Семејнo дрво ( генеологија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Lexie
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да им се направи по едно семејно дрво на старите Скопјани, за да се види кој од кое село дошол.

Од моето семејно дрво знам дека на дедо ми дедо му и чичо му биле комити.[DOUBLEPOST=1421894965][/DOUBLEPOST]Исто така ги чувам крштениците на баба ми и дедо ми од 1941 и 1942 кои се на бугарски јазик, пошо бугарска окупација. И сеа наводно можело со нив пасош да си зеам без проблем.
 
Јас само до трето колено си знам што и како. Од старите, додека беа живи копав вакви информации. До таму кај што знам, сите се македонци, од повеќе краеви од земјава.
И зошто да знаеш кој си и од каде потекнуваш? Гените се интересна работа.
 
....на Днепропетровск....

...-руски корени......
Географија 1 + , Днипропетровск е во Украина . Така да ти можеби имаш нешто заедничко со Козациве или Белогардејците. Сепак интересна мешавина и итересно патешествие на предците твои (y)[DOUBLEPOST=1421897176][/DOUBLEPOST]Антрополошката анализа на една страна ме влече со размислувањето. Потеклото на предците на друга страна. И јас ко Швајцарија сум со нерешен идентитет, ама битно за името сум сигурен. :)
 
Може детално да се истражи генеолошкото стебло и кај нас, само треба пристап до турски архиви и познавање на османо-турскиот јазик. Имено, Османлиите воделе уредни пописни дефтери и таму можете да си ги најдете дури од 1400-тите години, ама исклучиво по машка линија и само крвните роднини, но не и правните!
 
Јас само до трето колено си знам што и како. Од старите, додека беа живи копав вакви информации. До таму кај што знам, сите се македонци, од повеќе краеви од земјава.
И зошто да знаеш кој си и од каде потекнуваш? Гените се интересна работа.

Сум изела едно НЕ погоре. :) Сакам да знам која сум и од каде потекнувам. Ако имам прилика да копам подалеку наназад, обавезно би го направила тоа.
 
Знам дека е во Украина, ама они биле Руси.
Eпа тоа значи најверојатно од белогардејците (доста луге знам што потекло имаат од членови на оваа царска гарда во Македонија) кога бегале од комуњарата. Во манастирот Рајчица -Дебарско и на Метеори во Грција групи од по 20-30 пребегнати белогардејци имало што се замонашиле ;). Првиов факт за Рајчица го имам на ТВ видено и незнам колку е валиден. Ама вториов факт го чув од свештеник на Метеори и едно 1000000000000000 икони на староруски видов во Манастирите за кој неверувам дека ``случајно `` дошле од Русија до Грција.
 
Нас проучувањето од страната на татко ми бабата не` чинеше добри 15 години и стигнавме некаде до 16ти век.
 
Јас го имам правено стеблото со еден роднина од америка. До душа он ја покрена иницијативата пред десетина години. Стигнавме до 9 поколенија наназад само на машки лица, за подлабоко во турски записи би требало да се бара ако воопшто може да се најде. Интересно е што дури 4 пати фамилијата менувала презиме за да се врати пак на првото што сме го имале. инаку можам да се пофалам со уникатно презиме, кое не го користи никоја фамилија освен нашата.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom