- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.761
- Поени од реакции
- 9.541
Морам да те реплицирам овде. Точно факултетот дека не е задолжителен, но зошто е така? Јас тоа го сфаќам дека не е задолжителен за оние кои покажале слаб резултат и во средни и основно, за кои немаат капацитет да го продолжат своето образование на факултет, но не за оние кои го имаат сето тоа а се осакатени ради финансии. Тоа не е рамноправност според мене и твојава логика оди кон факултет за оние финансиски помоќни, а не и за оние кои се финансиски посиромашни. Секој плаќа данок на државава за да добие јавно добро во вид на образование и сл, па така секој има право на образование без разлика на финансии. Значи државата е одговорна према теба во овој случај да ти обезбеди јавно добро во вид на образование.Затоа и факултетот не е задолжтелен.
Нешто со стипендии, нешто самите. Има деца од Скопје, што студираат и плус работат за да можат некаков пристоен живот да имаат. Ама се решиле да студираат, никој не ги натерал.
Ако јас утре решам да студирам во европска држава или САД, со делумна стипендија, сигурно 100 пати поскапо ќе ми биде студирањето таму со сите трошоци за ете просечен студентски живот. Ама јас самата сум го избрала тоа. Тоа сум го сакала и ќе се снајдам.
Професорите ем да предаваат тука, ем да патуваат во други градови, ем да истражуваат, ем да одат по конференции да презентираат трудови. Што се професорите, суперхерои? И се ова треба да го прават подеднакво добро? Не е возможно.
Тоа што споредуваш со студирање на странство е веќе тоа е случај на личен избор кој подлежи на финансиски причини. Бидејќи ти веќе имаш опција да го задоволиш свото образование тука, а ако сакаш нешто плус за кое државата не е одговорна према тебе е тоа е веќе друг муабет, иако моментално имам другари стипендисти во странство кои се задоволни од условите кои моментално им ги овозможува нашата држава, а за студенти од други урбани и рурални средини од Македонија кои немаат таква можност во вид на стипендии немаат таква можност да студираат во Скопје.
За стипендирање на вакви студенти за да студираат во Скопје не е реално остварливо во Македонија ради многу причини, а тоа е дека нема објективност при додоелување на стипендии, не е во голема еднакво и објективно оценувањето во средни училишта за да некој ученик би се здобил со индиректна титула талентиран ученик (автоматски според мене на секој директен талентиран ученик би имало плус 5 индиректни кои по х причини имале ист резултат со тој првиот), капацитетите и условите на студентски домови исто. Тоа е крупна работа која би чинела многу искрено и порентабилно и поисплатливо буџетски за државата во овој момент се дисперзираните студии.
А професорите? Точно е дека тие во случајов се малтретирани, но мислам дека добиваат и платен превоз и дневници.