- Член од
- 8 ноември 2012
- Мислења
- 8
- Поени од реакции
- 20
Здраво дечки, ве читам долго време некако сите прашања веќе ми биле поставени од други па немав потреба да пишувам, а да одговорам многу на веќе поставените баш и не можев зошто не сум многу упатен со темава. Но еве дојде ред и јас да прашам
За некоја недела треба да одам во Бугарија на поддавање документи, за датумот аплицирав кај посредникот уште во Февруари минатата година. Немам никакви дополнителни документи (од она што до сега сум го пребарувал) Моите баба и дедо од двете страни се родени 1932-1034 година... Така да не се заведени бо бугарски книги на родените, дедовците немаат служено војска во Бугарија, едино според мене останува решение за бугарски сведителства зошто 1,2,3 ... одделение ги фатило во Буграска окупација, меѓутоа такви сведителства дома не можам да најдам, дали мислите дека постои начин некако да се најдат истите (јас не гледам баш светло кон ова) и дали мисите дека БЕЗ дополнителни документи би успеало да се истурка целата процедура, не знам дали вреди да чекам и да лупам пари со оглед на тоа дека сум тек на почеток. А за процедурата мислам дека после првото поддавање документи, излегува происход со кој закажуваш интервју, одиш на интервјуто од кога ќе ти го закажат и после тоа останува да чекаш ? (прашувам хронолошки да не има уште нешто што не го знам за да знам дали во меѓувреме можам да заминам од земјава). Мислам дека баш долг текст имате за читање, па ако некој милува и знае би ми било од корист доколку ми одговори на прашањата
Фала ви и поздрав до сите.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)