Преживување.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во Македонија е нормално тоа за повеќето луѓе од месец за месец. Него темева ми е замислена како да се преживее при голема катастрофа невреме и финансиски колапс на опшеството. Сакале да признаеме или не моментално има невреме во Македонија со големи студови, патишта завеани, цели региони кои што веќе шестти ден се без струја. Па темава е за преживување на таква криза, почнувајќи од складирање на храна, сигурно второ засолниште настрана од тоа во кое се живее моментално, алтернативни греења, складирање на гориво итн итн...

Подоцна ќе дадам опширно мое мислење од материјал што сум читал, видеа од интернет, мои идеи итн...
 
Последно уредено:
За невремето моментално:

Струшко: шест ден без струја, за вода се полнат кофи од езерото
  • share1.png
од Мики Трајковски, НОВА | објавено на: 02-01-2015 12:43:24

19222golema.jpg

Жителите на струшките села Калишта и Радожда кои шести ден се без струја и вода за пиење, полнат вода од Охридското езеро. Велат дека е срамно да се живее во вакви услови во 21 век.

-Повеќе не се издржува. Луѓето се во паника за своето здравје. Фрижидерите се одмрзнуваат, а месото почна да се расипува. Вода полниме од езерото и од снегот кој се топи со помош на лонци. Водата потоа ја топлиме на оган и со миеме прибор за храна и се капеме, вели жител на Радожда за НОВА.

radozda%20tubi%20vo%20dvor.jpg

radozda%20sisinja.jpg

radozda%20lonci.jpg


Во селото се паднати неколку бандери , а жителите се плашат за своите деца,

-ЕВН ги нема никаде и не знам што работи тој кризен штаб, Не е поставена ниту една жица и бандера. Луѓето на различни начини се снаоѓаат со свеќи и вода за пиење. Се чека ред на селската чешма за да се наполни и од таму вода. Луѓето водата до дома ја носат со санки и колички, раскажуваат радождани.

radozda%201.jpg



Луѓето денес собираат потписи и најавуваат дека ќе поднесат тужба против ЕВН.
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=22&vest=19222
 
Во Македонија е нормално тоа за повеќето луше од месец за месец. Него темева ми е замислена како да се преживее при голема катастрофа невреме и финансиски колапс на опшеството. Сакале да признаеме или не моментално има невреме во Македонија со големи студови, патишта завеани, цели региони кои што веќе шестти ден се без струја. Па темава е за преживување на таква криза, почнувајќи од складирање на храна, сигурно второ засолниште настрана од тоа во кое се живее моментално, алтернативни греења, складирање на гориво итн итн...

Подоцна ќе дадам опширно мое мислење од материјал што сум читал, видеа од интернет, мои идеи итн...
Prvo veke serjozno razmisluvam da si kupam kamin ,ili sporet na drva,epten e zaebano na -15 bez struja
 
Во 2015 година тема за преживување без струја и вода. Се мислам ние назад се враќаме со годините, наместо напред да одиме :popce:


Не е важно кој век и кое време е. Секогаш може да се случи катастрофа, несреќа, војна и опшествен финансиски колапс. Дури и нашите предци го знаеле тоа, што мислиш зошто складирале храна за преку цела зима, вистина немало Хипермаркети за храна која што во основа не е храна туку отров. Него друга тема е, што би се случило доколку би се случил таков некој колапс, за колку време ќе бидат испразнети полиците на Веро, Тинекс и КАМ. Колку храна имате складирано дома и за колку време ќе трае. Се е тоа дел од темата.[DOUBLEPOST=1420277178][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Не е важно кој век и кое време е. Секогаш може да се случи катастрофа, несреќа, војна и опшествен финансиски колапс. Дури и нашите предци го знаеле тоа, што мислиш зошто складирале храна за преку цела зима, вистина немало Хипермаркети за храна која што во основа не е храна туку отров. Него друга тема е, што би се случило доколку би се случил таков некој колапс, за колку време ќе бидат испразнети полиците на Веро, Тинекс и КАМ. Колку храна имате складирано дома и за колку време ќе трае. Се е тоа дел од темата.[DOUBLEPOST=1420277178][/DOUBLEPOST]

Е ајде раскажи подетално, вака паметно ми звучиш.
 
Е ајде раскажи подетално, вака паметно ми звучиш.

Чекај малку да ја разгориме дискусијата :icon_lol:, ако ти оди добро англискиот гледај го видеото постирано погоре.
 
Чекај малку да ја разгориме дискусијата :icon_lol:, ако ти оди добро англискиот гледај го видеото постирано погоре.
Ти и англиски си познавал браво (y)

Ме мрзи да го гледам раскажи ми на кратко што има.
 
Последно уредено:
посилните ќе преживеат, послабите ќе умрат...
катастрофа може да се случи и зиме и на лето, имаш случаеви кога неподата ќе те зароби на едно место како што е сега случај со снегот и ќе мораш да преживуваш со тоа што имаш дома, а имаш и случаеви кога мораш да напуштиш и бегаш (како што беше лани летото низ балканот со полави) или земјотес или војни па мора да преживуваш со тоа што си успеал да земеш со себе....
Денешните луѓе се навикнаа на современите удобности и заборавија како живееа нивните дедовци, пред 70-100 години, селата немаа струја, немаше служби за чистење патишта, и тогаш имаше зими со многу студ и снег... па се живеело. Се одвикнавме од некои работи кои на времето беа секојдневие, а сме се навикнале премногу на смартфони лаптопи фрижидери и клима уреди.
Јас сум спремен за катастрофи, на зима дома готвиме на дрва , така да имам и дрва и шпоре, на лето готвам на плин така да и тука сум обезбеден ако нема струја, вода секогаш имам едно пластично буре од 100 литри полно со вода која ја користам ко ќе ми притреба (да фрлам некоја кофа в двор или по скали... то ми остана уште од порано кога имаше проблем на улицата со водоводот, пред дестина години го сменаа водоводот но јас навиката да имам вода во резерва - си остана, на зима ако снема струја, месото и работите од фрижидер во најлони и надвор, надвор е дење - 5 ноќе минус 15, ќе издржи неколку дена, на лето одма да се приготви то што може поштоприготвено ќе трае подолго, секогаш дома имам некоја залиха на храна (не купувам ден за ден туку слегвам на пазар се товарам ко магара - од поубајте магариња) мислам дека со штедење би истуркал 1 недела со храна, има обавезно некоја конзерва туна - гулаш, грав, ориз, кромид, компир, брашно масло сол макарони, фиде, готови супи...... свеќи, кибрит, и секогаш пазете да има најнеопходни средства за прва помош и да ги проверувате 2 пати годишно а рокови. Завој, јод, ханзапласт, вата, доколку е некој со хронична болест секогаш по едно кутивче резерва на апчиња за неговата состојба, плус парацетамол, витамин Ц, за стомак, за болка...
Ова се ми е нормална состојба, не дека со умисла “дај да се спремиме за зомбија“ - а ако човек има намера да се подготвува специјално за такви сценарија, постојат цели листи на предмети шо се набавуваат, па тренинзи, па дури и менување на начин на живот, но не сум до толку параноичен.
 
Ти и англиски си познавал, браво (y)

Ме мрзи да го гледам, раскажи ми на кратко што има.

Аргентинец е типот има книга напишано на таа тема и држи предавање во видеото. Квалитетно нешто многу ретко се наоѓа на оваа сериозна тема, обично тука се куку лудите американци на Дискавери со нивните глупости-Doomsday Preppers.
 
Стара поговорка вели
НОВ БУНАР КОПАЈ, НА СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ

Ние не само што плукаме туку и мочаме во старите "бунари". Ги заборавивме основите на живеењето и потпирањето на самите себе и се навлековме на модерниот начин на живот. Нема ништо лошо да се потпреш на модерниот начин на живот, но не треба да се заборават основите.

Пример
Просечно македонско семејство кое живее во стан нема алтернативен начин на греење осем парно и струја, нема алтернативен начин на водоснабдување, нема резерви на вода за во WC, нема трајна храна туку само храна во замрзнувач. Исклучувањето на електрична енергија за вакво семејство се пропаст, се зависи од електричната енергија. Без струја нема греење, нема парно, нема вода, храната се расипува.

Со многу малку напор може катастрофите полесно да се пребродат. Доколку станот или куќата во која се живее поседува оџак набавете грејно тело на цврсто гориво. Дури и да немате залиха на дрва, во кризни ситуации може да горите амбалажа, книги, мебел, стара облека. Нема да биде пријатно, но нема да се смрзнете. Втора варијанта е плинска греалка, доколку немате оџак. Јас лично иако немам потреба, чувам плинска греалка за секој случај. Плинот како енергенс е добар избор при кризни ситуации бидејќи е лесно мобилен и покрај за греење се употребува и за подготовка на храна.

Во WC чувам канта со 25 литри вода во која има додадено варикина за да не се расипува. Понекогаш стои неупотребена и повеќе од година, но на неколку пати ми било мило што ја имам.

Залихи на храна. Чувањето на брашно дома не е лоша идеја. Дури и да не месите воопшто, паметно е секогаш да имате брашно на залиха. Исто така потребно е да имате резерви на дехидрирана и конзервирана храна. Направете залиха за 21 ден и потоа новонабавената храна ставајте ја во залиха, а најстарата храна од залихата употребувајте ја. На овој начин храната во залихата ќе биде секогаш со рок на употреба и безбедна за употреба.

Свеќите иако примитивен, сеуште се број еден извор на осветлување во кризни ситуации. Друг добар извор на светло се батериски ламби на навивање.
 
Храна за складирање грав и ориз е прв избор од тие за готвење, а свежо без готвење што би рекло инстант да се потопат во млеко, јогурт или вода се овесните и јачменовите снегулки од Виталиа,. Евтини се 100 денари за килограм и бидејќи се исушени количински се многу и се доста хранливи.
 
Тестенини, сушен зеленчук, сушено овошје, сушено месо, усолено месо или риба, конзерви, пастеризирана зимница и доколку имате мали деца обавезно резерви од меко во прав. Воглевно трајни работи кои не бараат специјани услови за чување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom