Полако али сигурно

Ќе ја биди не барајте преку леб погача, ПОЛУСЕЗОНА Е, работата е колку да не испадниме, да избориме опстанок да не се резилиме со спонзори и тренери, па за следната сезона ќе биди друга приказна

Екипа не се прај за 20 дена, треба подолг период да помини да се напрај стабилна екипа, јас прво велам нека се среди школата да излегват нови клинци, нека напрат услови какви шо треба на стадион, срамота е 21 век топла вода немаме на стадион, после утакмица нема кај да се искапат фудбалерите особено тие шо идат на гостување патуваат по автобуси, трчаат на терен, испотени и така се враќаат како свињи....
Тие се фудбалерите за полусезона, појаките имат клубој, сега можиме само со третокласни срби да пробваме, одма ги кудите и тие и тој од Косел а ги немате гледано, истото беше и за бугарите лани дека дошле од 2 лига, па тука газеа сите, па до ден денес сакате да се вратат, чекајте малку не само нечини овај, сигурно нема да купиме некој од премиер лига се знај дека ќе барат некој срби ни мој ни твој, а за нашите фудбалери шо заминаја во Вардар се излажаја по парите, фудбалот е бизнис, никој не игра од љубов, тие се многу постабилни од нас плус со поголем буџет и заминаја Скопје. Одма се кренавме во облаци треба да се спуштиме на земја, не видовме успех со фудбалот години, години па сега дојде јак тренер и одма амбициите се кренаја до небо синир Меси и Роналдо ќе ги земиме, за Пачата одма беше сумливо оти тој зема ѓаол и пол плата а тука нема кој да му искешира толку и сега ќе плукаме по него оти не дошол кај нас...
До сега зедовме 4 фудбалери, сигурно ќе се земат уште 6-7 и тоа ќе биди се до остатокот на сезоната, наводно 3 играчи биле договорени од нашето првенство од 1 лига, а 3 играчи ќе барале од странство односно од припремните утакмици во Анталија.
Мене ме интересира шо се напрај со тие играчите 20тина шо тренираа на помошното ? Ете со Митиќ и Станоевиќ се потпиша, поголемиот дел знам ги јадоја клоците, ама нигде не се пиши за напаѓачот гркот, кој како шо разбрав со сигурност ќе останел, тој го донесол Коки (помошникот на Ѓоко) пријатели нешто биле со него, а иначе гркот дрво неделкано е...
Исто тој бразилецот (белецот

) Адриано беше добар , шо е со него ? Тој другиот бразилец шо даде убав гол Дидо беше и пред да почни сезоната кај нас тој е едниот од тие двајцата шо беше на проба и во Вардар пред да дојди кај нас, иначе и тој е трупец...
И мора да си најдат голман ! Голман, штопер, 2 бека, 2 крила и 2 напаѓачи доста се