Со сонцето во Струмичко-Гевгелискиот регион може да се садат чушки, френки и патати. Штета е што ни за тоа не се користи.
Со 2x Скопје 2014 пари е прашање дали ќе успеете да снабдите со електрична енергија една, Гевгелија или Струмица, без околните села за наредниве 10 години.
Прво фолтоволтаиците се премногу скап извор на енергија. Второ, за да се замени константен извор на енергија како термо-електранта со солар ќе мора некаде да се складира таа енергија, што е уште многу поскапо.
За да се заменат 800MW термо-електрани, колку што имаме во моментов, требаат соларни панели со минимум 3.5 пати поголема инсталирана моќност, односно 2800MW. Покрај ова потребни се и батерии за складирање на енергијата које ќе треба да се користи кога нема сонце. А сонце нема во просек во пола од времето во денот (сметано во тек на година), при што во Струмичко-Гевгелискиот регион дури 75% денови се сончеви. Тоа значи дека барем 60% од тие 800MW односно 480MW ќе треба да се складираат за потребите од енергија кога не е сончево. Или во бројки за период од 12 часа(со надеж дека нема да зафати серија од многу облачни денови) тоа е 5.760MWh енергија.
Најисплатливите панели по инсталирана моќност и по животен век (20 години) во моментов на големо коштат околу 750 евра по kW.
Тоа значи дека за 2800MW = 2800000kW се потребни 2100000000 евра, т.е. 2 милијарди и 100 милиони евра.
Квалитетни батерии кои ќе траат од 5 до 10 години чинат околу 1500 евра по kWh односно 5760000 * 1500 = 8 милијарди и 640 милиони евра за период од 5 до 10 години или 17 милијарди и 280 милиони евра за период од 20 години колкав е животниот век на соларните панели.
Со други зборови, за да Македонија ги задоволи своите потреби за енергија во наредните 20 години, под погрешна претпоставка дека конзумот нема да расте(просечно расте за 2-3% годишно) ќе и бидат потребни околу 20 милијарди евра кои треба да ги инвестира веднаш, а по 20 години да не остане ништо од таа инвестиција. Тоа се годишно околу 1 милијарда евра, без да ги сметаме трошоците за одржување на централите.
Севкупниот годишен конзум на Македонија е околу 8000GWh што ако се набави на отворен пазар по цена од 50 евра за MWh чини околу 400 милиони евра годишно при што нема никакви дополнителни трошоци како оние за одржување.