Да се биде Германец

  • Креатор на темата Креатор на темата arakenx
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ги плаќам таквите ко тебе кои живеат од социјална помош.
Плаќај повеќе да имам поголемо социјално и гориво да ставам во возниот парк
 
Многу сте црно-бело:
Има и розево не велам дека се така е црно бело во Германија :icon_lol: Ме иритира видеото дека е направено по некоја си перфекција која е напумпана и нереална. Не велам дека нема такви фамилии, ама општата ситуација во Германија не е таква.

- За градинките многу лоша слика даваш. Има разлики во квалитет од градинка до градинка ама ја одев во градинка со црковен покровител и можам да кажам дека беше врвен. Мали групи, повеќе дадилки, редовно јадејне, играјне, шетајне, ништо не ни фалеше.
Пред колку години беше ти во градинка? Времињата се менуваат :)

- За факс во право си но и не мора да работиш за да си ги финансираш студиите, има државна помош за деца кој се од финансиски послаби фамилии.
Хммм не би рекла, најмногу студенти работат да си го финансираат факултетот, а стипендиите се се поретки и верувај не се ферски распоредени. Повеќе стипендии добиваат деца од зафатени фамилии, нормално и презимето е многу битно ;)

- Исто така си во право дека на работниците се повеќе притисок им се врши од порано но сепак се тие заштитени, посебно каде што има синдикати. Имаше судови за бунејне итн. не може да те третира некој ко роб, ако имаш храброст да се одбраниш нели. Посебно средните компании кој се клучни и моторот на Германската економија се доста коректни спрема својот персонал. Исклучоци сепак има што е сосема нормално.
Знаеш дека единствено Германија е без mindestlohn? Знаеш колку заработува една фризерка? Знаеш за аферата Алди, Лидл и мобингот вршен врз работниците? Видовме колку синдикатот помогна на Шлекер, Опел, Практика, Отто итн...огромни фирми кои банкротираа и останаа сума народ под биро.

Помина во Германија убавиот и спокоен живот одамна, има едно 15 и повеќе години. Учат од нас :icon_lol:
 
Има и розево не велам дека се така е црно бело во Германија :icon_lol: Ме иритира видеото дека е направено по некоја си перфекција која е напумпана и нереална. Не велам дека нема такви фамилии, ама општата ситуација во Германија не е таква.

Пред колку години беше ти во градинка? Времињата се менуваат :)

Хммм не би рекла, најмногу студенти работат да си го финансираат факултетот, а стипендиите се се поретки и верувај не се ферски распоредени. Повеќе стипендии добиваат деца од зафатени фамилии, нормално и презимето е многу битно ;)

Знаеш дека единствено Германија е без mindestlohn? Знаеш колку заработува една фризерка? Знаеш за аферата Алди, Лидл и мобингот вршен врз работниците? Видовме колку синдикатот помогна на Шлекер, Опел, Практика, Отто итн...огромни фирми кои банкротираа и останаа сума народ под биро.

Помина во Германија убавиот и спокоен живот одамна, има едно 15 и повеќе години. Учат од нас :icon_lol:

Во право си со тоа дека Германија е поделена на нископлатени работи и високоплатени работи. Во последните години тој ефект многу се појачи и претежно нискоквалификуваните, од кој нормално има доста голем број, се платени многу ниско.

За градинките сега не знам искрено како е, ја бев пред 20 години. Сакам да кажам, дека има сепак добри државни и црковни градинки иако има и слаби меѓу нив.

А со факсот не мислев на стипендии, и тие се даваат само ако родителите имаат малку приходи, поврзана е сумата со тоа дали ти следува Bafög кој може да достигне до 600 Евра. Знам луѓе кој земаа та сума (странци) со мали средства и немаа потреба да работат пошто таа плата им ги намалуваше сумите од Бафог. Проблематична е таа група која е на работ на границата за земајне Бафог и нормално студенти од странство кој не им следува.
 
zoshto interesnite temi se zanemaruvaat ili upropastuvaat od „nekoi“ i toa sekojpat?! :eek:
 
деновиве чув една анегдота за германците ( уствари може да се каже дека е и жива вистина- знаејќи ги какви се :LOL:)- па ај да ја споделам со вас

Сомалиски имигрант доаѓа во Берлин (Германија).

Тој го среќава првиот минувач на кој налетал и му вели:
- Ви благодарам господине . Германија ми дозволи да живеам овде на нејзино тло ми даде кров над главата, пари за храна , бесплатно здравствено осигурување , бесплатно образование и не ми бара ништо за возврат.
Минувачот му одговара:
А, грешка си пријателе, јас сум авганистанец
Сомалиецот оди понатаму и среќава друг минувач :.
- Ви благодарам многу, оваа земја е навистина прекрасна !
Човекот му одговара:
-Јас не сум германец, ирачанец сум!
Овој продолжува понатаму- На следниот минувач му ја подава раката и му вика:
-Колку е прекрасна Германија- а и вие ко народ
Минувачот ја отргнува својата рака и му одговара :
- Јас сум од Пакистан , не сум германец !

Сомалиецот на крај среќава млада дама и ја прашува :
- Вие германка сте ?
“Не, јас сум од Индија!
Зачуден веќе ја прашува наново:
“А каде се воопшто германците?
Индијката го проверува својот часовник и му одговара …

- Најверојатно, на работа..!?

кога сите останати се шлаат, германецот работи
 
Е јас да кажам кај нас како е (бидеиќи веќе 4о години сум работник во една те иста голема производна фабрика).
Спомна дека 30 % работиме-дали и толку. Порано во Ју не имаше 1500, сега сме 500,тогаш се запослуваа и премногу и се измислуваа дури и нови работни места. Не имаше 3 за 1 место. Кога одиме на ручек од 8-10 часот сите сме скоро тука,освен оние што имаат фолија во дворот па и не мора да се редовни доволно е да донесат на шефот некоја марула.Ама пред тоа се знае литар гусла од 50 % или стомаклија.. Пиењето било секојдневен ритуал,ракија се носело и во туби од 25 литри.
После ручекот (како ресторан е) сите сме исполегнале на тревата по парковите најмалки 1-2 часа а некои и ќе преспијат до крај.
Некој пак а меѓу тие и јас почесто одевме први на ручек во 8 часот,за да го фатиме Кино утро во Култура или Вардар,а потоа таман се враќавме пак назад за да сработиме нешто-поточно ништо. Ако после ручекот сме во погон,тогаш ако на време не фатиш место на маса за карти играње,има да посматраш од страна или да му ја легнеш некаде пак. Секој си имаше свој кафез со клупа и сунгер.
Ајде работи - е најмалку сакана реченица,тоа не си смеел да го кажуваш. Секогаш ако се можело се оставало за друг пат или утре.
Е сега е малку другачије со ова приватизацијава,се работи повеќе ама се поради тоа што многу се намалива работници,но се уште има и такви што не знаат што работат,посебно оние со поголеми примања. И тешко,многу трешко се привикнуваме да работиме 8 ч.
 
Зависи во кој принцип.
Затоа што секој кој работел, не се пожалил дека не му дале плата, дека шефот му ја пцуел мајката дека му се заканувал КЕ ВИДИШ ТИ и слично.
-На граница не ги тресат како Нарко боссови и не им проверуваат колку пари носат со себе.
- Ке се запнеш со работа и ке можеш. да тргнеш доволно пари за стан, кола...
А кај нас ке се запнеш и ке можеш да собереш за половен мотор или кола.

А да ке заборавев ... кај нас можеш да издржиш без пари подолго време одколку во Гер.
 
почнувајќи од 1 јАнуари 2015 год никој нема да може да биде платен помалку од 8,5 евра за час.
 
одличен пример на визуелнa пропаганда во Германија од 1938 година.

Вака изгледало ливчето за гласање наменето за жителите на Германија за присоединетата кон неа Австрија - на референдумот за аншлус ( присоединување на туѓа територија)..
Во него се прашуваат граѓаните дали се согласуваат со спојувањето што се случи на 13 март. Според официјалната статистика на Германија за аншлус гласале 99,08% од населението, а во Австрија - 99,75%.
Сè е многу јасно, разбирливо и убедливо.:icon_lol:

128682_original.jpg
 
Во помош на потрошувачите
вака е во Германија https://www.test.de/, а во МКД го убедија народот дека нема потреба од проверки, тестирања и оценувања- се’ е во суперлатив
најквалитетно, најбезбедно, најздраво, највкусно.....:facepalm:
Во Германија тешко дека ќе најдеш било каков производ кој не бил испитан од институтот Stiftung Warentest ( доста интересни податоци за него може да прочитате на https://en.wikipedia.org/wiki/Stiftung_Warentest - кој беспрекорно функционира од 1964 г, начинот на финансирање, како и оценувањето на производите- каде заради објективност нема називи на производителите, туку само кодови за да нема пристрасност или поткупливост од одредени фирми туку да постои независност во оценувањата Се оценува од 1 до 5 -)
За да ги сфатите германците зошто толку многу им веруваат на информациите на институтов- потребно е да разберете како тече тестирањето на производите ( не секој продукт се испитува лабораториски) често се случува претставници од институтов да излегуваат на терен- пр. на плантажи со кафе,без разлика на огромните растојанија кои ги минуваат , климата.... каде од лице место прибираат што повеќе инфо за кафето кое го оценуваат.
Резултатите од испитувањата и оценувањата на институтов се објавуваат на нивниот сајт https://www.test.de/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom