Ердел Териер (Airedale Terrier)

  • Креатор на темата Креатор на темата Papillon.Papi
  • Време на започнување Време на започнување

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Возраст
25
Локација
In the Dale Land
ЕРДЕЛ ТЕРИЕР
Стандард: бр 7 - Велика Британија

Краток опис:
Ердел Териер (често се скратува и се вика „Ердел“) е раса на куче која потекнува од Ердел, географска област во Јоркшир, Англија. Традиционално е наречен „Крал на териерите“ бидејќи пред создавањето на Црниот Руски Териер. Од страна на KGB во Русија, Ерделот беше најраспространета раса од семејството на териери. Ерделот исто така едно време беше познат под името „Waterside Terrier“, бидејќи обично бил дресиран да лови видри во и покрај реката Ер која поминува низ Ердел. Во Англија оваа раса на куче е користена и како полицииско куче.
Воопшто, тој е многу жив пес со решителен израз. Постојано е внимателен, не е агресивен ниту плашлив.

Глава и череп : Черепот е долг и рамен. Не е широк меѓу ушите, а кон очите благо се стеснува. Главата му е пропорционална, без јасна разлика во должина, а има сосем малку видлив стоп. Носната габа му е црна.

Очи: Темна боја.

Уши: Имаат облик на буквата V.

Врат: мускулест, средно долг и јак.

Предни нозе : Долги плешки, рамни, коси, добро поставени наназад. Предните нозе се потполно рамни, со јак скелет. Грбот е краток, снажен , рамен и мазен без олабавеност. Градите се длабоки но не широки.

Задни нозе : долг и снажен, со мускулна потколеница, и со добро аглест коленски зглоб кој не е ниту надворешно ниту внатрешно нагласен. Шепите се мали и тркалезни и компактни, со добро изразени и потполнети перничиња. Опашката е високо всадена. Се купира, не е свиткана над грбот, има добра маса и снага.

Влакна: Тврди, густи и еластични, но не и толку долги. Тие се мазни и рамно прилегнати, потполно ги покриваат телото и нозете.

Боја: Седлото е црно или со боја на гризли. Црни се и вратот и горната страна на опашката. Ушите имаат потемно пламена боја.

Висина и тежина : висината на гребенот кај мажјаците е 58-61 цм, а кај женките 56-59 цм.

large.jpg

large.jpg

Јас чувам ваква раса и можам да потврдам според моето дека многу е умни и брзо учат. :)
Што мислите вие за расава?
 
Мислам дека не личи на ништо. Подобро пудлица ќе чувам него ова.
 
Многу се мили и очињата им се преубави, само не ми се сфиѓа што не им е меко влакното.
 
Мислам дека сум единствена на подфорумов со Ердел Териер, но сепак, ќе прашам.
Што мислите за лепење на ушите кај оваа раса на кучиња? Еве како се прави тоа:
https://www.youtube.com/watch?v=smF1J8BMF1g

Ушите се лепат со лепак за текстил...
Мене ова ми е неприфатливо! И ништо да не и’ е, гајле ми е, не ја измачувам со овие работи. Ушите нема да може да си ги мрда...:( Јас сакам нормални кучиња.:свиркам:
 
Не знаев за ова, а и за мене се неприфатливи вакви интервенции наводно од естетски карактер. И не ни требаше да го отворам линкот, само се изнервирав. (n)
 
Вчера беше првото тримање на моето Ерделче и бев пријатно изненадена од неа. На место да се обидува да го каса ножот за стрипување, таа седеше мирна и чекаше да ја дотераме!
Грумерот ни кажа дека сега кога се бебиња, може да им се трима крзното и со турпија, или само да се кубе со голи раце. Овие постапки можат да нанесат болки на кучето, само ако кучето нема добро негувано крзно. Јас Беки ја чешлав еднаш во неделата и крзното и’ беше меко. А, кога ќе порасне, влакното ќе и’ биде поцврсто само ако е тримано, а не стрижено, зошто со стрижење влакното се истенчува и црните влакна стануваат сиви. А, за малку да заборавев, еве слика од ножот со кој што се трима:
mars330.jpg

Јас од кога пробав си ветив дека ќе ја тримам само јас! Многу ми е интересно тримањето и не го сметам за некоја обврска. :)

И ќе кажам сега за карактерот на Ерделите од тоа што го гледав кај Беки и што ми кажуваа за татко и’, мајка и’ и братчето.
Ерделите сега ги гледам како големи храбри кучиња кои би наравиле се’ за да ве заштитат, а верувајте дека супер можат да заштитат зошто ако Ердел Териер нападне било какво животно, кај тоа животно се мали шансите да го преживее угризот, зошто Ерделите имаат угриз како на Доберманот, не велам дека имаат иста јачина на угриз, туку велам ист облик, т.е и двете раси имаат scissor bite. Исто така, ако овие кучиња не се социјализирани рано со било кој вид на животно или со луѓе, може да биде опасност за другите. Ерделите можат да бидат многу територијални.

Велат дека Ерделите како загари, многу често залутуваат и не можат да се вратат. Јас ова половично го сметам за точно. Може да почнат да бркаат некое помало животинче и ми се стемнува кога Беки ја брка мојата мачка, зошто колку и да викам по неа, таа е сконцентрирана само на животното и на ништо друго. Тоа би можело да биде причина зошто Ерделите бегаат. Но, Беки не сака да биде сама, а кога ќе осети дека ние сме подалеку, таа се враќа.

За Ерделите можам да кажам дека се преинтелигентни кучиња, што некогаш сакаат да ја користат нивната интелигенција против сопствениците. Беки многу пати до сега ме зезнала кога сум и’ кажувала да оди горе да спие. Од „Ајде горе Беки“ до „Ајде доле Беки“. (тоа повеќе се случуваше кога ја земавме, зошто уште не го поставив алфа статусот кај себе кон неа). Ако ми се налутеше што не ја пуштам долу да глода секакви работи, ќе ме послушаше, ќе се качи горе и ќе исврши нужда. Но, после тоа каков ќотек си добиваше по газот... Сега е супер куче, многу умна, послушна и мирна. Се’ што е во моја рака, не смее да се обидува да го земе и се’ што е на земја, нејзино е... освен ако јас не кажам дека е мое!

Кога кажувам прошетки со моето куче, јас не мислам на такво лежерно шетање како со англиски булдог. Мислам на борење со неа, трчање, буткање и тн. Ерделите се кучиња кои обожаваат да трчаат без да се врзани со поводник. Јас кога одам во парк, во тревата ја пуштам да трча, а јас си седам на клупата и ја гледам, или ако ми е досадно, со неа се заигрувам.
Ако не сте личност која сака многу трчање, дефинитивно, не сте за Ердел Териер. Ако овие кучиња не се барем 3 пати на ден изнесувани, можат да прават лом околу нив!

Ова јас го кажувам од тоа што сум го видела и слушнала од искусен, а не прочитала од книга или интернет или било каде. :) Ако мислите дека некаде сум грешка, поправете ме.
 
ЕРДЕЛ ТЕРИЕР
Стандард:
бр 7 - Велика Британија

Краток опис:
Ердел Териер (често се скратува и се вика „Ердел“) е раса на куче која потекнува од Ердел, географска област во Јоркшир, Англија. Традиционално е наречен „Крал на териерите“ бидејќи пред создавањето на Црниот Руски Териер. Од страна на KGB во Русија, Ерделот беше најраспространета раса од семејството на териери. Ерделот исто така едно време беше познат под името „Waterside Terrier“, бидејќи обично бил дресиран да лови видри во и покрај реката Ер која поминува низ Ердел. Во Англија оваа раса на куче е користена и како полицииско куче.
Воопшто, тој е многу жив пес со решителен израз. Постојано е внимателен, не е агресивен ниту плашлив.

Глава и череп : Черепот е долг и рамен. Не е широк меѓу ушите, а кон очите благо се стеснува. Главата му е пропорционална, без јасна разлика во должина, а има сосем малку видлив стоп. Носната габа му е црна.

Очи: Темна боја.

Уши: Имаат облик на буквата V.

Врат: мускулест, средно долг и јак.

Предни нозе : Долги плешки, рамни, коси, добро поставени наназад. Предните нозе се потполно рамни, со јак скелет. Грбот е краток, снажен , рамен и мазен без олабавеност. Градите се длабоки но не широки.

Задни нозе : долг и снажен, со мускулна потколеница, и со добро аглест коленски зглоб кој не е ниту надворешно ниту внатрешно нагласен. Шепите се мали и тркалезни и компактни, со добро изразени и потполнети перничиња. Опашката е високо всадена. Се купира, не е свиткана над грбот, има добра маса и снага.

Влакна: Тврди, густи и еластични, но не и толку долги. Тие се мазни и рамно прилегнати, потполно ги покриваат телото и нозете.

Боја: Седлото е црно или со боја на гризли. Црни се и вратот и горната страна на опашката. Ушите имаат потемно пламена боја.

Висина и тежина : висината на гребенот кај мажјаците е 58-61 цм, а кај женките 56-59 цм.

large.jpg

large.jpg

Јас чувам ваква раса и можам да потврдам според моето дека многу е умни и брзо учат. :)
Што мислите вие за расава?
[DOUBLEPOST=1404835868][/DOUBLEPOST]Јас чувам руси (Црн руски териер) и претходно кога за првпат се сретнав со овие раси размислував прво за Ерделот, ама после ми налета русинот и некако се одлучив и врзав за оваа раса. Подоцна кога во живо видов Ердел, видов дека се исто така прекрасни во секој поглед и генски многу слични на русинот...
 
Да, слични се, но Рускиот е поголем од Ерделот. И јас сакав Руски, ама веќе бев запознаена со Ерделот, а и за многу евтино гваа, па ете ми шанса. А, разликата кај двете раси е тоа што руските не се хипоалергични, а овие се. За тоа дадов поен на ерделот зошто имаме член кој е алергичен на животинско крзно.
 
Како се справувате со лаењето или не е премногу гласна?
Ne, ne goagjaat mnogu gosti vo posledno vreme, ama ako goagjaat im se raduva. Lae ako e iznervirana od neshto, a retko se sluchuva, taka da ne lae mnogu. :)
 
Кога почнав да правам скулптури од кучиња, морав да ја изучам нивната анатомија....важно беше да разгледувам многу раси на кучиња и нивната градба. Приметив дека многу сличен на ерделот е Лејк ланд териерот и Велш териерот :)
 
Со велшкиот териер е поблиску, единствена разлика е големината, а по малце и фацата. Лејкланд териерите ги има во други бои, освен тен со црно седло. А, во фризура се исти сите. :D[DOUBLEPOST=1421410659][/DOUBLEPOST]Заборавив да кажам, има Редлајн Ердел Териер. Тие се со мазно крзно. Боја црвена со црно седло. На една група за Ердели прв пат ги видов, но поубави ми се класичните Ердели.
2010-04-15_022158.jpg

Редлајн не се користат за изложбени кучиња, туку за работни. Најчесто за лов. Класичните ердели се повеќе сретнувани во изложбите.
 
Последно уредено:
Јас како што знам дека ооранг се поголеми од стандардните?
А, да. На групата за Ердели ме прашаа дали Беки е ооранг поради висината. (многу повисока од нормално е, не знам дали е до гените или друго... Татко и е 61цм (колку што памтам) што е максимум висина, но мајка и' е ниска)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom