Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.927
Поени од реакции
11.535
Првото беше подобра опција.
Далеку подобра.
Тогаш ај што ќе навлезеа во играта на Владата, како што пиша и ГадХејтасал ќе влезеа во незаконитоста и противуставноста на Владата, туку ќе прекршеа и нешто што го објавиле како соопштение само 2-3 часа претходно - одлуката дека нема да учествуваат на „пост фестум“ дебата. Само Ванковска, па и другите околу неа, требаше убаво да изиграат со зборовите.

@Inglourious Basterd Ваљда мисли на тоа дека законот е во законодавна постапка, значи во Собрание, како законодавна власт, а претседателот на Владата како претставник на извршната власт „повикува на дебата“.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.334
Поени од реакции
21.748
И да, со ова покажа лидерот наш дека нема основни познавања од демократија и поделба на власта. Како бе ти можеш онака да каниш на дебата во СОБРАНИЕ(законодавна власт) и тоа со онаков стил, речник и тон како да ја каниш комшика ти на кафе кај тебе во станот. :rolleyes:
„Не е точно дека државата ќе спроведува државен испит, тоа ќе го прави одбор за акредитација составен од професори. Државниот испит ќе биде организиран од одборот, чии членови се избрани од Собранието, а не од Владата. Тоа дека државата сака да ги оценува студентите е политичка флоскула. Тоа не е така, тука не се руши автономијата“, рече Груевски.
Си покажа Груевски како тој ја разбира разликата Собрание-Влада. Нема појма типот од поделба на власт, а ти продолжи да пишуваш од штабот.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Доволно е да се покаже интелектуална надмоќност секаде, освен каде што треба. Затоа што кадешто треба да се покаже, треба курназл’к и храброст.

Е сега што професорите цело време се држат како слеп за стап со процедурални забелешки, тоа е друго. Се борат за семантика или синтакса? Јас мислев дека е за семантика, ама за синтаксата ќе да е борбата, кога се неспремни да се борат за семантиката.[DOUBLEPOST=1420549021][/DOUBLEPOST]
И да, со ова покажа лидерот наш дека нема основни познавања од демократија и поделба на власта. Како бе ти можеш онака да каниш на дебата во СОБРАНИЕ(законодавна власт) и тоа со онаков стил, речник и тон како да ја каниш комшика ти на кафе кај тебе во станот. :rolleyes:
Правни служби си има за таа работа, ќе ја средат да биде легална и дебатата. Тоа е најмалиот проблем во целата каша.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.210
Поени од реакции
25.948
@Inglourious Basterd Ваљда мисли на тоа дека законот е во законодавна постапка, значи во Собрание, како законодавна власт, а претседателот на Владата како претставник на извршната власт „повикува на дебата“.
Е де, овде предлагачот на законот повикал на дебата. Што е проблем да се разговара со него? Што има противуставно тука? Еве на форумов Атомска мравка иницирал дебата. Кои член од Уставот го кршиме со тоа што не ја иницирал Трајко, а ние разговараме?
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.814
Поени од реакции
1.085
Овие ткн дебати е само една обична манипулација и ништо друго. Уште од почеток многу убаво се гледаше дека државниот испит ќе се воведе по секоја цена, јас мислам дека законот ќе беше донесен уште пред нова година доколку немаше толку бунтовања од страна на студентите. Но како и да е сепак овој закон ќе се донесе без разлика дали некој ќе сака или не, само приметете ги владините реклами на ТВ околу државниот испит и се ќе ви стане јасно, секој ден по 100 пати се емитува рекламата за државен, а во меѓувреме демек има дебати де секој требало да се слуша итн.
Ова е веќе решена работа, јас да бев во местото на универзитетите немеше во никој случај да ги прифатам дебатите, едноставно чим владата ги емитува рекламите за државен испит секој ден по 100 пати за време на преговорите околу испитот тоа е веќе крај на играта и нема простор за понатамошна дебата..
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Види, мене ми е јасно дека професоркиве сакаа да се појават пред некои сироти пратеничиња, кои немаат овластување (кхм, поделба на власт, знам :D ) да прифатат ништо и да им држат лекции. Ама ете, им се даде можност да дебатираат со човекот што има моќ да им ги спроведе идеите во решенија веднаш. И се уплашија и повлекоа. Можеби и паметна одлука, бидејќи внатре ќе беше многу посмешно.

Се друго е жонглирање со небитни термини.[DOUBLEPOST=1420548737][/DOUBLEPOST]
Како го крши Уставот со тоа што дебатира за донесен закон? Не заебавај.
Ене ти го видеото од Силјановска бре човек, гледај го ти објаснува све.
Значи стварно или се правиш, или не ја разбираш суштината на проблемот.
Во секоја нормална држава по она што се случи кај нас, главна мета со денови ќе беше премиерот. Онака искача и повеќе не сака ни да Глуми демократија, се појавува непоканет и ги кани, пази, Премиерот, на дебата(?) во Собрание. Значи веќе несака ни да се замара тоа легално и по процедура да го изведе, го мрзи, во јавност се презентира како пали-гаси омнипотентен ентитет, и тоа, пошо сме/сте неписмени, сите го гледаат како пораз на професорски пленум... Незнам, незнам дал да се смеам или да плачам.
Ве разбирам јас скроз, верувајте ми :) Правните термини за вас се небитни. Во контекст на муабетов, нема никогаш да го заборавам моментот, во станица бевме со другари пошо сме седеле на кров на зграда (лол) и нели по процедура да дадеме изјава еден по еден, еден мој другар внатре нешто им паметувал, им барал да му го прочитаат законот и да му ги кажат правата и го гледам искача од соба и у ходник една алфа му пука заушка и му вика "Кое право бе?" :D Незаборавен момент :) Коа ќе се најдеш во таква ситуација, ќе сфатиш зашо се "жонглира" со небитни термини.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Грешка си. Студентски парламент е нелегален во моментов. Мандатот истече во месец октомври, избори требаше да има ама да ги парафразирам зборовите на Кирил - ќе седел до крај на учебна година. Значи он, своеволно, спротивно на Статутот на СПУКМ, ќе си го продолжи мандатот за уште 7-8 месеци или колку и да се.
Со оглед дека легално тело нема, најубаво би било, ете, нека викнат од Студентски пленум кои се против државен испит и ако најдат некои студенти кои се за државен испит. Ова го зборувам од гледна точка на Влада/МОН.
Е сега, работата е што С.Пленум, во овој момент, кога законодавната постапка тече, не прифаќаме никаква дебата. Кога ние сакавме дебата, бевме игнорирани.
А сојузите на студенти на секој факултет одделно нелегални се? И на нив им е истечен мандатот?
И втора работа што цело време ја потенцирате а за која претпоставувам дека свесно ја преувеличувате е дека вие имате легитимитет. Врз основа на што? На еден протест за една конкретна работа? Протестот беше против државен испит. Јас не видов дека имаше избор на лидери на движењето и не видов дека имаше конкретна програма за што се залагате. Тоа се случи после вториот протест. Откако се виде што е работата и откако владата даде подетално објаснување движењето спласна што се виде и со третиот протест. Изгуби смисла студенти од втора година да дискутираат за автономија на универзитети и затоа после се форимираше професорскиот пленум. По мое мислење единствена поента има да се собори студентскиот сојуз ама тешко ќе ви оди и тоа. Додека да ја извојувате таа битка веќе ќе бидете дипломирани и на никого нема да му биде гајле. Да имаше смисла до сега немаше од 1990 навака да се бира лидерот на сојуз на студенти речиси тајно и секогаш да се знае победникот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.210
Поени од реакции
25.948
Ене ти го видеото од Силјановска бре човек, гледај го ти објаснува све.
Значи стварно или се правиш, или не ја разбираш суштината на проблемот.
Во секоја нормална држава по она што се случи кај нас, главна мета со денови ќе беше премиерот. Онака искача и повеќе не сака ни да Глуми демократија, се појавува непоканет и ги кани, пази, Премиерот, на дебата(?) во Собрание. Значи веќе несака ни да се замара тоа легално и по процедура да го изведе, го мрзи, во јавност се презентира како пали-гаси омнипотентен ентитет, и тоа, пошо сме/сте неписмени, сите го гледаат како пораз на професорски пленум... Незнам, незнам дал да се смеам или да плачам.
Ве разбирам јас скроз, верувајте ми :) Правните термини за вас се небитни. Во контекст на муабетов, нема никогаш да го заборавам моментот, во станица бевме со другари пошо сме седеле на кров на зграда (лол) и нели по процедура да дадеме изјава еден по еден, еден мој другар внатре нешто им паметувал, им барал да му го прочитаат законот и да му ги кажат правата и го гледам искача од соба и у ходник една алфа му пука заушка и му вика "Кое право бе?" :D Незаборавен момент :) Коа ќе се најдеш во таква ситуација, ќе сфатиш зашо се "жонглира" со небитни термини.
Силјановска тресе глупости во видеото, за да ја испере Ванковска. Прво, тие знаеја дека дебатата не е свикана од Собрание, туку од Владата, па пак се појавија пред хотелот.

Второ, Груевски пред Палас беше домаќин, не непоканет. Непоканети беа професорите од Пленумот кои се појавија, тој само како добар домаќин ги покани. Натаму му кажаа дека не им се допаѓал објектот, па пак како добар домаќин се понуди и него да го смени. Тој не ги повика на собраниска дебата, тука на дебата во Собранието, како што тие побараа. Нема ништо нелегално тука.

Трето, кога веќе се инсистира на достоинство на интелектуалец и селски финти, не доликува на интелектуалец да се појавува пред хотели и да дава изјави со цел да се минира нешто. Интелектуалец не настапува така, тоа се селски финти. Груевски само се прилагоди и ги победи во нивната игра.

Кога ќе се најдам во таква ситуација, ќе си повикам адвокат кој ќе ме води низ тие лавиринти. И ќе го тужам џандарот. Вака, не ми треба да станам експерт за процедура за да знам дека е ретардирано да одбиваш јавна дебата со најодговорниот, кога тврдиш дека аргументите се на твоја страна. Освен секако, ако не блефираш со тврдењата.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.927
Поени од реакции
11.535
А сојузите на студенти на секој факултет одделно нелегални се? И на нив им е истечен мандатот?
И втора работа што цело време ја потенцирате а за која претпоставувам дека свесно ја преувеличувате е дека вие имате легитимитет. Врз основа на што? На еден протест за една конкретна работа? Протестот беше против државен испит. Јас не видов дека имаше избор на лидери на движењето и не видов дека имаше конкретна програма за што се залагате. Тоа се случи после вториот протест. Откако се виде што е работата и откако владата даде подетално објаснување движењето спласна што се виде и со третиот протест. Изгуби смисла студенти од втора година да дискутираат за автономија на универзитети и затоа после се форимираше професорскиот пленум. По мое мислење единствена поента има да се собори студентскиот сојуз ама тешко ќе ви оди и тоа. Додека да ја извојувате таа битка веќе ќе бидете дипломирани и на никого нема да му биде гајле. Да имаше смисла до сега немаше од 1990 навака да се бира лидерот на сојуз на студенти речиси тајно и секогаш да се знае победникот.
Не знам за другите факултети, конкретно на Правен, истечен им е мандатот во ноември месец. Јас не видов дека движењето спласнало на третиот протест, ти кажав веројатно на што се должи помалата бројка. А зошто студентите да не сакаат да ја заштитат автономијата? Ја сум втора, имам уште година ипол до дипломирање и уште евентуални 2 на мастер. Не е мал период. Друга ствар, и ја сум директно засегнат од државниот испит затоа што би го полагал по крај на мастерот. Така да, тука тешка манипулација прави Груевски.
А зошто да има избор на лидери на движењето, кога од почеток поставеноста е хоризонтална?
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
А сојузите на студенти на секој факултет одделно нелегални се? И на нив им е истечен мандатот?
.
Да.
Речиси на сите факултети сојузите се нелегални и со истечен мандат. На ПМФ никој врска нема кои се и кој ги избрал, а еве го подржале испитот. :tapp:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.927
Поени од реакции
11.535
А да не зборам за тоа дека конкретно на Правен, од Студентски парламент направија фалсификување на околу 40 потписи на студенти. (y) Кога се избираше претседател на СППФ се случи ова. Истото мислам дека се случува и на другите факултети.

Ќе потпише она со две раце...ќе го фати таквото со две раце за да стане декан или проректор/ректор во (блиска) иднина.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Не знам за другите факултети, конкретно на Правен, истечен им е мандатот во ноември месец. Јас не видов дека движењето спласнало на третиот протест, ти кажав веројатно на што се должи помалата бројка. А зошто студентите да не сакаат да ја заштитат автономијата? Ја сум втора, имам уште година ипол до дипломирање и уште евентуални 2 на мастер. Не е мал период. Друга ствар, и ја сум директно засегнат од државниот испит затоа што би го полагал по крај на мастерот. Така да, тука тешка манипулација прави Груевски.
А зошто да има избор на лидери на движењето, кога од почеток поставеноста е хоризонтална?
Теоретски секој граѓанин е засегнат од автономијата на Универзитетите, но колку е реално засегнат тоа е друго прашање. За стуедентските сојузи на факултетите тоа беше мистерија како се избираат уште кога јас бев студент. А за тоа мастерот дали си сигурен за тоа? Гледам го повторувате цело време. Дали тоа се однесува на тие што студирале по старата програма? Јас кога полагав на времето се избацува еден тип професорот го прашува и овој вика ама чекајте ја сум по стара програма и вадат прашања од пред 10 години :)
 
Кога се запишуваш на мастер, тоа е нов договор со факултетот под важечките прописи (а ако се донесе законов, ќе биде со државен испит, кој прв пат во втор циклус ќе се спроведе по крајот на 2017/18). Е сега, само не ми е јасно дали за тие што тогаш ќе се запишат во таа учебна година или тогаш ќе биде спроведен првиот испит. Пример, ако сега си втора година на 4-годишни студии и се ти оди редовно, ќе те фати бидејќи мастер запишуваш 2017/18. Јас сум на три годишни и сум втора, запишувам мастер 2016/17. Ако важи првото, тој што е на 4-години ќе го фати, мене нема. Ако е второто и двајцата чќе бидеме фатени. (колку глуп израз е ова, али ајде)

Имај во предвид дека добар дел од студентите им требаат година плус за да дипломираат, и нив ќе ги фати. Или праеле пауза 2-3 години, па решаваат да запишат мастер, ќе полагаат државен испит.

А во однос на државен испит за прв циклус, може да се деси кај некој, ако не заврши во рок од 4+2 или 3+2 (во зависност од тоа колкугодини се студиите, плус 2 години), да биде префрлен во нова програма според која ќе полага државен испит.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Силјановска тресе глупости во видеото, за да ја испере Ванковска. Прво, тие знаеја дека дебатата не е свикана од Собрание, туку од Владата, па пак се појавија пред хотелот.

Второ, Груевски пред Палас беше домаќин, не непоканет. Непоканети беа професорите од Пленумот кои се појавија, тој само како добар домаќин ги покани. Натаму му кажаа дека не им се допаѓал објектот, па пак како добар домаќин се понуди и него да го смени. Тој не ги повика на собраниска дебата, тука на дебата во Собранието, како што тие побараа. Нема ништо нелегално тука.

Трето, кога веќе се инсистира на достоинство на интелектуалец и селски финти, не доликува на интелектуалец да се појавува пред хотели и да дава изјави со цел да се минира нешто. Интелектуалец не настапува така, тоа се селски финти. Груевски само се прилагоди и ги победи во нивната игра.

Кога ќе се најдам во таква ситуација, ќе си повикам адвокат кој ќе ме води низ тие лавиринти. И ќе го тужам џандарот. Вака, не ми треба да станам експерт за процедура за да знам дека е ретардирано да одбиваш јавна дебата со најодговорниот, кога тврдиш дека аргументите се на твоја страна. Освен секако, ако не блефираш со тврдењата.
Владата не може да те повика на дебата за закон кој е во постапка односно во второ читање. Влада може да те повика на дебата за нацрт-закон, предлог-закон, идеја, замисла, шаблон, концепт, како сакаш. Дебата за закон во постапка може да се одржи само во собрание. Затоа и професорите повикаа на Повлекување на Законот, па потоа Дебата со Влада. Ако не се повлече, треба да се реши институционално, во собрание, повикани од надлежната комисија а не од Премиер.
Мислам самата помисла дека она не знае, ти знаеш, ми е... незнам.
Ќе ги тужел МВР :D Доба'р иг'рaч.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom