Откриени планети слични на Земјата!

  • Креатор на темата Креатор на темата bebelusha
  • Време на започнување Време на започнување
Моментално често истражувана тема и надеж за нов обновлив и моќен извор на енергија е анихилација т.е. енергија добиена од судир на материја со антиматерија.
Овие реакции ослободуваат околу 10 милиони пати повеќе енергија од ракетен погон и околу 1000 пати повеќе од нуклеарни реакции.
Најголемиот проблем околу овој метод е креирање и зачувување на антиматерија, но не се сомневам дека во скоро време ќе видиме голем напредок и на тоа поле.
Ова е тнр. Тотална Анихилација, и беше прав бум во 1997.
 
Ова ми се допаѓа: " ...while its proximity to its star puts it in the “Goldilocks” or habitable zone where the temperature is just right for liquid water to flow."
Што ако цело време бараат на погрешно место? Зошто баш Голдилок зоната само да се смета за погодна за живот? Надвор од земјата можеби има живот кој научил да живее без течна вода.
Мора ли животот да биде во човечка форма? Пфффф.....
 
Каде би било правото место да се бара живот?Земи ги предвид сите релевантни информации кои ги имаме и сподели со другите.:icon_lol:
 
Со досега сите познати погонски системи (развиени на хартија, како експерименти или што се употребуваат во пракса) не одиме подалеку од Нептун.
Потребен е радикален скок во физиката, единствено со методи како искривување на просторот човештвото може да се прошири и на другите ѕвезди.

А зошто бараат планети со вода во течна состојба? Па за да ги населиме :)
Инаку би требало да постои живот во друга форма, различна од таа тука на земјата, да речиме живи суштества базирани на силициум, а не на јаглерод, како нас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom