Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.572
- Поени од реакции
- 5.260
Најверојатно ИС се поддржани од структури внатре во С. Арабија, а порано можеби и во целост беа поддржани од С. Арабија, бидејќи тоа што го правеа и го прават им оди во корист на С. Арабија. Донекаде.Овие двајца гореспоменати се мачкина кашлица во споредба со ИСИС. А со појавата и дејствувањето на ИСИС ви пропаднаа во вода теориите дека политиките на КСА, Јордан, Катар, Кувајт... и други арапски држави го форсираат и финансираат радикалниот ислам. Е ИСИС го докажа токму спротивното со нивните напади врз овие земји. Имено никој не е будала да финансира и да контролира нешто што ќе дејствува против нив... едноставно нема смисла. И доколку во некоја земја владее шеријат тоа не значи дека тоа е радикален ислам. На пример и во некои држави од Руската Федерација владее шеријат, па не значи дека се радикални исламисти!
ИСИС како организација се бори против севкупниот светски поредок и за воведување нов исламски светски поредок и не ги признаваа државите кои го признаваат сегашниот поредок, а тоа се сите погоре набројани арапски држави.
Но да кажеш дека се поддржани од САД е комплетна глупост.
Очигледно што и да се случи во светов, автоматски САД стојат позади тоа. Без разлика. Како другите земји да немаат свои интереси и свои дејствувања.
Очигледно е дека САД се вмешуваат скоро секаде, но ретко каде имаат контрола врз ситуацијата.