Кратка романтична драма.
Заљубен пар седат сами . Хемија 99 посто , се знае што најбргу следи . Девојката го убедува дечко и да стави слика на фејсбук на која што он е искочен ТОП , со намера другарките да и умрат од завист каков тип носи покрај себе , да се регенерираат по некоја минута и во немоќ да не им преостане ништо друго освен да стават лајк. Овој не е мераклија за ставање слики , ама да не расипе хемијата и прави мерак и ја става сликата .
Девојката го зема телефонот за да биде првата што ќе му лајкне , но таму веќе стои првиот лајк , ставен во првите 5 секунди ...
Бившата му.