nissan X-Trail и Toyota Land Cruiser. Пред некој ден на mobile.bg вртев огласи од големиве џипови и ме фасцинираа цените на Volvo XC90 исто така и на Land Rover - Range Rover околу десетина години стари се надевам со реални километри и одлични цени. Лично јас повеќе би се одлучил за настаро ваков подобар бренд одколку наново понеквалитетен бренд. Можда ке има поскапи делови али наспрема полошиот бренд ке го поправаш поретко а и најбитно ке уживаш многу многу повеке.
Мазда понеквалитетен бренд што ќе го поправаш почесто :vozbud: Значи кога ќе треснете нешто...
 
Мазда понеквалитетен бренд што ќе го поправаш почесто :vozbud: Значи кога ќе треснете нешто...
Квалитетот се гледа и во изработката на материјалите, кожните седишта, панорамскиот кров, климата во колата итн. Колку една кола ке се расипува е индивидуална работа се разбира али сепак пред квалитетот стои и брендот.
 
Троши ужасно многу, тешко се продава, делови изгор. Подобро Х5 или Х6.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom