Еве ме се прибрав дома и си напив кафе да го ,,калемам" изопачениот ум кое е последица од гревот.
Често пати кога сум со друштво онака ни фати муабетот за постоењето на БОГ ,за гревот,злото,дали БОГ казнува,човечка природа како завист,љубомора,злоба,користољубивост и се така натака.И верувале или не, повеќето се атеисти и таквите како
@Ipsissimus и образовни со факултетлии со безвредни дипломи,а јас само го искажувам ставови и мислења произлезени од светото писмо(библијата) и тие пак прашуваат зошто,како,кои се причини и чукање на глава до немај каде и се изморив оф леле и во моите мисли си велам зошто им кажувам кога тие можат да изучуваат библијата оти нели се родени како христијани кои за жал не се христијани како такви што претставуваат научени од нивните родители.
Одиме понатаму за темава,но најпрвин да знаеме кое е тој сатана ?
Луцифер(светлоносец) е создаден од Бога како најславен ангел херувим.Живеел во постојано Божје присуство,најблизу до Бога и до Христа и така уживал најголема чест на небото се додека Бог со свои очи уште однапред знаел што станал еве што пишува (Езекил 28,12-15).
,,Вака вели Господ Бог- Ти си печат на совршенство,полнота на мудроста и венец на убавината.Ти беше во Едем,во Божјата градина,твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења рубин,топаз ........сите вешто исткаени и нанижени на тебе,приготвени во денот кога беше создаден.Ти беше помазан херувим за да осенува,и Јас те поставив за тоа,ти беше светата Божја гора,одеше среде огнени камења.Ти беше совршен патиштата свои,од денот кога беше создаден,се додека не се најде во тебе беззаконие. "
Еве што заклучив дека злото не потекнува од Бога туку од Луцифер и сега се поставува прашањето: Зошто Бог не го уништил или да спречи ширењето на злото,а тоа ми изгледеа премногу лесно да направи и така само да издувне како развигорче и ќе го снема Луцифер и злото,но не е така едноставно зашто Бог е совршен со апсолутна праведност и Бог би можел да создаде суштества со способност на слободна волја и избор или БЕЗ ТАКВИ суштества без спосбност. Но БОГ ни даде најголем и највреден ДАР ,а тоа е способност на слободна волја и избор. Бидејќи небесните ангели и човекот се создадени со слободна волја,тие можеле да го изберат злото ,што е спротивно на Божјата волја и законот десетте заповеди кое важи за сите ангелите,луѓето и БОГ. Токму тоа го сторил Луцифер поради причина како СДСМ што сакаат техничка влада или да биде на врвот и таквите слични еве пак што пишува библијата (Езекил 28,17)
,,Од убавината твоја се возгордеа срцето твое,поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; Затоа јас ќе те соборам на земја и ќе те предадам потсмев пред царевите. "
,,А во срцето свое си велеше: Ќе се искачам на небото,ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите,на крајот од северот.ќе се искачам до висините на облаците,ќе бидам сличен на Севишниот" (Исаија 14,13.14)
Значи ангелите и луѓето (па и жителите на другите планети) кои не знаеле што е тоа грев и колку се страшни нивните последици,би помислиле дека БОГ го уништил сатаната затоа што се плашел дека тој би можел да докаже оти неговите обвинувања се оправдани или пак кога БОГ веднаш би го уништил сатаната ,тоа би предизвикувало страв кај безгрешните суштества и тие на Бога би му служеле од страв,а не од љубов.Таквата служба не би му била угодна на Бога ниту пак би било целосно уништено влијанието на сатаната,а нели сите ние сме сведоци во текот на целата историја на човештвото што им се случувало на кралеви и цареви .