Снег

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Внимание!
Вакви вести нема да бидат прикажани на националните медиуми!


Охрид по маркети недостаток на ЛЕБ, селата околу Струга уште се без струја исто и селата од Аеродромот па до Кичево.И без храна, вода и прооден пат.3 дена!
Местата после Пештани до Свети Наум транспорт им се полициските Дефендери од/до граничниот премин.До Охрид идат по леб и свеќи.

http://www.ohridnews.com/vesti/78796


Ама ние сме слепци, не гледаме убо...
Screenshot_5.png


Неисчистени тротоари и пристапни патишта до повисоките делови од Охрид
Вести | Охрид | 30.12.2014 15:34Посети : 1306
Нерасчистени тротоари по кои едвај се минува, како и пристапни улици кон повисоките делови од градот. Стариот дел од Охрид е речиси отсечен од останатиот дел- ова е билансот по завчерашните врнежи од снег во Охрид. Охриѓани се жалат дека тротоарите се едвај проодни.





- Живеам во централниот дел од градот, а утрово едвај стигнав до чаршијата. Тротоарите се полни со снег кој не е расчистен, само е натапкан и поради ниските температури се лизгави, едвај се минува. Полесно проодни се тротоарите единствено пред општинската зграда и централниот објект на детската градинка. Ако е вака во центарот на градот кој знае колку лоша е состојбата во периферните делови, вели наша сограѓанка.





Поплаки има и од страна на жителите од населбата Бараки, како и од стариот дел од градот кои велат дека буквално се отсечени од останатиот дел од градот. Пристапните патишта се неисчистени и тешко проодни, автомобилите блокирани, такси возилата го избегнуваат овој дел од градот.





Директорката од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“, Елена Скрческа, вели дека нивите екипи добро се снашле со оглед на ситуацијата и расположливите ресурси со кои располагаат.





- Првиот дел од расчистување на снежните наноси се изврши во текот на минатите два дена. Од денес се расчистува онаму каде претходно не стигнаа нашите екипи да расчистат. Денес сме на терен заедно со вработените од сите јавни претпријатија кај населбата Бараки , се користи механизацијата по што се пристапува кон посипување со ризла и сол. Наредна фаза се активностите на дел од улиците „ Даме Груев“, „Мите Богоески“, околу малиот полигон и населбата „ Радојца Новичиќ“, вели Скрческа.

Скрческа информира дека синоќа до 22 часот се подигал снегот од чаршијата и градскиот плоштад.

- Им даваме приоритет на оние места каде највеќе се движат гостите и каде е предвидено да се одржи новогодишната прослава. По 22 часот синоќа се чистеше и улицата „ Кирил и методи“ на потегот до Горна порта, другиот дел денес ќе се чисти.Онаму каде стигнавме ги исчистивме тротоарите, денес чистиме од десната страна на булеварот „Туристичка“. Апелирам и граѓаните и вработените во фирмите да го исчистат просторот пред нивните објекти, :bravobe:вели Скрческа.



Се користат сите расположливи ресурси на јавното претпријатие, како и помошта од другите јавни претпријатија. Една градежна машина, две возила на кои се монтира нож, но кои се стари над 20 години.

Т.К.

© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.



Посебен случај е Општина Охрид, тие пред нивниот двор не си исчистиле не па за други


Ама битно инспектори побарале чистење на дворните места :гик:

За 15км од Охрид до Струга се вози еден час, проблеми и на патот за Ресен!
Објавено на: December 30, 2014во: Охрид


За разика од Охрид улиците во Струга воопшто не се чистени не е фрлено ниту песок ниту сол. На Ќафасан има заглавени возила и тој патен правец се уште не е прооден.

Истите проблеми ги има и на патниот правец од Охрид за Битола преку Ресен, каде патот е скоро непрооден за сите возила.

Магистралниот пат Охрид – Струга:



Магистралниот пат Охрид – Битола:




http://fail.mk/najdobroto-od-internet/ohrid-kichevo-makedonski-zimski-haos
Жителите на Варош едвај стигнуваат до домовите (Фото)
Создадено на Вторник, 30 Декември 2014 17:11
Датум на објавување
Посети: 267
Жителите на стариот дел на градот оправдано реагираат на состојбата во која се наоѓа пристапниот пат до Горна порта.

Снегот кој неодамна наврна, а не беше исчистен, сега се претвори во мраз што движењето по овој пат го направи скоро невозможно.



Од Општина Охрид тврдат дека „ОХРИДСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ЧИСТИ ПО СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ“, но тоа очигледно не е случај на терен.





Граѓаните оправдано реагираат на неисчистените улици, затоа што на многу од нив снегот е само поттурнат на двете страни од коловозот, па автомобилите се движат по нешто повеќе од една коловозна лента. Особено е лоша состојбата и околу охридската Полиција и Пожарната станица каде има зголемена фреквенција на возила, а мразот и снегот од коловозот се потенцијална опасност за граѓаните.

Супер радио
Словенечки автобус излета од патот кај Прентов мост (Фото)
Создадено на Вторник, 30 Декември 2014 22:21
Датум на објавување
Посети: 245
Исклучително ниските температури од околу -10 степени Целзиусови и подмрзнатиот коловоз придонесоа автобус на словенечка компанија да се излизга од патот кај Прентов мост, во близина на Охрид.

- Тоа беше втор автобус кој имаше проблеми на овој дел ноќеска. Прво имаше проблем со автобус на охридски превозник. Со моторна пила ги чистевме дрвјата на патот и по околу 45. минути го ослободивме патот. Подоцна се излизга и словенечки автобус. Се обидувавме скоро еден час да го вратиме на коловозот. Сообраќајот беше во прекин околу половина час, по што делумно се нормализира, вели за Супер радио Горан Ангеловски од Месната заедница од Куратица кои интервенирале и помогнале да се решат двата случаи.



Месната заедница од Куратица со сопствената механизација успеа да се справи и со снегот кој деновиве се закануваше да го отсече селото од цивилизацијата.



Тие самоиницијативно и со сопствени сретства и механизација го исчистија патот од Прентов Мост до Куратица. По расчистувањето на патиштата во ова населено место, тие се упатиле и кон отстранување на снегот на патиштата што водат кон Косел, Ливоишта, Вапила, Завој и Свињишта каде освен снегот, ги расчистија и паднатите дрвја и гранки.

Полицијата ги превезуваше завеаните жители од селата во Дебрца (Фото)
Создадено на Вторник, 30 Декември 2014 13:38
Датум на објавување
Посети: 141
СВР Охрид, со повеќе тимови на полициски службеници и вчера вршеше обезбедување на патниот правец Охрид - Кичево посебно на потегот од Ботун до Арбиново каде беа завеани 12 патнички и седум товарни моторни возила.


 
Последно уредено:

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Во Битола има неколку сантиметри нов снег..онака ситно како и секаде што пишаа..овојпат е сув и лесен снег за разлика од големиот снег - тежок и воден но сепак тоа се должи на моменталната температура.
Ама ај, ќе се издржи до сабота, од кога се очекуваат дневни температури над нулата.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Со природата никој не може да се справи.Тротоарите па низ СК не се исчистени,ваљда пошто ги има многу.Улиците се чисти,споредните и паркинзите не се.Патиштата низ маала исто така не се исчистени,мада според мене треба и самите луѓе од зграда да даваат пари.Пример,секој зграда да исчисти по 2-3 улички доста е.Од сите станари да се соберат пари и ќе се среди,ефтина е солта,35 денари кило.Јас земав 2-3 кила ги фрлив пред патчето за во зграда,ама не можам цела патека да ја чистам.Ипак ко прво нема толку персонал по тие претпријатија,ко второ и најбитно,немаат механизација.Во СК како што гледам имаат по нови возила,ама во другиве градови сигурно е ужасна ситуацијата.ЈБГ,треба инвестиција и во тие работи.[DOUBLEPOST=1419986187][/DOUBLEPOST]PS-ЕВЕ во Русија,со транспортери се справуваат со снегот...
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Хуман гест од хотел „Амбасадор“ - нудат помош за најзагрозените сограѓани
Создадено на Четврток, 01 Јануари 2015 18:35
Датум на објавување
Посети: 763
Сакаме да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани и сите луѓе кои веќе подолг период немаат електрична енергија, а дел од нив и вода, порачуваат од хотел „Амбасадор“.

- Стоиме на располагање за било каква помош. Вашите потреби од типот на перење, топлина, тековно хигиенско одржување, капење, можете да ги извршите во нашите сместувачки капацитети бесплатно. Сите кои се најзагрозени, кои имаат мали дечиња, слободно да не посетат во просториите на хотелот 24 часа, се додека ситуацијата не се врати во нормала, информираат од хотелот.

Супер радио


Доставена помош до отсечените села во општина Дебарца

Вести | Охрид | 01.01.2015 19:30Посети : 205
Тим од Единицата за спасување на планина и непристапни терени од Охридскиот Црвен крст заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до 6 семејства во отсечените села во општина Дебарца.





Помошта беше доставена во селата Црвена вода, Издеглавје, Слатино и Годивје, а поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население.





Волонтерите на Црвен крст во текот на изминативе денови биле активни и во градската средина, особено во стариот дел на Охрид, каде доставувале помош во храна и лекови за старите лица кои живеат сами и поради својата здравствена состојба и временските неприлики не можат да излезат од своите домови.



И во наредниот период, додека траат ниските температури и проблемите предизвикани од снегот, екипите на охридскиот Цревен крст ќе бидат во постојана координација со ЦУК-Регионална канцеларија Охрид и ќе бидат подготвени и мобилни да одговорат на предизвиците.

OhridNews
© 2015 Ohridnews.com. Сите права се задржани.



Вевчанци формираа Кризeн штаб, храната им скапува, угостителите ги бројат штетите

Вести | Охрид | 01.01.2015 17:16Посети : 614
На температури под нулата, снег и студ, жителите на Вевчани петти ден се без електричната енергија. Откажани се стотици аранжмани за празниците, а штети трпат и домаќинствата бидејќи со денови не им работат фрижидерите во кои ја чуваат храната.


Згрижени за огромната материјална и друга штета и револтирани од односот на одговорните за настанатат ситуација, жителите на Вевчани формираа Кризен штаб кој упати две барања до ЕВН Македонија:

1. Како добри домаќини, упатуваме јавен повик до најодговорните лица на ЕВН-Македонија во периодот од 10 до 15 јануари 2015 година да го посетат Вевчани на работен состанок.

2. Доколку ЕВН-Македонија, одлучи да не одговори позитивно на овој јавен повик да дојде во Вевчани, информираме дека ние граѓаните на Вевчани ќе дојдеме пред седиштето на оваа компанија во Скопје каде со нас ќе ги донесеме и сите расипани месни и други продукти.

Од Кризниот штаб информираат дека ситуацијата во Вевчани е алармантна и бараат најитно решавање на проблемот со електричната енергија кој се провлекува со години.


Апел за помош денеска упатија и жителите од Татеши и другите села во струшко, каде исто така со денови нема струја. Без струја се и голем број се ла во охридско, Дебарца и Преспа.

© 2015 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
http://www.ohridnews.com/vesti/78848
 
Последно уредено:
?

..........

Гостин
Нека не плаќат струја, тоа е најсоодветно, колку штета секој претрпил толку сметки нека не плати. Се што ќе дојде од државата да контролира нека избркат на клоци...само точаш правдината че биде задоволена..
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Нека не плаќат струја, тоа е најсоодветно, колку штета секој претрпил толку сметки нека не плати. Се што ќе дојде од државата да контролира нека избркат на клоци...само точаш правдината че биде задоволена..
Лош совет, пробај вака и на крај ќе го кркаш три пати повеќе.
Не бива ништо со сила, треба да се оди по институционален пат. Знам дека никој не верува во институционална битка, ама така да си земат да прават нешто на своја рака полошо ќе им биде.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
:icon_lol:

Цело село со лопати вили секири палки пушки, и не е така лош совет, туку единствен начин да се влијае на диктатурата и крвопијците од власта..
Те сфаќам и знам дека нема институции кај нас, бар не во вакви случаи кога една од страните е монопол, ама јбг не можеш самоиницијативно така да работиш...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
defektot za strujata moze da go svatam,ama neiscisteniot pat nemozam da svatam
pa sto pravat tie lebarite od makedonija pat,i onaka cela godina lezat sega nemozat da porabotat edna den
Не се криви вработените,туку раководството.Никој нема да тргне со возилото ако не му нареди неговиот претпоставен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom