Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Значи во јордан течел суперфлуиден хелиум II на екстремно ниски температури.....интересно.

Ma не:). Туку сакам да ти укажам дека течењето нанагоре не е невозможно. Во Енциклопедијата пишува дека според рускиот физичар Јаков Френкел, хелиумот II затвора допирен агол од 0 степени со секоја површина и дека може да се "искачи" по вертикалeн ѕид висок 100 km.

Зошто под одредени услови и механизми, кои нам сеуште ни се непознати, дел од водата во Јордан не би можела да постигне суперфлуидност? Сè што е потребно е вискозитетот на некои гасови што се наоѓаат во водата да биде 0.

Dynamic_Viscosity_of_Water.png
 
Последно уредено:
Ma не:). Туку сакам да ти укажам дека течењето нанагоре не е невозможно. Во Енциклопедијата пишува дека според рускиот физичар Јаков Френкел, хелиумот II затвора допирен агол од 0 степени со секоја површина и дека може да се "искачи" по вертикалeн ѕид висок 100 km.

Зошто под одредени услови и механизми, кои нам сеуште ни се непознати, дел од водата во Јордан не би можела да постигне суперфлуидност? Сè што е потребно е вискозитетот на водата да биде 0.

Dynamic_Viscosity_of_Water.png
Дискусијава е за реката јордан, како успеа да поврзеш суперфлуиден хелиум II со богојавление и тврдењето дека реката се враќала наназад на видеата?!
 
Само сакав да ти посочам дека течењето нанагоре постои во природата и неговите механизми се објаснети од физички аспект. Односно, не е нешто што треба да го отфрлиш како потполна бесмислица. Се разбравме ли:)?
 
И летањето постои во природата, тогаш зошто да сметаме дека слоновите неможат да летаат? Се што треба е да имаат доволно големи уши и доволно силно да мавтаат со нив. Се разбираме нели?
 
Да, да секако. Суперфлуидноста е едно од објаснувањата. Друго објаснување би можело да биде гравитациска аномалија, трето објаснување би можеле да бидат одредени подводни струења итн.

Ако нешто ни е чудно и необјасниво со сегашново ниво на знаење и технологија, не треба да го отфрлиме како потполна глупост и бесмислица.

Што се однесува до летањето, дали си видел human-powered aircraft, направа со која луѓето може да летат користејќи ги само сопствените мускули?

bang_jem_inair_500.jpg

2_uada4_40123_7rjcy_eiv62.jpg
 
Дали ти на видеата гледаш било каде реката да смени правец? Знаеш ли каква сензационална вест би било тоа? Зошто никаде нема ни збор за тоа? Која црна суперфлуидност каква гравитациска аномалија?
 
A таа сензационална власт ќе биде пренесена утре сабајле.

Ајде кажи, колку емисии си погледал за лорандитот во Алшар, за опсерваторијата во Кокино, за Адам од Говрлево, за геоглифот во Црнилиште, за Скупи, за Тауресиум, за Стибера, за Баргала, за Вардарски Рид и останатите археолошки наоѓалишта?
Колку репортажи си погледал за македонските градови и села, нивниот настанок, историја и хронологија?
Колку емисии си погледал за Јован Кукузел, Атанас Бадев, Сашка Петковска? Колку емисии си погледал за македонските композитори? Колку македонски опери, симфонии и шлагери си слушнал?
Колку емисии си погледал за Кирил и Методиј, Климент и Наум, Григор Прличев, браќата Миладинови, Марко Цепенков, Црноризец Храбар, Кирил Пејчиновиќ?
Колку емисии си погледал за македонските цркви и манастири?
Колку емисии си погледал за македонските писатели и за македонските сликари?
Колку емисии си погледал за македонските копаничари, фрескописци и иконописци?
Колку емисии си погледал за македонските занаетчии?
Колку емисии си погледал за македонската флора и фауна?
Колку емисии си погледал за македонските печурки и лековитите треви и нивните ареали на распространување на македонска територија?
Колку емисии си погледал за пронајдените фосили на македонска територија?
Колку емисии си погледал за релјефните форми, реките, езерата, пештерите во Македонија?
Колку емисии си погледал за македонските иноватори и нивните пронајдоци?

Не си погледал бидејќи ги нема. И ако не можеш да ги погледаш на македонските национални телевизии, каде би можел да ги погледнеш? На таџикистанската или намибиската телевизија? Од друга страна на нашите "национални" телевизии секојдневно ти се нуди турски, индиски и српски треш со кој се промовира примитивизам и бестијалност.

Треба да бидеш начисто дека медиумот не постои за да образува, туку да заглупува.
 
Последно уредено:
A таа сензационална власт ќе биде пренесена утре сабајле.

Ајде кажи, колку емисии си погледал за лорандитот во Алшар, за опсерваторијата во Кокино, за Адам од Говрлево, за геоглифот во Црнилиште, за Скупи, за Стибера, за Баргала, за Вардарски Рид и останатите археолошки наоѓалишта?
Колку репортажи си погледал за македонските градови и села, нивниот настанок, историја и хронологија?
Колку емисии си погледал за Јован Кукузел, Атанас Бадев, Сашка Петковска? Колку емисии си погледал за македонските композитори? Колку македонски опери, симфонии и шлагери си слушнал?
Колку емисии си погледал за Кирил и Методиј, Климент и Наум, Григор Прличев, браќата Миладинови, Марко Цепенков, Црноризец Храбар, Кирил Пејчиновиќ?
Колку емисии си погледал за македонските цркви и манастири?
Колку емисии си погледал за македонските писатели и за македонските сликари?
Колку емисии си погледал за македонската флора и фауна?
Колку емисии си погледал за македонските габи и лековитите треви и нивните ареали на распространување на македонска територија?
Колку емисии си погледал за пронајдените фосили на македонска територија?
Колку емисии си погледал за релјефните форми, реките, езерата, пештерите во Македонија?

Не си погледал бидејќи ги нема. И ако не можеш да ги погледаш на македонските национални телевизии, кај би можел да ги погледнеш? На таџикистанската или намибиската телевизија? Од друга страна на нашите "национални" телевизии секојдневно ти се нуди турски, индиски и српски треш со кој се промовира примитивизам и бестијалност.

Треба да бидеш начисто дека медиумот не постои за да образува, туку да заглупува.
Мижи да те баам. Светски позната река менува тек на религиозен празник, и ниедна телевизија, весник, интернет портал не известува за тоа.... Која будала би прупуштила таква сензационална вест?! Ти такво нешто го споредуваш со минерал во рудник? Со емисија за опера и култура?! Со емисии за рељефни форми на реки и езера? Мене, себе или сите останати ги правиш будали у здрав мозок?
 
Мижи да те баам. Светски позната река менува тек на религиозен празник, и ниедна телевизија, весник, интернет портал не известува за тоа.... Која будала би прупуштила таква сензационална вест?! Ти такво нешто го споредуваш со минерал во рудник? Со емисија за опера и култура?! За рељефни форми на реки и езера? Мене, себе или сите останати ги правиш будали у здрав мозок?

Сензационална вест за денешните медиуми е која спонзоруша колку силикон ставилa во градите и дали усните си ги направила да ѝ наликуваат на labia majora кога е возбудена.
Сензационални емисии се: Фарма, Големиот Брат, Балкански измами, Луда куќа и останати фекалии.
Сензационални серии се оние кадешто се проовира примитивизмот на турските и индиските племиња.
Сензационални музички емисии се оние емисии кадешто пеачките завиваат и пеат како страчки, ама се пробиле на телевизија не поради нивните вокални способности, туку со голи гради и колан-здолништа.

Пријателе, најискрено те советувам, време е да се разбудиш и да ја согледаш реалноста таква каква што е.

PS: Потсети се кога ќе се пронајдат одредени лекови за некои форми на рак, колку простор добиваат во медиумите? Две-три реченици на крајот од вестите, така? Што мислиш, зошто се игнорираат?
 
Ок, може вака да направиме? Јас, ти и сите останати што ќе сакаат да се уверат лично, догодина одиме за Израел. Доколку јордан навистина почне да тече наназад, јас ќе ги платам трошоците, и јавно ќе признаам овде дека сум грешел, во спротивно патувањето и се останато ќе го платиш ти. Договорено?
 
Ботом лајн, .... науката може да објасни!!! Не е до некој дедо горе, а? ;)
 
Сензационална вест за денешните медиуми е која спонзоруша колку силикон ставилa во градите и дали усните си ги направила да ѝ наликуваат на labia majora кога е возбудена.
Сензационални емисии се: Фарма, Големиот Брат, Балкански измами, Луда куќа и останати фекалии.
Сензационални серии се оние кадешто се проовира примитивизмот на турските и индиските племиња.
Сензационални музички емисии се оние емисии кадешто пеачките завиваат и пеат како страчки, ама се пробиле на телевизија не поради нивните вокални способности, туку со голи гради и колан-здолништа.

Пријателе, најискрено те советувам, време е да се разбудиш и да ја согледаш реалноста таква каква што е.

PS: Потсети се кога ќе се пронајдат одредени лекови за некои форми на рак, колку простор добиваат во медиумите? Две-три реченици на крајот од вестите, така? Што мислиш, зошто се игнорираат?

Да, но и обратното течење на Јордан е сензација. И не е битно дали е точно или не. Битно е прашањето - зошто ви се потребни сензации и чуда? Толку ли ви е мала верата?
 
И кај очекуваш да биде објавена таа сензација? На CNN ли?
 
Неее такви масонски медиуми не ни требаат. Во локалниот весник од Долно Дупени треба да се објави.
 
Sto ne e tuka jasno ? sto ima tolku cudno ako nekoja devojka posakala da nosi hidzab ?kade e tuka slobodata na izrazuvanje i demokratija ?i zosto da i se zabranuva?

Зошто да ѝ се забрани на припадничка на африканските племиња да шета со голи гради кога ќе дојде во Европа, кога во нејзиното племе тоа е сосема нормално? Не сакам ни да помислам што би ѝ се случило кога на таков чекор би се решила во арапските земји или Иран, Авганистан, Пакистан, Сомалија. Каде е нејзината слобода на изразување и демократија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom