Да не стане некакво недоразбирање, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ ГО ОПРАВДУВАМ ИЛИ СЕ ОБИДУВАМ ДА ЈА РАЗВОДНАМ ВИНАТА НА МУСЛИМАНИТЕ-КОИ УБИЈА 20 НЕВИНИ. Она што сакам да го потенцирам е и покрај лесната прецнка дека може да се случи таква трагедија сепак е објавена карикикатурата-зошто? зарем заслужува заради некаква слобода на говор да се предизвика таква трагедија.Каква е таа слобода на говор- карикатура, какво ограничување би било на таа слобода на говор ако не се објави. Каква е таа слобода на говор кој потикнува монструми да убивааат? И не станува тука збор за слобода на живот па ај ќе гинеме, туку за некаква скапана карикатура, не заслужува.
Световните закони на една држава се мерило за тоа што смее, а што не смее. Ако не беше така, не само Муслиманите туку секој еден, ќе можеше да си одредува, според своја воља, што смее, а што не смее да се прави. На, пример, замисли сега хиндуските емигранти и нивното потомство, кое е бројно во Британија, да дадат ултиматум, да се прекине веднаш колњето крави и нивното користење за исхрана. Кравата е свето животно за Индусите и кај нив, во Индија тие не ги убиваат или искористуваат овие животни, кои слободно си шетаат. Исто како што во Саудиска Арабија не смее да се продава алкохол, жена да вози или црква да се гради. Зошто Хиндусите да живеат со такво страшно богохулие околу нив?
Дали едни претпоставени терористички напади од нивна страна, околу ова, во Британија, би биле морално-етички валидни според прекрасната муслиманска логика?
еве ќе повторам и за тебе:
Да речеме дека имаш кафич у Чаир.
И ти доаѓаат истиве и ти викаат дека ќе си имаш проблеми затоа што се продава алкохол во кафичот, пошто нели по нивната идеологија тоа е забрането. Одбиваш и кафичот ти го демолираат или прифаќаш и не продаваш алкохол.
Дали ти ќе си речеш, ОК ќе се откажам од профит и рентабилност и покрај тоа што законски е дозволено, скроз легално и направено да функционира така, затоа што знам дека продавањето алкохол во мојот локал би ми донело невољи со Муслиманите?
Веројатно така ќе речеш, пошто ова навистина се случуваше во Чаир, во трговскиот центар Чаирчанка, во кој денес не продаваат алкохол локалите, пошто тие кои пружија отпор беа дисциплинирани од ревносните спроведувачи на шеријатските закони.
Истата логика, утре ќе те доведе до незгодна ситуација кога ќе сакаш да јадеш или да се напиеш вода, на јавно место, во сред муслимански пост. Такви неприлики, веќе имаат кафирите, по доминантно муслиманските квартови по Европа.
До каде ќе оди тоа? Знаеш?
Ако не знаеш, погледни ги Христијаните во Сирија или Ирак, Авганистан, Пакистан. Не можеш. Затоа што ги нема, за помалку од една деценија ги исчистија, од места каде живееле 2000 години.