MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Па тролаш веќе бе брат.. максимално тролаш ))))))Па не ме читај ако сум ти досаден сега што да правам некако ми е тешко да поверувам дека некој правел проект зад кој застанале толку луѓе а тој проект во старт да ти имал мана - не бил уставен, а сето тоа е разоткриено од студентите. Според мене не го крши Уставот затоа што не се меша во начинот на кој се управува факултетот, изборот на професори и тн. Тоа е суштината на автономијата.[DOUBLEPOST=1421237750][/DOUBLEPOST]
Првото е точно, второто е 50-70% точно.
У осталом еве ти.. пошо те мрзи да читаш... пак.....
Академска слобода
Член 12
Академската слобода опфаќа:
-слобода во научно-истражувачката работа, уметничко создавање,
примената и посредување на знаењето,
-самостојно уредување на внатрешната организација и работењето
со статут во согласност со закон,
-слобода на изведување на наставата, спроведувањето на научните
истражувања, уметничката дејност, односно творештво и применувачка
дејност, вклучувајќи ја слободата на објавување и јавно преtставување на
научните резултатити и уметничките достигања,
-слобода на студирањето, утврдувањето на правилата на
студирање, облиците и видовите на наставно-образовните дејности и на
проверката на знаењата на студентите,
-слобода на избор на студиските програми и содржината на
одделните предмети, како и подготвување на учебници и други учебни
помагала,
-слобода на изборот на методот на интерпретирање на наставните и
уметничките содржини,
- утврдување услови и критериуми за студии од прв, втор и трет
циклус, како и други видови на образование,
- подготвување, усвојување и остварување на научно-истражувачки
програми и применувачка работа,
- доделување стручни, академски и научни звања согласно со закон,
како и доделување на почесни академски титули,
- определување услови, критериуми и постапка за избор во
наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања и
- избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања.
Автономија во управувањетопревземено од www.mon.gov.mk
Член 13
Автономијата во управувањето со универзитетите и со самостојните
високообразовни установи се изразува во:
- планирањето, остварувањето и развојот на високообразовната
дејност,
- воспоставувањето и уредувањето на внатрешната организација,
- донесувањето на статутот, односно правилникот на единицата,
- изборот, именувањето и отповикувањето на органите согласно со
статутот,
- располагањето со одобрените финансиски средства, како и со
сопствените приходи,
- формирањето на фондови и основањето други организации од
сопствени приходи, донации и други извори заради вршење на
високообразовна, научно-истражувачка, издавачка и применувачка дејност,
- управувањето и користењето на имотот во согласност со
намената за која е добиен,
- одлучувањето за формите на соработка со други организации,
- здружувањето и асоцирањето во соодветни организации и форуми
во земјата и странство,
- остварувањето на меѓународна соработка, склучувањето договори
и учеството во меѓународни организации и асоцијации и
- одлучувањето за други права утврдени со статутот, односно
правилникот на единицата.