Астросфера - радиоемисија за астрономија

  • Креатор на темата Креатор на темата bookfan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.512
Поени од реакции
2.471
astrosfera logo.jpg
Мислам дека навистина треба да се отвори емисија за единствената радиоемисија за астрономија во Македонија, која постои во моментот. Сигурен сум дека постои публика која навистина има интерес за астрономијата или пак е љубопитна да се внесе во длабочините на оваа најстара наука. Радиемисијата се емитува на секои две недели на Радио МОФ. До сега има излезено три епизоди. Првата за астрономијата во Македонија, Скопското астрономско друштво, втората за мисијата Розета, а третата за црни дупки. Следната епизода е во понеделник во 19 часот и за прв пат ќе се емитува во живо, а темата ќе биде за Месечината.
Претходните епизоди можете да ги слушнете на следниот линк:http://www.mixcloud.com/radiomof/
Facebook страна: https://www.facebook.com/astrosfera.mk
 
Ја сакам серијава, ама кога зборуваме за емисијата, таа е повеќе насочена кон науката и нема да се занимава со НЛО итн. на ненаучен начин. Теориите на заговор се надеваме дека ќе бидат обработени во една од наредните емисии, кои што ќе бидат објаснети на научно ниво...
 
Ја исслушав епизодата за црни дупки.
Музиката смета. Многу. Плус малку повеќе самодоверба нема да е на одмет, звучеше ко луѓево да не се сигурни во тоа што го зборат.
Инаку, добра емисија за луѓе кои сакаат да се здобијат со општи познавања. Браво за проектов.
 
Ја сакам серијава, ама кога зборуваме за емисијата, таа е повеќе насочена кон науката и нема да се занимава со НЛО итн. на ненаучен начин. Теориите на заговор се надеваме дека ќе бидат обработени во една од наредните емисии, кои што ќе бидат објаснети на научно ниво...

1. Би предложил да направите рецензија на книгата "Who Built the Moon".
http://www.amazon.com/Who-Built-Moon-Christopher-Knight/dp/1842931636
http://contraeducacao.files.wordpress.com/2012/09/who-built-the-moon_-knight-christopher.pdf

2. Со користење на "научно ниво" да го објасните месечевиот бран.
https://www.youtube.com/watch?v=0mi0w8bLtUM
 
И велиш месечината е холограм, а? o_O
 
Дали е холограм или некоја друга технологија, ќе ни биде покажано со времето и со човечката перцепција на возможното. Во модерната "наука", постојат 5 хипотези за постоење на месечината, од кои само една е општо прифатена и со која ни го "бомбардираат" мозокот од 7 до 77 години.

Во полето на астрономијата, веќе не и верувам на "науката" која ни дава сервирани "откритија". Уште од основно школо одредени работи за вселената не ми "штимаа" и требаше едно предавање (https://www.youtube.com/watch?v=2E3FFkvfyMs), после мноoогу години од основно школо, да ми "удри" две-три воспитни, и со помош на интернет да дојдам до дел од науката кој намерно е ставен во архивите и е маргинализиран.
 
Во видеово, предавачот објаснува дека Земјата е рамна плоча. Сигурен си дека тоа е видеото кое ти ги "отвори очите"? Да не имаш грешка некоја, погрешно видео да не си постирал?
 
2. Со користење на "научно ниво" да го објасните месечевиот бран.
https://www.youtube.com/watch?v=0mi0w8bLtUM
"Месечевиот бран" ти е уствари движењето на воздухот. Ефектот полесно се приметува кога се користат направи за оптичка магнификација, зголемување, зум, како сакаш кажи ги или кога е потопла атмосферата. Истиот може да се види и на земјата, не ти треба месечината. Летно време гледај накај хоризонтот, ниско до земјата. Your mind will be blown.
 
OK, нека биде така, јасно ми е дека не си го гледал целиот клип или воопшто немаш гледано со внимание. Немам намера да се убедуваме и ако самиот неможеш да видиш, јас ништо неможам да направам.

@PoetskaPravda Не е грешка со постираниот клип. Поента на клипот е дека неможе да се докаже апсолутноста на конвексниот модел на земјата. Слики од нашава планета, NASA, ESA, астрофизичари... голема смешка на сметка на човештвото. Гледај ги само првите две минути од овој клип (https://www.youtube.com/watch?v=4E9G8fbnZ24). Земја како крушка, од нараторот на новиот серијал Cosmos...:facepalm:

Кој има време, желба и најбитно, отворен ум, за да види колку длабоко оди зајачката дупка, одличен почеток е http://www.wildheretic.com
 
OK, нека биде така, јасно ми е дека не си го гледал целиот клип или воопшто немаш гледано со внимание. Немам намера да се убедуваме и ако самиот неможеш да видиш, јас ништо неможам да направам.
Вакви пуфки во Шутка да одиш да ги продаваш, нема да ти ги купат.

Она што го тупи типот на видеото е атмосферски ефект предизвикан од движењата на воздухот и различната температура на истиот и најверојатно ефекти предизвикани од несовршеноста на опремата за снимање/едитирање.
 
Последно уредено:
Не е грешка со постираниот клип. Поента на клипот е дека неможе да се докаже апсолутноста на конвексниот модел на земјата. Слики од нашава планета, NASA, ESA, астрофизичари... голема смешка на сметка на човештвото. Гледај ги само првите две минути од овој клип (https://www.youtube.com/watch?v=4E9G8fbnZ24). Земја како крушка, од нараторот на новиот серијал Cosmos...:facepalm:

Кој има време, желба и најбитно, отворен ум, за да види колку длабоко оди зајачката дупка, одличен почеток е http://www.wildheretic.com
Земјата е рамна плоча, Месечината е холограм, Сонцето е man-made технологија... ова совршено се вклопува во теоријата на ZOTE дека светлечките објекти на небото и НЛО-ата се паднати ангели и демони, а американците ни ги прикажуваат како НЛО со цел да не оттргнат од вербата во Бог.

Значи, според тебе светов е еден вид Труман шоу.
 
Значи, според тебе светов е еден вид Труман шоу.

Според мене, континуирано сме сервирани со лаги за нашето постоење и нашата улога во вселената (што и да е тоа), вклучувајќи ги намерно подметнатите теории на заговор.

Патем, за Земјата не се знае со 100% сигурност дека е рамна, конвексна или конкавна. Ниту една теорија нема апсолутен доказ за моделот, но најблиску е конкавниот модел (http://www.wildheretic.com/concave-earth-theory/).
 
Зар е потребно сега тоа да се става под сомнеж.Земјата била рамна,зар сега со толку фотографии,испратени летала.Човек колку и да е глуп треба да свати.Не треба некој со видеа,некој самопрогласен сручњак да ме убедува,дека Земјата не е тркалезна,дека на Месечината никој не слетал,дека тоа било измама.
 
Најлошото е што за жал не може да се збори за наука... Се' што треба да е поврзано со наука, посебно астрономија се поврзува со теории на заговор. Искрен совет, подобро е да се посвети внимание на нешто што е докажано, односно вистинито, а не на секакви незамисливи и нелогични работи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom