Најкрвав масакр на Боко Харам: Во Нигерија убиени 2.000 лица

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Во основа, не се очекува интервенција од САД или од целиот континент Америка, туку општо од целиот свет.
Yeah right. Си има ли Нигерија војска и полиција ? Има.
Бараат меѓународна помош од некого ? Јок......ако не се лажам мислам дека и имаат одбивано предлози да им се помогне демек самите ќе средат. Во Мали побараа - добија Француска интервенција.

Кој да интервенира ? Си имаат демократски избрана влада која треба да ги заштити своите граѓани од терористичка организација.
Ајде бар владата на Нигерија со војската на Нигерија да врши некој геноцид,па да се има причина да се кука зашто Америте не интервенирале тука ,но во ваква ситуација....

Проблемот со интервенциите на САД е во тоа што досега истите - без ниту еден исклучок - беа водени исклучиво од економските и политичките интереси на САД, а не од хуманитарни интереси.
Како и мање-више секој што има некаква моќ да покажува сила надвор од своите граници.

Не им претставуваше проблем на САД да интервенираат во Либија во 2011 година со оправдание дека државата е на работ на хуманитарна криза, но еве ги, молчат за Нигерија,
Затоа што Гадафи и Боко Харам не се иста работа и стуацијата нема никаква сличност ?

И на целиот овој ужас, САД и западот единствено излегуваат со јавна осуда и ништо друго.
А што да прават друго ?

Исклучоци се Украина, каде што ја поддржуваат хунтата во Киев,
Зашто мислиш дека во Нигерија владата не добива некоја слична логистичка поддршка за да се справи со овие ?

и Сирија, каде што ги поддржуваат буквално сите кои се против сириската влада на чело со Башар ал Асад, бидејќи Асад, исто како и руското малцинство во Украина, беа, односно се под заштита на Русија, а повеќе од очигледно е дека на САД поважно им е да си го пикаат носот во рускиот двор, наместо да бидат вистински хуманитарци и да му помагаат на човештвото.
Ахам.....сигурно. Тоа нема да го видиш од ниту една земја во светот. Нешто Европа се просерава со тоа и има некои обиди,ама тие се несмасни и нема некоја сила да промени нешто.

Инаку ако треба да го помагаат човештвото што е тогаш проблемот да рушиш диктаторски режими ?
Зарем тоа не е помагање на човештвото ? До кога ќе треба некои копуци што мислат дека господ го фатиле за муда да бидат семоќни владетели во своите земји без никаква опозиција и без право на критика ?
Не викам дека тие го прават тоа со намера нешто многу да помогнат, но кое зло да го избереш таму ? Диктатор или шеријат. На блискиот исток тој е изборот - од наша перспектива и двете се лоши работи,но затоа што веќе имавме поблаги диктатури и навикнати сме на нив и сме европски и христијански народ - релативно секуларна диктатура ни изггледа како подобра опција. Арно ама на тие таму тоа не им делува така.Мнозинството од луѓето таму веројатно повеќе ја сакаат втората опција.

Но да бидеме искрени, и Русија молчи околу ваквите масакри во Нигерија и во останатите држави од светот.
Нормално, конкурент производител на нафта и гас се распаѓа - не им ни текнува да погледнат натаму,а не пак нешто да помогнат. Поверојатно е Русија дека би го финансирала Боко Харам од колку што би помогнала против нив.
 
Yeah right. Си има ли Нигерија војска и полиција ? Има.
Бараат меѓународна помош од некого ? Јок......ако не се лажам мислам дека и имаат одбивано предлози да им се помогне демек самите ќе средат. Во Мали побараа - добија Француска интервенција.

Кој да интервенира ? Си имаат демократски избрана влада која треба да ги заштити своите граѓани од терористичка организација.
Ајде бар владата на Нигерија со војската на Нигерија да врши некој геноцид,па да се има причина да се кука зашто Америте не интервенирале тука ,но во ваква ситуација....

Како и мање-више секој што има некаква моќ да покажува сила надвор од своите граници.

Затоа што Гадафи и Боко Харам не се иста работа и стуацијата нема никаква сличност ?

А што да прават друго ?

Зашто мислиш дека во Нигерија владата не добива некоја слична логистичка поддршка за да се справи со овие ?

Ахам.....сигурно. Тоа нема да го видиш од ниту една земја во светот. Нешто Европа се просерава со тоа и има некои обиди,ама тие се несмасни и нема некоја сила да промени нешто.

Инаку ако треба да го помагаат човештвото што е тогаш проблемот да рушиш диктаторски режими ?
Зарем тоа не е помагање на човештвото ? До кога ќе треба некои копуци што мислат дека господ го фатиле за муда да бидат семоќни владетели во своите земји без никаква опозиција и без право на критика ?
Не викам дека тие го прават тоа со намера нешто многу да помогнат, но кое зло да го избереш таму ? Диктатор или шеријат. На блискиот исток тој е изборот - од наша перспектива и двете се лоши работи,но затоа што веќе имавме поблаги диктатури и навикнати сме на нив и сме европски и христијански народ - релативно секуларна диктатура ни изггледа како подобра опција. Арно ама на тие таму тоа не им делува така.Мнозинството од луѓето таму веројатно повеќе ја сакаат втората опција.

Нормално, конкурент производител на нафта и гас се распаѓа - не им ни текнува да погледнат натаму,а не пак нешто да помогнат. Поверојатно е Русија дека би го финансирала Боко Харам од колку што би помогнала против нив.

Значи сепак САД и западот интервенираат само кога се профити во прашање и кога сакаат да сменат од власт некој кој не игра на нивната музика.

И те молам немој да ми говориш за интервенција поради геноцид кој го извршува владата на некоја држава, истите држави со мнозинско муслиманско население во кои на власт е исламистичкиот шеријат се одлични примери за геноцид регулиран со закон.

Тоа што не ги истребуваат луѓето во гасни комори или по неколку стотици или по неколку илјадници невини луѓе во еден ден, не значи дека не вршат геноцид.
 
Па мислам дека бев доволно јасен погоре.....

Е кои де ? Судан.
Не се поклопиле интересите таму. Таму можеш да прозиваш некого зашто не интервенира за да заштитат некого, но во Нигерија.......

Кажи ми која е причината некој да интервенира во Нигерија против Боко Харам ?
Има демократски избрана власт Нигерија ? Има
Има за афрички услови доста добро опремена војска и полиција ? Има
Бара ли таа помош да се справи со бунтовници/терористи ? Не.
Кој тогаш да интервенира ? Како, зашто ?
 
Не ја читав дискусијава, ама претпоставувам дека повторно некои дошле до заклучок, оти не станува збор за верската омраза на Муслиманите, кон немуслиманите, туку за преоблечени агенти на Мосад, кои се намачкале со боја за кондури (за да личат како црнци) и го извршиле масакрот, набедувајќи ги невините Муслимани. па така, ние тука наивно мислиме дека станува збор за исламски екстремисти, Боко Харам.
:tapp:

Сведок на масакрот: Со километри пешачев преку мртви луѓе што ги уби Боко Харам

Јанај Грема е Нигериец што го преживеал масакрот што го извршија припадниците на Боко Харам во неговиот роден град Бега, на брегот на езерото Чад. Овој 38-годишен рибар преживеал криејќи се меѓу ѕидовите на својата и куќата на соседот.

повеќе
 
Последно уредено:
Не ја читав дискусијава, ама претпоставувам дека повторно некои дошле до заклучок, оти не станува збор за верската омраза на Муслиманите, кон немуслиманите, туку за преоблечени агенти на Мосад, кои се намачкале со боја за кондури (за да личат како црнци) и го извршиле масакрот, набедувајќи ги невините Муслимани. па така, ние тука наивно мислиме дека станува збор за исламски екстремисти, Боко Харам.
:tapp:
Аман бе другарче...
Ако си толку убеден во ова шо го збориш, зошто седиш уште пред тастатура дома ?
Толку многу џамии низ светов и муслимани за ти да ги убиваш, а ти тука не убедуваш нас глупите...
Не си троши со нас време, глупи сме се родиле глупи и ќе си умреме. Глеај ти да не избавиш од злото кое е околу нас.
 
Па мислам дека бев доволно јасен погоре.....

Е кои де ? Судан.
Не се поклопиле интересите таму. Таму можеш да прозиваш некого зашто не интервенира за да заштитат некого, но во Нигерија.......

Кажи ми која е причината некој да интервенира во Нигерија против Боко Харам ?
Има демократски избрана власт Нигерија ? Има
Има за афрички услови доста добро опремена војска и полиција ? Има
Бара ли таа помош да се справи со бунтовници/терористи ? Не.
Кој тогаш да интервенира ? Како, зашто ?

Па добро де, и Југославија беше демократска држава, не бараше никаква интервенција од надвор, но сепак ја бомбардираа.

Либерија исто така е демократска држава и не бараше помош од САД и од западот кога започна епидемијата со ебола во 2014 година, сите држави со кои се граничи Либерија ги затворија границите со Либерија за да избегнат ширење на епидемијата, но САД со сиот памет испратија војници таму за да помогнат во евакуација и/или карантин на населените места чии што жители ризикуваат да бидат заразени или веќе се заразени од болеста.

А пази, тука говориме за болест за која нема лек, додека во североисточна Нигерија и тоа како само има лек за Боко Харам.

Патем, кога сме кај вооружените сили на Нигерија, нигериската влада во 2014 јавно призна дека нема професионална војска подготвена за да ги порази Боко Харам, неодамна побараа помош од Чад, но Чад ги одби.

Зошто САД и западот не интервенираат во Нигерија ?

И немој да се вадиш со изразите демократска влада, добро опремена војска и полиција и слични оправданија, бидејќи САД и западот имаат интервенирано и во такви држави без воопшто да им биде побарана помош.
 
Кои муслимани бе!?
Овие се терористи, убијци и се друго само не муслимани. А тоа како сакаат да бидат именувани е друга работа.
 
Од овие две статии на Википедија, и земајќи ја во предвид сегашната ситуација во Сомалија, би требало да следува заклучокот дека подобро е САД и западот да не интервенираат и да не си го пикаат носот во туѓи дворови.

Зошто САД и западот не интервенираат во Нигерија ?

Одлучи се.
 
Одлучи се ти кои коментари мои ги читаш и на кои реплицираш, а на кои не.

Како што спомнав, судејќи според денешната ситуација во Сомалија, интервенцијата на САД во Сомалија за која пишува во статиите од Википедија за кои ти ми прати линкови, очигледно не помогнала многу и подобро би било САД да не си го пикаат носот во други држави.

Но како што можеш да видиш од изминативе 16 години, праксата на САД е поинаква - имаше бомбардирање на Југославија во 1999 година, па инвазија на Авганистан во 2001 година, па инвазија на Ирак во 2003 година, па интервенција во Либија во 2011 година, а во 2013 година за малку ќе ја бомбардираа и Сирија ако Русија и Владимир Путин не им кажеа да размислат два пати пред да донесат конечна одлука.

Бомбардирањата на Југославија во 1999 година и на Либија во 2011 година, САД ги оправдуваа со целта да спречат хуманитарна криза.

Е па ако САД се толкави хуманитарци, зошто не бидат хумани и кон Нигерија и не ги бомбардираат Боко Харам во североисточна Нигерија ?

Или за Нигерија одлучиле дека е подобро да не си го пикаат носот таму, но затоа можат да си го пикаат носот во Сирија, каде што ги финансираат и ги вооружуваат сите терористички организации, се додека се борат против сириската влада на чело со Башар ал Асад ?
 
Побара пример за интервенција од хуманитарни причини - доби одговор. Како сето завршило не е битно. Не постои семоќна нација или подобро војска што може да реши се, еве најдобар пример е Виетнам за Американците.

Инаку, според твојава логика, САД треба да интервенираат во;
Кина (Ујгурите), Русија (Чеченците), Индија (Маоистите, исламистите), Мексико (нарко-војните), Израел (Палестинците) и така натаму.
Нигерија има своја армија која може да ги решава проблемите. Ако не може, секогаш може да побера помош.
 
Сите држави кои ги спомна успеваат некако да одржат стабилност, во спротивно, дај пример за некој масакр како овој во Нигерија, а да се случил неодамна во некоја од овие држави.

Но добро, битно се разбравме дека САД и западот никогаш не интервенираат во странска држава од хуманитарни причини, и тоа е доволно за да знаеме дека Нигеријците се оставени сами на милост и немилост на радикалните исламистички ѓубриња.
 
Ги спомнав тие држави како едни од помоќните, каде всушност се имаат извршено масакри во последните 10 години.

Го доби примерот за интервенцијата на САД од хуманитарни причини.

Нигеријците не се сами, имаат своја армија, како и Израел, Кина, Русија, Мексико.

И кажи ми, се одлучи, да интервенираат или не?
 
Од хуманитарни причини - да.

Од профитерски причини, како што правеле досега - не.

А кога сме кај нигериската војска, како што спомнав претходно, во 2014 година, нигериската влада потврди дека нигериската војска не е подготвена за борба против Боко Харам, што повеќе од доволно говори за потребата од хуманитарна интервенција во оваа држава.
 
Мислам дека воена интервенција во Нигерија лесно би можела да се претвори во регионален хаос.
 
Не мора да значи, бидејќи Боко Харам дејствува претежно во североисточна Нигерија, што значи дека САД и западот не мораат да испраќаат војска или да ја бомбардираат цела Нигерија.

Можат да извршат бомбардирања во координација со нигериската војска и така да помогнат.

На крајот на краиштата, САД извршуваат напади со дронови во Пакистан и Јемен без воопшто тоа да биде побарано од нив, па би можеле истото да го направат и во североисточна Нигерија без ниту еден загинат американски војник.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom