Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ицко од Чиста Околина? :vozbud:

Нека тоа, џабе зборат и двајцата кога тој што треба да чуе не се ни труди да чуе. Не дека не кажаа убаво, не дека не збореа со речник разбирлив за сите, но увото на пастирот е затнато за мислења различни од неговите експертски видувања.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Се` што зборуваа професорите у емисијата ќе беше во ред, доколку знаев дека општо на повеќето факултети у земјава, се учеше од ... погодете што ... книги. А понекад нема ни скрипти. Се учи од некои глупи power point презентации, преведени од други на-англиски-напишани, power point презентации. Професорите немаат интерес да го пренесат своето знаење. Имаат интерес нивните предавања да бидат посетувани (пошо на повеќето факултети не се задолжителни).

Ја разбирам исфрустрираноста на професорите од целиот образовен систем, у кој е многу побитна формата, отколку содржината. У кој нивната експертиза е потценета и им се бараат бројки. Беа оф-топик во емисијава, ама ја разбирам нивната фрустрација.

Она што не треба да се заборави е дека професорите не се богови. У секоја нормална држава треба да постојат барем двајца експерти од едно поле, предмет, тематика. Oh, wait, па ние не сме нормална држава. Али, еве ако бевме, тој вториот (третиот...) експерт за тематиката ќе беше платен да му помогне на првиот експерт. Платен, зошто никогаш од чиста мира, никој човек-волк не би дал "знаење" на некој друг човек-волк.

Прашање е и за каква експертиза уопште збориме у држава у која народот е научен на најлесните решенија, најмалите отпори и опседнатост со најнебитните работи. Али ок.

Во муабетов у емисијава, професорите упорно алудираа како проверката на знаењата е еден сложен процес, и многу е побитно да се има у предвид логичноста/здраворазумноста кај студентот, отколку неговата способност за меморирање информации. Тоа е во ред. Проблемот е што знам у Македонија како тоа функционира. Од група од 20 души што го тераат тој смер ... Тие што навистина учеле се сметани за генијалци со 10ки, тие што пробуваат да се снајдат со харизма и логичен тек на мисли, се сметани за бистри деца за 8ка, а тие што посетувале настава (на која се бира дали да се присуствува), биле фини деца, и препишувале на испити, си добиваат 6ка и си продужуваат.

Зошто воопшто движењево доби назив "пленум" (како некое издвоено подмножество од сите студенти)?! Зар не е нормална појава дека секој студент не би сакал да полага, и оттука, збориме за сите студенти, а не за некаков пленум?! Тие умствено-ретардирани студенти што излагаат на телевизија и велат дека сакаат државен испит, се само исклучоци.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ако се излегува чисто од солидарност или да се изрази незадоволство од пресудата за Кежо тогаш треба да си излезе кој сака чисто како поединец и не смеат да се мешаат студентски пленум овде како организација. Само даваат причина повеќе да го сметаат пленумот за партиско тело.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Студентскиот пленум ќе протестираат и за Кежаровски.

Каква е поврзаноста со случајот на Кежаровски со барањата на студентите да не се полага државен испит?
Ми се чини се пoвеќе ги измешaa брзиините уште пред некoе време и нaместo oдлуки кoи ќе ги зaдржaт тие штo стoеa зaд нив и дa гo згoлемaт брoјoт нa пoджувaчи, нaместo дa целaт зa нивниoт прoблем зa кoгo се "зaсегнaти", се стaвијa вo пoзицијa кoјa се сметaaт зa некoе ревoлуциoнернo движење кoе ќе решaвa прoблеми зaбoрaвaјќи јa првoбитнaтa цел зa кoјa е тoкму фoрмирaн ...сaмo зa жaл нa искрените студенти.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.083
Поени од реакции
12.633
Студентскиот пленум ќе протестираат и за Кежаровски.

Каква е поврзаноста со случајот на Кежаровски со барањата на студентите да не се полага државен испит?
Па најверојатно слободата на говорот.

Меѓу студентите има и идни новинари кои не сакаат да завршат во затвор само бидејќи одбиле да го откријат изворот на информациите кои ги објавуваат.

Затоа воопшто не треба да биде никакво изненадување доколку студентите поддржат било кого, бидејќи студент не е професија, туку е академски граѓанин, а академските граѓани, исто како и сите останати граѓани на Република Македонија, имаат право да излезат на протест во знак на солидарност со било кој друг сограѓанин кој е жртва на нефер и неправедно донесена пресуда и на нефер и неправеден третман од страна на државата која - да се потсетиме - им припаѓа на граѓаните, а не граѓаните на нејзе, како што некои ѓубриња од луѓе наречени политичари, новинари, таканаречени експерти и останати ѓубриња од луѓе, се обидуваат да ја убедат јавноста дека граѓаните треба да и бидат послушници на државата, а не државата да им биде послушник на граѓаните.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.083
Поени од реакции
12.633
Па најверојатно слободата на говорот.

Меѓу студентите има и идни новинари кои не сакаат да завршат во затвор само бидејќи одбиле да го откријат изворот на информациите кои ги објавуваат.

Да, изгледа пола од тие се од идни новинари.
Чекај малце, како тоа одбил да го открие изворот на информаци, ако тие информации довеле до убиство на некого?

Пола од нив идни новинари, една четвртина се многу многу загрижени идни академски граѓани, и една мала четвртина се партиски мотивирани.

Нормално дека со секој протест има се помалку и помалку студенти што ќе протестираат. Работата беше за СТУДЕНТИТЕ, значи за нив, а не за секој проблем или судење у државава, посебно за новинар кого опозоцијата страсно го брани.
Кога реплицираш на некого, треба да го пишуваш одговорот надвор од цитатот на постот на кој реплицираш, а не во цитатот, па да не знаат луѓето кој дел од текстот е постот на кој реплицираш, а кој дел е твојата реплика.

Секој со свое мислење, јас со мое, ти со твое, и сите студенти и сите останати граѓани на Република Македонија имаат свои лични мислења.

Студентите, како и сите останати граѓани на Република Македонија, имаат право да го кажат своето мислење за било кој настан или за било која личност во Македонија и надвор од Македонија.

Доколку не се согласуваш со ова, дај објасни што бараа над 1 ипол милиони луѓе на марш во Париз и низ целиот свет против тероризмот по повод терористичкиот напад врз и убиствата на карикатуристите од Шарли Хебдо ?

Жртвите на терористичкиот напад беа карикатуристи, па по твоја логика, треба само карикатуристите да протестираат против тероризмот ?

Ако е така, сакаш да кажеш дека сите овие над 1 ипол милиони луѓе беа карикатуристи, вклучувајќи ги и политичарите кои маршираа, сите тие се карикатуристи по професија од прв до последен ?

Или бидејќи тероризмот е глобален проблем кој не засега сите нас, треба сите ние обединето да се бориме против тероризмот, а останатите припадници на општеството да молчат ?

Па зарем затворањето на новинар бидејќи легално си ја вршел својата работа, не е проблем со иста магнитуда ?

Ги има безброј негативни критики од европските држави и од европските новинарски здруженија поради затворањето на македонскиот новинар Томислав Кежаровски кој објавил статија, но одбива да го објави изворот на содржината на статијата - патем, ова е светски признаено право на тајност доколку досега не знаеше, но очигледно не важи во Македонија, бидејќи во спротивно, Кежаровски денес би бил слободен човек и воопшто не би бил тужен и кривично гонет бидејќи одбива да го открие својот извор на информации.

И очигледно не си добро запознаен(а) со случајот на Томислав Кежаровски, бидејќи тој одбива да го открие изворот на информации за статија која ја објавил за веќе извршено убиство, а не за статија која резултирала со убиство.

Студентите, исто како и новинарите, карикатуристите, политичарите и сите останати, имаат право на протест и на изразување поддршка кон било кого, а не само кон тие кои ги поддржуваат нив во нивните протести за подобро образование во кое државата нема да си го пика носот каде што не треба.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
^^Прaвиш лoшa пaлaрелa нa терoристичи нaпaд кaде живoти беa зaгубени , сo судскa oдлукa...тaa сoлидaрнoст вo нaјгoлем дел беше зa зaгубените живoти, a oвде е другa ситуaцијaтa. Зa твoе инфo Кежaрoски се терети и зa oткривaње идентитет нa зaштитен сведoк штo е кaзнивo делo. Нo зa тoa не сaкaм дa гoвoрaм. Претхoднo беше пoдржaн и прoтестoт зa хoнoрaрците.

Ќе имa и штрaјк вo oбрaзoвaниетo, a oд студентите мoже ќе имa утре и нaстaвници и прoфесoри, зoштo не имa пoдршкa и зa нив пo твoјaвa лoгикa??

И зa крaј...Пленумoт беше првoбитнo фoрмирaн прoтив држaвиoт испит,a oд кoгa дoби пoпулaрнoст челните нaвлегoa вo филм декa се некoе ревoлуциoнернo движење кoе ќе oбединувa и ќе гo решaвa секoј прoблем,a зaбoрaвaјќи зa штo уствaри е фoрмирaнo...јaс немaм виденo некoјa aктвнoст зa приблемoт зa кoј е фoрмирaн вo изминaтиве денoви...Фaкт е декa дел oд студентите пoентирaa нa пoлитички плaн пo прoтестите, a секoј х студент кoј веќе бил сo пленумoт се зaпрaшувa кoјa е мoментaлнaтa улoгa нa пленумoт. Прoфесoрскиoт пoчнa дa зaкoпувa еднo движење кoе нa пoчетoк беше тoлку искренo (се дoдекa не се зaмешaa х структури), a сo вaквo oднесувaње нa студенскиoт гo дoзaкoпa oвa движење . Уште еднaш ќе кaжaм, зa жaл кoн искрените студенти кoи беa изигрaни oд тие oкoлу нив.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Како и да е, секој може и треба да протестира, гушењето на слободната мисла на угушувачите трипати повеќе ќе им се врати еден ден.

Но на СП не му требаат овие работи, веќе целосно го изгубија кормилото и причините за формирањето, а со оглед дека закнот се донесе, најпаметно е да се распуштат или да се консолидираат за наредни чекори ВО ВРСКА со образоването а не лепење на сите можни протести во државата.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
За да он, јас или било кој ти кажеме нешто во име на пленумот, треба прво да се договориме што би кажале и да добиеме овластување за истото од другите. :) Се' што јас зборам на темава, освен официјалните изјави/соопштенија/акции од Пленумот, се мои лични ставови.
Второ, не постои категоријата „член на Студентски пленум“. Можеш да си дел од студентското движење/студентска неформална организација и тоа е тоа. Единствен услов за да си дел е да бидеш студент. Не се води евиденција кој бил на состаноци, кој не бил, па ајде минуси за тие што не биле... Има некои кои се поактивни, некои кои се помалку активни. Али кога треба да се донесе одлука сите можат да гласаат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
За да он, јас или било кој ти кажеме нешто во име на пленумот, треба прво да се договориме што би кажале и да добиеме овластување за истото од другите. :) Се' што јас зборам на темава, освен официјалните изјави/соопштенија/акции од Пленумот, се мои лични ставови.
Одлично тогаш. Еве, бидејќи не знам на кој друг начин да ви се обратам, ќе пробам преку тебе.

Денес неонацистичката македонска власт повторно си поигра со животот и судбината на еден невин човек. Дополнително и владика, духовен лидер на огромен број наши сограѓани и политички затвореник. Притоа, последното е констатирано од сите релевантни меѓународни организации. Со неговото држење во затвор со тотално монтиран процес, властите се однесуваат и нечовечно и го кршат уставно гарантираното право на религиозна определба.

Дали може да се консултирате и договорите и излезете со став дали ја поддржувате иницијативата за негово пуштање од слобода? Однапред благодарен.
 
R

red.devil

Гостин
Се размуабетивте за Кежаровски и како бил виновен што го открил идентитетот на сведокот.

Од тоа што знам јас, сведокот сам си го откри идентитетот и признал дека вршеле притисоци врз него да сведочи лажно. Поради тоа сега е обвинет и се води постапка против него.

Кежаровски два месеци после изјавите на сведоков, ја објавува статијата и поради тоа е осуден за наводно откривање на идентитетот. Најверојатно му згазил некого на нерв па сега ќе го крка.

Вака јас ја знам случкава а и уште неколкумина што сме разговарале отприлика исто кажуваа.

Ако е точно ова што го имам читано, невин е. Но сепак тоа не е причина Студентскиот Пленум да излезе на протест под името на пленумот (не одговара организација оти нема лидери). А добро е да се излезе како академски граѓанин и да се даде поддршка и да види нашава драга влада дека народот полека се буди.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Одлично тогаш. Еве, бидејќи не знам на кој друг начин да ви се обратам, ќе пробам преку тебе.

Денес неонацистичката македонска власт повторно си поигра со животот и судбината на еден невин човек. Дополнително и владика, духовен лидер на огромен број наши сограѓани и политички затвореник. Притоа, последното е констатирано од сите релевантни меѓународни организации. Со неговото држење во затвор со тотално монтиран процес, властите се однесуваат и нечовечно и го кршат уставно гарантираното право на религиозна определба.

Дали може да се консултирате и договорите и излезете со став дали ја поддржувате иницијативата за негово пуштање од слобода? Однапред благодарен.
Официјалниот канал за комуникација е преку Фејсбук фан страната или на мејл. Прашањето можеш да го проследиш таму. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Официјалниот канал за комуникација е преку Фејсбук фан страната или на мејл. Прашањето можеш да го проследиш таму. :)
Информатички неписмен сум. Малку е тажно што дискриминирате по основа на информатичка писменост, ама во ред, не е проблем. Благодарам сепак. :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Информатички неписмен сум. Малку е тажно што дискриминирате по основа на информатичка писменост, ама во ред, не е проблем. Благодарам сепак. :)
Не дискриминираме, али со оглед дека немаме финансии да си обезбедиме „службен телефон“ или некакви си постојани канеларии, тоа е тоа. Да дадеше некоја пара Сорос, друго ќе беше. :D
Ај, ќе пуштам збор, ќе се состанеме за да ти одговориме на прашањето.

Иначе во однос на твојата информатичка неписменост. Не е срамота тоа, таман работа. Ете, Владата нели организираше бесплатни информатички курсеви.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Не дискриминираме, али со оглед дека немаме финансии да си обезбедиме „службен телефон“ или некакви си постојани канеларии, тоа е тоа. Да дадеше некоја пара Сорос, друго ќе беше. :D
Ај, ќе пуштам збор, ќе се состанеме за да ти одговориме на прашањето.

Иначе во однос на твојата информатичка неписменост. Не е срамота тоа, таман работа. Ете, Владата нели организираше бесплатни информатички курсеви.
Благодарам. Пари не се битни, кога се има добра волја.

Не се срамам јас, таман работа. Бев на тоа курсевите ама ништо не разбрав. Некои неписмени вмровци „предаваа“, само колку да земат плата. И за тоа може еден протест да лупнете.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom