Брикети

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Не сретнав некаде ваква тема на форумов и намерно ја отварам во општи муабети со цел да биде по актуелна (секако доколку има интерес од членовите) - ако сметаат администраторите дека не е за тука нека ја преместат.

Зимо е сите дома се грееме - кој на дрва кој на струја кој на парно и слично...

Сигурно сите имате слушнато за заменски горива наместо дрва односно брикети и пелети - има ли некој искуство со овие алтернативни горива? Се исплатат ли за парите, како се продаваат? На кило, на кубик, на парче, вреќа или нешто друго?

На интернет најдов многу видеа во кои се гледа процесто на правење брикети и тоа во домашни услови, процедурата е релативно лесна и едноставна а потребните материјали за домашно производство за свои соопствени потреби ги имаме насекаде околу нас и не се ни скапи.
Ме интересира има ли некој член на форумов да пробал да направи нешто вакво во домашни услови или барем некој негов близок роднина пријател или комшија да прави брикети па да го објасни процесот во детали и конкретно да каже од какви се материјали можат да се прават брикетите и најважно од се - колкава е заштедата со брикетите во однос класичното греење на дрва?

Во прилог едно клипче како се прават брикети во домашни услови

Брикето неможе да биде замена бидејќи ако го користиш за замена на дрва ќе дадеш многу повеќе пари, иначе јас по 100 кила секоја година брикет користам, иначе брикето на кило се продава
 
Правењето брикет и не е лесна работа.
Брикетот се продава на кило, 1тон брикет заменува некаде околу 4-5 кубици дрва.
Има два вида на брикет зависно од каква машина се правени.
 
Иначе брикетите загреваат, ама многу брзо горат и затоа ние ги комбинираме со дрва.
 
Правењето брикет и не е лесна работа.
Брикетот се продава на кило, 1тон брикет заменува некаде околу 4-5 кубици дрва.
Има два вида на брикет зависно од каква машина се правени.

Неможе до толу околу 2 до 3 максимум кубика да замене
 
Точно е дека заменуваат 4-5 кубика дрва, а од кај извадивте тоа дека брзо горат? Ние што користевме едни коцкасти тежеа по 1 кг и имаат дупка во средина гореа по неколку часа и испуштаа ненормална топлина и многу ја греат водата (алфа плам 120 шпорет со парно во цела куќа).

А, иначе тоа у домашни услови не ми има успеано а сум пробувал. Кога ќе ја пресувам се прави добра форма и стои но подоцна како се суши така се распаѓа. Може имам и јас некоја грешка којзнае. И мене ме интересира некој дали има што му успеало.
 
Дедо ми користи само пелевина , во 2 големи буриња се става. Држат температура 19-20 часа. Се грее цела зима со 50 евра , потребни му се околу 6-7 приколици пелевина.
 
Мешај ги со дрвофикс или неостик да се залепат и нема да се распаѓаат
 
Мешај ги со дрвофикс или неостик да се залепат и нема да се распаѓаат

Имаш пробано ти ? дали имаш направено сам брикетарка?[DOUBLEPOST=1421615091][/DOUBLEPOST]
Дедо ми користи само пелевина , во 2 големи буриња се става. Држат температура 19-20 часа. Се грее цела зима со 50 евра , потребни му се околу 6-7 приколици пелевина.
кај се ставаат бурињата? на кој принцип горат
 
Имаш пробано ти ? дали имаш направено сам брикетарка?[DOUBLEPOST=1421615091][/DOUBLEPOST]
кај се ставаат бурињата? на кој принцип горат
Шура ми си прави сам.
Го имам гледано ама има јака преса,голема количина+лепак неколку пати пресовање и формата трајно му останува.
 
кај се ставаат бурињата? на кој принцип горат

На парно е. Пред тоа парното му грееше на дрва , али за да затопли цел спрат од куќата ( голем е 150 квадрати ) му требаа најмалце 25 кубика дрва за цела зима. Сега има направено специјална печка исклучиво за пелевина , и во неа има 2 буриња кои се вадат се полнат со пелевина али треба да ја набиеш убаво , и во средината има отворен простор како круг , одоздола се става хартија ја палиш и немаш мака. Постигнува многу температура , а не гори брзо. Запали ја сабајле у 8 , и дури другото сабајле у 8 пак.
 
Точно е дека заменуваат 4-5 кубика дрва, а од кај извадивте тоа дека брзо горат? Ние што користевме едни коцкасти тежеа по 1 кг и имаат дупка во средина гореа по неколку часа и испуштаа ненормална топлина и многу ја греат водата (алфа плам 120 шпорет со парно во цела куќа).

А, иначе тоа у домашни услови не ми има успеано а сум пробувал. Кога ќе ја пресувам се прави добра форма и стои но подоцна како се суши така се распаѓа. Може имам и јас некоја грешка којзнае. И мене ме интересира некој дали има што му успеало.

4-5 кубика заменува за 1 тон или 100 кила? дајте некој сооднос.

а што се однесува на правењето во домашни услови м- никаде немам до сега сретнато информација што се се става во брикетите и колкав е соодносот на состојки... од клипови по јутуб што гледав има некои ги прават само од хартија измиксирана со машина... има некои мешаат хартија и пилевина трети ко што гледав ко да ставија некое сено или слама, во едно клипче мислам дека ставија и нешто како памук - дали беше некој полупроизвод дали самото растение неможам да кажам а убаво би било да се има една ваква информација. со еден пријател правев муабет на оваа тема и ми кажа дека се прават лесно со едноставно мешање на смеса од вода и хартија/картон и на тоа се додава пилевина и нормално иде на преса - хартијата наводно служела како замена за лепак за да остане самата брикета во правилна состојба односно да не се деформира

Edit:

еве уште едно клипче каде што целата изработка се сведува само на вода хартија и пилевина + рачно направена преса. - клипчево го ставам бидејки има сооднос на хартија и пилевина - овој дечко користи смеса од 40% пилевина и 60% хартија

п.с пошто добар дел во брикетиве содржат хартија да прашам чури ли ова многу?
 
Последно уредено:
Ние дома си користиме од овие
ggggg.jpg
без лепак се и не го затнуваат оџакот ко тие црни/кафеави што се , чиста пилевина се и многу креваат температура , е сеа мора со дрво да се меша пошо не е исплатливо иначе , цела вреќа на ден ке ти отиде ако не мешаш со дрво.
 
Ние дома си користиме од овие
Прегледај го приврзокот 112191
без лепак се и не го затнуваат оџакот ко тие црни/кафеави што се , чиста пилевина се и многу креваат температура , е сеа мора со дрво да се меша пошо не е исплатливо иначе , цела вреќа на ден ке ти отиде ако не мешаш со дрво.
една брикета е волку голема или поделена е на 2 3 дела? и што пари е вреќа од ова чудо? дај некое подетално инфо колку дрва трошиш со што се грееш парно подно колку квадрати грееш брзо горат споро....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom