Пошто јас влегов во вербален дуел со него, можам слободно да кажам дека не упатив ниту една навреда кон него. Тој дојде на темава, почна да пишува постови дека све е супер, дека владата и премиерот се супер, работат за доброто итн итн (нели, аргументите не мора да се кажат). Ок, јас му вратив со иронија, и имам секакво право на тоа: Му реков дека сме скоро ко Финска и дека супер е ова. Е тој тогаш почна со навредите, односно со лепењето етикети соросоид, сдсмовец и слично, и тоа не само кон мене. (патем кажано, тој отворено кажа дека е од владеачката партија, така да ние не му залепивме ниедна етикета затоа што немаше потреба за тоа). Јас му реков дека зборува глупости, но не му реков дека е глуп (а и искрено не го мислам тоа, туку мислам дека е трол/спамер/што и да е), за он да ми врати со провокатор и dick, или на нашки, нешто ко кретен. И после продолжи со: да живее грујо, владата итн итн, јас само добронамерно и суптилно му кажав дека можеби ќе биде ок да побара некаква стручна помош, не е срамота тоа, 21ви век сме.
Али нека го бе, нека не го банираат.
Убаво е да се види лицето на власта и нејзините подржувачи.
Патем, Брутус, Владата и Собранието носат политички одлуки, така функционира еден политички систем. Така да политичко и партиско не мешај.