Вевчански Карневал - Мачење на Животни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Од секогаш сум ги сакал ваквите теми за правата на животните. Сите на темава шо јадевте вчера? Стек, плескавица или случајно да не сте вегетаријанци ?
Ја си реков, гајле ми е за животните, значи не морам да одговорам на ова прашање :icon_mrgr:
 
Најстрого да се осуди овој громорозен чин од државата, а виновниците да си добијат соодветна казна (звучам како да сум претставник на некоја организација, но сликите што ги видов се одвратни, а човекот кој е способен да стори такво нешто е делумно монструм)!

После ова, не би сакала BBC да ги прикажува на своите екрани, не заслужуваат...
 
Јадење месо нема врска со оправдување за иживување врз животни.
Одвратно е ова. Барем за мене.
И не ги ни видов сликите, само у скролање шо фатив и пак ми се згади.
 
Сакаш да ми кажеш дека јас имам право секој ден да гнетам нешто од животно, и после да барам права за животните ?
 
А што правиме со кучето? Колку што знам никој не јаде кучешко.
 
Од секогаш сум ги сакал ваквите теми за правата на животните. Сите на темава шо јадевте вчера? Стек, плескавица или случајно да не сте вегетаријанци ?
До некаде си во право, ама навистина не би сакал мојот стек додека бил жив некој да го мачел, малтретирал и да се сликал со него насмеан. Брзо колење, без многу драма и заебанции ја прави мојата совест чиста:-)
 
И шо е најлошо у целава приказна, зошто глеам дека плусинфо имаат статија за ова гарант на курир ќе следи наслов „Соросоидите сакаат да му наштетат на Вевчанскиот карневал и на македонската традиција“ и целава оваа работа пак ќе се сведе на борба сдсм-вмро, а настанов ќе си остане така без осуда без ништо...
 
Сакаш да ми кажеш дека јас имам право секој ден да гнетам нешто од животно, и после да барам права за животните ?
Дури и кога се убива животно за месото, обично се има осет, да биде што побезболно и без мачење.
Тоа е синџир на исхрана.
Ова е идиотизам.
Има разлика.
 
А што правиме со кучето? Колку што знам никој не јаде кучешко.
Се изјаснив еден пост погоре. Не ги оправдувам луѓето, ама не барам ни некој си права затоа што нема логика да барам кгоа секој ден јадеме нешто од животно. За кучињата е посебна дискусија. Ќе го купи ќе порасне не му се свиѓа и го пушта на улица. Правда можам да барам за животните што не ги јадеме, а не тие што ги јадеме. Деликатна тема е тоа со животните, ама не би навлагал толку во неа.
Да не се лажеме сите знаеме како се спремаат месата. Поготово како се колат.
До некаде си во право, ама навистина не би сакал мојот стек додека бил жив некој да го мачел, малтретирал и да се сликал со него насмеан. Брзо колење, без многу драма и заебанции ја прави мојата совест чиста:)
Дури и кога се убива животно за месото, обично се има осет, да биде што побезболно и без мачење.
Тоа е синџир на исхрана.
Ова е идиотизам.
Има разлика.
Ако поставам видео како се коле и припрема животното ќе испаднам бетер од дечкото вчера. Не е баш безболно и без мачење.
 
Сакаш да ми кажеш дека јас имам право секој ден да гнетам нешто од животно, и после да барам права за животните ?

Едно е да убиеш животно за да јадеш а друго е да го убиеш за "забава". Само болен ум може да убие нешто за спрдање.
 
Ова ко некоја секта да е одколку карневал :pos:

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Едно е да убиеш животно за да јадеш а друго е да го убиеш за "забава". Само болен ум може да убие нешто за спрдање.
Луѓе убиваат, ти се чудиш за животните? Ич не ми е чудно кога некој убива луѓе за забава...
 
Се изјаснив еден пост погоре. Не ги оправдувам луѓето, ама не барам ни некој си права затоа што нема логика да барам кгоа секој ден јадеме нешто од животно. За кучињата е посебна дискусија. Ќе го купи ќе порасне не му се свиѓа и го пушта на улица. Правда можам да барам за животните што не ги јадеме, а не тие што ги јадеме. Деликатна тема е тоа со животните, ама не би навлагал толку во неа.
Да не се лажеме сите знаеме како се спремаат месата. Поготово како се колат.
Епа баш затоа реков за кучето. Не зборам за пуштањето на улица, зборам конкретно за кучево кое е набодено и го шетаат мртво. За тоа не вреди да застанеш во одбрана? Ти нема логика тоа? Дури и да не било убиено баш за ритуалов (а ако било, ја би ги одрал тие што го направиле тоа), тогаш размисли еве, ако си чувал милениче некогаш, колку свиреп треба да си за да не покажеш никаква почит према животното, дури и да не е твое туку од улица да си го нашол. Дали твоето починато куче би го набодел вака на колец? Следствено од тоа, дали било кое мртво куче би набил на колец? Дали тоа е океј, дали не треба да се застанеш против тоа, и дали ваквиот чин има било каква врска со муабетот кој ти го збориш за потребата од исхрана од други животни?
 
Се изјаснив еден пост погоре. Не ги оправдувам луѓето, ама не барам ни некој си права затоа што нема логика да барам кгоа секој ден јадеме нешто од животно. За кучињата е посебна дискусија. Ќе го купи ќе порасне не му се свиѓа и го пушта на улица. Правда можам да барам за животните што не ги јадеме, а не тие што ги јадеме. Деликатна тема е тоа со животните, ама не би навлагал толку во неа.
Да не се лажеме сите знаеме како се спремаат месата. Поготово како се колат.

Ако поставам видео како се коле и припрема животното ќе испаднам бетер од дечкото вчера. Не е баш безболно и без мачење.

Си бил во кланица? Не зборувам за домашно колење, ма да и таму се прави нешто налик она што се прави во кланица.
 
Епа баш затоа реков за кучето. Не зборам за пуштањето на улица, зборам конкретно за кучево кое е набодено и го шетаат мртво. За тоа не вреди да застанеш во одбрана? Ти нема логика тоа? Дури и да не било убиено баш за ритуалов (а ако било, ја би ги одрал тие што го направиле тоа), тогаш размисли еве, ако си чувал милениче некогаш, колку свиреп треба да си за да не покажеш никаква почит према животното, дури и да не е твое туку од улица да си го нашол. Дали твоето починато куче би го набодел вака на колец? Следствено од тоа, дали било кое мртво куче би набил на колец? Дали тоа е океј, дали не треба да се застанеш против тоа, и дали ваквиот чин има било каква врска со муабетот кој ти го збориш за потребата од исхрана од други животни?
Не ме сфати мислам. Тие со кучето се за секаква осуда. Мене ми нема логика да се буниш за убивање на свиња, кокошка, прасе и слично. Нешто што јадеме. Кучиња, мачиња се друга тема на муабет и реков тоа е за секаква осуда НО, не ме чуди тоа што го убиле за забава затоа што во светов и луѓе се убиваат за забава.
Човековата глупсот нема граница, и верувај дека тие што убиваат животни се болни и не размислуваат како тебе, како мене и како другиве тука.
Си бил во кланица? Не зборувам за домашно колење, ма да и таму се прави нешто налик она што се прави во кланица.
Не не сум бил, но го знам процесот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom