Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Да, изгледа пола од тие се од идни новинари.
Чекај малце, како тоа одбил да го открие изворот на информаци, ако тие информации довеле до убиство на некого?

Пола од нив идни новинари, една четвртина се многу многу загрижени идни академски граѓани, и една мала четвртина се партиски мотивирани.

Нормално дека со секој протест има се помалку и помалку студенти што ќе протестираат.
Членовите на Студентскиот Пленум се луѓе кои во иднина ги очекува она што дочекаа голем број случаи на контроверзи, скандали не само во судството. Треба да се лекуваат, да се вработат, нивните пари ќе одат во нечиј џеб. Ова тело можеби треба да ги прошири своите активности кон целото уредување и случувања, не само кон измените во ЗО. Утре тие ќе се судрат со истите проблеми. Односно вие. Но тоа зависи од нив, од нивните идеи и амбиции.
Неколкупати реагираа Гардијан, Репортери без граници, Меѓународната и Европската федерација на новинари. Лани реакции имаше и од Канцеларијата на ЕУ во РМ, ОБСЕ ...
А самиот случај ми е некако чуден, којзнае што е се пишано по медиумите.
 
Последно уредено:
Сите што ги кажа се платени од Сорос и од грчките тајни служби, така да не се рачунаат. Жал ми е @Lurtz ...
 
За да он, јас или било кој ти кажеме нешто во име на пленумот, треба прво да се договориме што би кажале и да добиеме овластување за истото од другите. :) Се' што јас зборам на темава, освен официјалните изјави/соопштенија/акции од Пленумот, се мои лични ставови.
Второ, не постои категоријата „член на Студентски пленум“. Можеш да си дел од студентското движење/студентска неформална организација и тоа е тоа. Единствен услов за да си дел е да бидеш студент. Не се води евиденција кој бил на состаноци, кој не бил, па ајде минуси за тие што не биле... Има некои кои се поактивни, некои кои се помалку активни. Али кога треба да се донесе одлука сите можат да гласаат.

Провокаторон горе, иако е дојден тука да се изживува, сакајќи или не ви укажува на еден многу битен проблем кај таков тип на "организирано" делување. Нема хиерархија. Нема кој да пресече. А има една огромна отворена дупка која ја полнат редовно разни курири со изјави и испади на некои рандом вошкари, дел инфилтрирани, дел глупи, со што се подрива хомогеноста на пленумот. Не бива без хиерархија и превземање одговорност на неколкумина спремни да одат до крај. Вака е целосно во право кога му се обраќа и на оној Ван Бурен и кога ти се обраќа тебе. Дури и Адеми неписмениот беше во право кога бараше адреса каде наводно да испрати одговор на отвореното писмо.
Никој не спори за легитимноста на изборот. Легитимен е, скроз. Ама е неефикасен. Некој внатре урлал после вториот марш дека требало музика, другите ги фатило еуфорија и оп, музика. Некој урлал дека треба да се мафтаат средни прсти кон влада и да се дозволи вулгарност и агресија во говори, па и таква глупост при таа еуфорија и несредени впечатоци од вториот марш поминала. Затоа и последниот протест беше, во голема мера, игнориран од повеќето од нас. И за тоа немаше кој да превземе одговорност. И сега еве кога клетиот провокатор се обидува да именува, го препраќате на некојаси мутава фб страна каде ќе има интеракција со некоја антропоморфност, а не со име, презиме и тежина.
Ај, нека биде лекција ова за нареден пат, кога ќе воведат задолжително пеење на "Песна за Никола Груевски" на секое доделување дипломи.
 
Дури и Адеми неписмениот беше во право кога бараше адреса каде наводно да испрати одговор на отвореното писмо.
Дали ме спореди со Адеми, индиректно? :cautious:
Ај, нека биде лекција ова за нареден пат, кога ќе воведат задолжително пеење на "Песна за Никола Груевски" на секое доделување дипломи.
Одлична идеја.
 
Ќе ве остави човек еден ден сами и ќе направите русвај во темава.:icon_mrgr:
Ајде мирни, Кежаровски не е тема на муабет овде.
 
Провокаторон горе, иако е дојден тука да се изживува, сакајќи или не ви укажува на еден многу битен проблем кај таков тип на "организирано" делување. Нема хиерархија. Нема кој да пресече. А има една огромна отворена дупка која ја полнат редовно разни курири со изјави и испади на некои рандом вошкари, дел инфилтрирани, дел глупи, со што се подрива хомогеноста на пленумот. Не бива без хиерархија и превземање одговорност на неколкумина спремни да одат до крај. Вака е целосно во право кога му се обраќа и на оној Ван Бурен и кога ти се обраќа тебе. Дури и Адеми неписмениот беше во право кога бараше адреса каде наводно да испрати одговор на отвореното писмо.
Никој не спори за легитимноста на изборот. Легитимен е, скроз. Ама е неефикасен. Некој внатре урлал после вториот марш дека требало музика, другите ги фатило еуфорија и оп, музика. Некој урлал дека треба да се мафтаат средни прсти кон влада и да се дозволи вулгарност и агресија во говори, па и таква глупост при таа еуфорија и несредени впечатоци од вториот марш поминала. Затоа и последниот протест беше, во голема мера, игнориран од повеќето од нас. И за тоа немаше кој да превземе одговорност. И сега еве кога клетиот провокатор се обидува да именува, го препраќате на некојаси мутава фб страна каде ќе има интеракција со некоја антропоморфност, а не со име, презиме и тежина.
Ај, нека биде лекција ова за нареден пат, кога ќе воведат задолжително пеење на "Песна за Никола Груевски" на секое доделување дипломи.
А кој нормален во здрава нога трн си става кога нема ни теоретски шанси да добие нешто за возврат, дури и кога целата оваа "акција" би успеала. У ствари целата оваа ујдурма ич не ги засега интересите на сегашните студенти, така да комотно можат да се вратат на неподносливата леснотија на животот во просперитетната татковина. Гвујо сега ќе ги дотера професорите под конец, дел најверојатно ќе заминат да ја промовираат својата стручност на универзитетите во Фиер и Валона. Ванковска ја личи пред хотел, а Најчевска ќе се одметне во илегала, убивајќи вемеровци со крештаво урликање кон нив.
 
Само да те поправам, ги засега сегашните студенти на барем два начина. Прво, тие што ќе запишат мастер во 2016/17 или 2017/18 (зависи дали една или две години мастер) на крај од 2017/18 ќе полагаат државен испит за мастер.
Второ, доколку факултет не заврши во оној предвиден рок кој беше мислам 2год плус во однос на траењето на студиите, се префрла во нова програма според која погоди што ќе има? Државен испит.
 
Нема ни потреба да ја поправаш. Не е ни толку битен тој дел, дали бил за сегашни, дали бил за идни студенти, за нинџа желки или телетабиси. Забелешката и моја и на Пресветла Доста и на клетиот провокатор се за истата работа. Менталитетот и кукавичлукот. Дали се работело за страв од "зад секој комита - двајца кодоши" историскиот момент или "џабе кога користа не ја надјебува опасноста/трн во здрава нога" вечната болка на македончето, не знам, ама останува фактот дека пленум е крајно неефикасен начин за организирање. Скоро невозможно да се исконтролира до крај, особено па кога имаш цврста хиерархија на другата страна.
 
Кој е наредниот чекор на студентскиот пленум ?
Јавноста ќе биде запознаена кога ќе се одлучат следните акции. Јас не би можел да кажам затоа што не зависи до мене. Претставка до Уставен суд секако, колку и да биде за џабе, да го искористиме тој последен институционален инструмент. Само не знам дали ние ќе го правиме тоа или Професорскиот пленум ќе го направи.
 
Нема ни потреба да ја поправаш. Не е ни толку битен тој дел, дали бил за сегашни, дали бил за идни студенти, за нинџа желки или телетабиси. Забелешката и моја и на Пресветла Доста и на клетиот провокатор се за истата работа. Менталитетот и кукавичлукот. Дали се работело за страв од "зад секој комита - двајца кодоши" историскиот момент или "џабе кога користа не ја надјебува опасноста/трн во здрава нога" вечната болка на македончето, не знам, ама останува фактот дека пленум е крајно неефикасен начин за организирање. Скоро невозможно да се исконтролира до крај, особено па кога имаш цврста хиерархија на другата страна.
Oтсуствoтo нa oргaнизaцискa хиерaрхијa внaтре вo пленумoт и не е бaш тoлкaв прoблем кoлку штo мислиш ти, бaр спoред мене. Хиерaрхијaтa мoжеби е прoблем, aмa не е oнa зaрaди кoе се се рaспaѓa. Дa беше хиерaрхијaтa глaвен прoблем немaше дa имa ни еден мaрш.
И не е декa пленумoт е дo тoлку неoргaнизирaн кoлку штo мислиш ти. Не е рaбoтaтa "не се знaе кoј пие, a кoј плaќa".

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Не се согласувам. :)
Без хиерархија може да се стигне до таму каде стигнаа, повеќе не. Без хиерархија може да се направи марш, може да се започне движење, но не може да продолжи.
Затоа и се во ваква стагнација. Искрено СП тотално се изгубија. Што ради сесии, што ради медиумска борба, што ради професорскиот пленум кој на крај им направи контрауслуга... ама и ради недостиг на хиерархија.
Хиеархијата е многу важна работа, посебно кога се трудиш да се бориш со хиерархиски поставена структура.
 
Oтсуствoтo нa oргaнизaцискa хиерaрхијa внaтре вo пленумoт и не е бaш тoлкaв прoблем кoлку штo мислиш ти, бaр спoред мене. Хиерaрхијaтa мoжеби е прoблем, aмa не е oнa зaрaди кoе се се рaспaѓa. Дa беше хиерaрхијaтa глaвен прoблем немaше дa имa ни еден мaрш.
И не е декa пленумoт е дo тoлку неoргaнизирaн кoлку штo мислиш ти. Не е рaбoтaтa "не се знaе кoј пие, a кoј плaќa".

Sent from my LG-D620 using Tapatalk

Недостатокот на хиерархија е проблем, да.
Е најголем, да.
"Бар според мене" е огромен проблем. Моето "според мене" и твоето може да функционираат вака, на бош форуми, навечер, кога не ни се спие. Не е проблем и да се контрадикторни. Удри уште дваесетина ако не и повеќе на нашиве, пиши пленум и оди договори се за начин и интензитет на делување.
 
Мене ми е мило што во историјата ќе остане името Студентски пленум, а не имиња на лидери како што е тоа случај од 97ма. Што немаше да биде случај ако имаше хиреархијљ. Ова е мое мислење.
Ама ние уште сме активни не се секирајте. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom