Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, еве ги конечните правила, Стефан може копи пејст да им направи во групата на Фејсбук.

Коефициентот на конечен тип мора да биде во распон 1.10 до 1.60, валиден е билтенот на Спорт Лајф, онака како што ќе излезе, нема врска потоа дали коефициентот се поместува.

За типот да биде добитен мора да исполнува еден од двата услови.
Или да биде недобитен на конечен тип, или ако е добитен фаворитот да не постигне повеќе од 3 голови. Значи, за добитни се сметаат следните резулатати, 1-0, 2-0, 3-0, 2-1, 3-1, 3-2, и сите обратни доколку фаворитот е гостин, сите нерешени, и сите порази на фаворитот.
Третите лиги, освен англиските до првата конференција не се важат.
Азиските лиги, освен јапонската исто не се важат.
Централно американските лиги, како Јамајка или Костарика, не се важат.
Типовите НЕ СМЕАТ да се повторуваат. Ако некоја утакмица е веќе постирана, следниот кој ќе ја постира типот нема да му се важи.


Ова е правилото за кое најмогу размислував, за бројот на типови на ден. За да биде фер, со оглед на понудата, ќе одиме вака.

Од понеделник до петок по 1 тип на ден.
Во сабота и недела максимум 3 типови на ден. Типовите мора да бидат во различни сатници. Под различна сатница се подразбира минимум 2 саати помеѓу два типа.
Немате никаква обрска да типувате секој ден.
Наградите се 100 евра за оној кој ќе погоди 20 типови ПО РЕД, и 300 за оној кој ќе погоди 30 ПО РЕД, АКО не си ја подигне добивката на 20 погодени типови.
Оној кој ќе има 5 неуспешни обиди за 20 погодоци по ред, губи право на учество. Овие кој досега промашија се изземени од ова правило, односно пак имаат 5 шанси.

Групата ќе биде отворена за влез до петок, потоа нема да се примаат нови членови.

За парите воопшто да не се секирате, јас имам еден куп маани, ама сум човек од збор. Кој ќе погоди СИГУРНО ќе биде исплатен, на Скрил или на трансакциона сметка.

Тоа би било тоа, повелете во групата типувајте.
 
Пастирано во групата и ќе ве молам сите да се придржувате до правилата. Како што реков од утре ќе отварам фајлови за секој ден посебно, за да се има преглед во датите а и одиграните типови. Секое мислење што ќе биде едитирано ќе биде неважечко, а и тој што ќе видам дека ќе избрише тип и ќе стави нов лета од групата. Ипак не сме 500 луѓе па да немаме увид, лесно се препознава.
 
Само што има црна брада наместо бела. :)
Едно прашање, пишеше во правилата од Пон. до Петок по 1 тип дневно, а некој 2 типа имат, како ќе биди конечно сега?
По логично е 1 тип оти нема утакмици доволно низ неделата, зависи..
 
Едно прашање, пишеше во правилата од Пон. до Петок по 1 тип дневно, а некој 2 типа имат, како ќе биди конечно сега?
По логично е 1 тип оти нема утакмици доволно низ неделата, зависи..

Од понеделник до петок 1 тип, тоа што беше беше. :)
 
Од понеделник до петок 1 тип, тоа што беше беше. :)
Важи им ги денес на тие што истипувале по два типа затоа што веќе постираа пред да ги напишеш правилата. Од утре за секого ќе важи и нема мрдање. :D
 
Важи им ги денес на тие што истипувале по два типа затоа што веќе постираа пред да ги напишеш правилата. Од утре за секого ќе важи и нема мрдање. :D
Море море паметни деца насегде :D
 
Важи им ги денес на тие што истипувале по два типа затоа што веќе постираа пред да ги напишеш правилата. Од утре за секого ќе важи и нема мрдање. :D

ОК, не сум видел кој што постираше до сега. Оние кој ќе постираат после 13.00 им се важи само првиот тип.
 
Една година крадење 07.01.2014-07.01.2015..Влада на Република Македонија.неможам да се помирам со данокот од 10%,ваква кражба е недозволива
 
кој глупаци се овие од плејин бердих не го ставиле во понуда :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom